Златан Ибрахимович – Чири бу, Чири ба... Ибра-кадабра!
Постојат повеќе играчи кои стојат зад успехот на тимот на Интер. Од одличните поединци како Маикон, Матераци и Ж. Цезар, до одличните тактички поставувања на Станкович и Занети од страна на Манчини... но сепак еден од овие 25 фудбалери се издвојува. Тоа е Златан Ибрахимович, сила на природата, фудбалер роден под среќна звезда, човек кој е предодреден за големи успеси... на клубско, но и на поединечно ниво.
‘’Ибра е шампион, тој е тип на играч кој може да реши натпревар во одреден момент со само еден потег. Но јас сум убеден дека сеуште ен сме го виделе вистинскиот Ибра... ако продолжи да се развива, како што тргнал... може да стане, еден од најдобрите на сите времиња.’’ – изјави Леле Ориали, тех. Директор на Интер. Па и не е далеку од вистината, целата фудбалска јавност како и сите тренери и играчи, постојано упатуваат пофалби кон него. Последната илузија/трик на Златан, ги остави сите без здив. На натпреварот во средата против ЦСКА, постига неверојатен гол, сличен на оној на Марко Ван Бастен, ако не и подобар. Значи да сумираме, голот на Ван Бастен беше одбран за еден од најубавите 50 на сите времиња!
Поранешниот играч на Малмо, пристигна во Интер минатото лето. Иако екипата од Торино беше свесна како дијамант поседува, сепак мораше да го пушти да замине во еден од нивните најголеми ривали. Ибра тоа го чекаше, шанса за играње на фудбал на високо ниво, во Италија и во ЛШ.
Договорт падна, Интер го доведе шведскиот магионичар.
‘’Навивам за Интер уште од дете, пресреќен сум што сум тука. Знам дека доаѓам во шампионски тим и мојата иднина ја гледам тука. Ќе направам се што е можно да му донесам успеси на клубот.’’- изјави Златан на првиот прес по неговото доаѓање во Милано.
Играта и тренерот.
За разлика од Јувентус, во Милано се негува поинаков фудбал. Тоа го забележа и Ибрахимович, му беше дадено повеќе време и простор, да се усовршува како играч и да ја усовршува својата техника. ‘’Во Јувентус тренерот не тераше да работиме повеќе на строго зацртани шеми, тука имам поголема слобода. Се чуствувам прекрасно на тренинг и во дресот на Интер’’ – соопшти среќниот Златан.
Впрочем играта на Интер е далеку побрза и потехничка, а тоа му одговара на Швеѓанецот. Супер се снајде во тимот на Интер. Минатата сезона имаше 15 гола, играше перфектно се додека не се повреди. Но оваа сезона, просто блеска.
Секој натпревар ќе изведе барем еден трик од кој остануваат стаписани сите на трибините и сите пред малите екрани. Можете само да замислите како му е на дефанзивците кои се задолжени да го маркираат него. Работите кои ги изведува на тренинг се неверојатни, ако успее сите тие потези да ги прикаже и на утакмица, кога кон него тргнуваат дефанзивци од типот на Неста и Малдини, тогаш дефинитивно нема спас за одбраните во Италија.
Не знам дали се сеќавате но кога играше во дресот на Јувентус, на загревањето пред еден меч успеа да жонглира со мастика! Да со мастика, лева, десна, на колено и пак во уста!!! Просто неверојатно... Истотака на повеќе наврати оваа сезона импресионираше со неговата игра, за споменување се потегот против Ливорно кога излета 3 дефанзивци со еден потег и потоа смирено и рутинирано биеше со левата нога, па постигна гол. Голот против ЦСКА, против ПСВ... многу, многу добри голови. Мајстори кои ретко кои играч на планетава може да ги направи.
Маани:
Да се вратиме во реалноста, сепак секој човек има и свои мани. Во случајов тоа е карактерот на Златан. Не е неговата себичност, тој веќе одамна не е себичен играч. Знае да солира но сега знае и да асистира. Друг е неговиот проблем.
Балкански менталитет
Сепак се познаваат неговите босански корени, карактерот засега не успева да упропасти се, но понекогаш знае да биде пресуден. Често пати знае да врати удар на противнички играч, да плукни по некој, да скини аркада, да се кара со судија... едноставно е премногу арогантен. Ако успее да го надмине овој проблем ќе му нема рамен во светот, не Златка топка... Златната топка не му бега, ако не годинава, следната ќе дојде, но ако се изгради и како личност и останува смирен во секоја ситуација, може да стане легенда.
Сепак покажува знаци на подобрување, доказ е натпреварот со Јувентус... Ете многумина тотално погрешно го видоа натпреварот. Се палат со муабетите од типот конечно некој го исчука Ибра, но не... напротив, ми се допадна тоа што Ибра остана смирен и не врати на провокациите на дефанзивците на Јувентус. Бидејќи со тоа само ќе изгубеше, ќе му направеше лошо на својот тим. Вака остана ладен и ги провоцираше уште повеќе 20 000 навивачи, кои постојано го исфиркуваа.
Ибра од пред две години, ќе влезеше да се тепа со Киелини, но новиот, созреан Ибрахимович знае и да отстапи, знае и да се повлече, за доброто на тимот. Дали тоа беше само една добра епизода или имаме нов лик во дејствието на серијата наречена Интер 1908-2008, ќе дознаеме наскоро.