ЕП 2022

  • Креатор на темата Креатор на темата Xsago
  • Време на започнување Време на започнување
Па и на крај колку плачеа и се нервираа за тој пенал, за да го промашат. Мизерија од репрезентација. :pos:
 
Полска 6 гола на полувреме, кој го држи рекордот за најмалку голови на полувреме на ЕП?
 
Полска е една од најтрагичните селекции што сум ги видел долго време. A имаат добри играчи.
 
Иако веќе сите играат ракомет и има долга листа на репрезентации кои ако им се погоди првенството имаат капацитет да стигнат далеку, КОВИД заедно некои случајности на вкрстувањето и редоследот на натпревари веќе го направија извесно и досадно првенството.

Иако е тукушто почната главната фаза, веќе се извесни полуфиналистите и чудо ќе треба да се случи за да има промени.

Од А групата, Данска и Франција се во голема предност, со оглед на состојбата во која се Исландскиот и Хрватскиот состав. Во Б Шпанија е сигурна + една од двете скандинавски Норвешка или Шведска.

На крајот, во ракометот ништо ново, се си е според очекувањата :)

П.С. Ова ни помага и првиот шешир во второто коло од квалификациите за СП да се издефинира:
HUN, SRB, CZH, NED, CRO, MNE, GER, RUS, ISL

Постојат шанси да биде нешто поразлично од ова но шансите се мали. DEN, SWE, POL, ESP, FRA, NOR директен пласман на СП
 
Последно уредено:
Битер се повампири, добро брани на 40 години. :D
 
Битер вампирот брани како наркоман и покрај тоа германциве ни да им припарат на Норвешка.

Норвежаниве ми се омилена репрезентација веќе неколку првенства уназад, практично откога ја склопи оваа екипа Берге. Штета што немаат злато.

Можда сега е време да им се реваншираат на Данска? :D
 
А и овај Касадо кај шпанците опасен играч, без бекој, ослабени, вакви - такви, тивно, смирено, ете ги во 1/2 финале...
Многу добар бек, работат шпанците нема заебанција, овие секое првенство можат да си уфрлат ваков тип на играчи како Касадо, крилата веќе ни се добро познати и обезбедени му се во репката за во иднина....
Отворив малку статистика кај Касадо како играл кај Ла Риоха, отворам кај европските натпреварување, против Магдебург на едната 16 гола, на вториот меч исто со нив 10. Заедно на двете утакмици на германците му стегнал 26 гола :shook::roker::ojeaa:
Не знам на кој друг вака му успеало во скоро време да торпедира една екипа :uzi:
 
Французите изгледа пак ќе ги фати ковид бранот, сега за најбитниот дел од првенството. После тренерот, сега позитивен е и Кентин Мае.
 
Црногорциве на што дрога се со празен гол? И колку гола треба да примат на празен гол за да престанат со таа игра.
 
Ептен бев сигурен во победа на Холандија, брз ракомет, па обложувалниците дури 5 квота за победа на лалињата :pos:
Не можат да пратат балканците ваков стил на игра, Црна Гора тепа 3 селекции од балканот зошто тука уште се игра ракомет со одење пешки, нас, словенците и хрватите. Ете денес одма друг стил на игра и го примија....
Не велам дека нема напредок кај Црна Гора, напротив многу добра селекција, најдобра генерација до сега, плус играчи во тимот од бундес лига, шо повеќе, нема збор за нас моментално тие се Холандија :D А ние се враќаме тоа шо беа тие пред десет години....
Ако можи спортски да се кажи тие се "најпријатно изненадување" на првенството до сега, иако за мене не е никакво изненадување, ептен крена тој спорт кај нив....
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom