Македонски филмови

  • Креатор на темата Креатор на темата Solid
  • Време на започнување Време на започнување
13:50 е моментот.

Цитирам:
"Медо беше еден од дизајнерите, еден од креаторите на шарената револуција, на начинот на кој се протестира, не само со свирчиња, знаменца - тој го измисли фарбањето итн."

Жално каква личност изгубивме, упм.

Баш ме интересира дали овој детаљ со молерисувањето ќе му го пишат во монографијата, која несомнено ќе никне по нарачка на ДФРМ и другарчињата.
 
 
Објавен трејлерот за Мими во режија на Даријан Пејовски. Трејлерот баш и не ме привлекува да го гледам филмов (n) веројатно во следниве месеци ќе има премиера. Годинава ми се чини ќе имаме минимум 4-5 премиери: Мими, Кајмак, Преекспонирано, Снежана на крајот умира, Лена и Владимир... Би требало М од Вардан да биде годинава а можеби и Најсреќниот човек на светот
 

Прв долгометражен што треба да се снима годинава е "Кома".
 
Што мислите кој е најдобар македонски филм последните 5 години, и исто така најлошиот макдеонски филм?
 
Што мислите кој е најдобар македонски филм последните 5 години, и исто така најлошиот макдеонски филм?
На прсти се бројат добрите филмови во последниве 5 години (2017-2021).
Поголеми оцени од 3.5/5 кај мене имаат само „Исцелител“ и „Господ постои, името и е Петрунија“.

За најлоши се борат „Кога денот немаше име“ и „Ругање со Христос“, ништо подобри не се ни „Најтешкото нешто (Аci Kiraz)“, „Незаборавна пролет во заборавено село“, „Враќање“, „Година на мајмунот“, „Сведок“ и „Еј“.

Останатите ми се просеци со оцена 2.5 или 3/5
 
Што мислите кој е најдобар македонски филм последните 5 години, и исто така најлошиот макдеонски филм?

Најдобар во последните пет - Исцелител
Најлош во овој период не ми текнува
 
Што мислите кој е најдобар македонски филм последните 5 години, и исто така најлошиот макдеонски филм?
Медена земја е дефинитивно најдобар, не верувам дека некој би го негирал тоа. Avec L'Amour е исто - одличен филм. Е сега немаш прецизирано дали мислиш само на играни филмови. Ако да, тогаш за мене Исцелител е најдобар, а Кога денот немаше име - убедливо најлош. Од филмовите кои ми оставиле позитивен впечаток, би ги споменал: Врба, Втора шанса, Година на мајмунот, The Happiness Effect и Сестри, а од оние за кои не е потребен ни коментар: Господ постои името и е Петрунија и Незаборавната пролет во заборавеното село. Имам уште доста неизгледани, за жал.
 
'You Won't Be Аlone' на Столевски ноќеска имаше премиера на Санденс.

Рецензиите од влијателни медиуми викаат:
- Гардијан - оцена 5/5
- Индивајр - оцена А- (кај нас преведено школска 5-)
- Холивуд Рипортер - нема оцена
- Вараети - нема оцена, ама почетокот што го читнав е позитивно
- Слешфилм - оцена 6/10

Многу споредби со начинот на раскажување што го имаат Теренс Малик и Роберт Егерс.
Баш сакам да видам што е снимено.

 
easy peasy lemon squeezy @Комита Ултрас :)

Туку почнав со правење комплетна листа на сите македонски филмови без разлика дали се кратки или долги, документарни, анимирани или играни. Пошто постојат огромен број на филмови што не се на Летербоксд (зборам за документарци, анимирани и тв филмови, како и кратки играни), кој има време бујрум нека помага со поставување.

Многу е поедноставно од креирањето на ИМДБ, чисто ако некој мисли да помогне.
 
Последно уредено:
Него, You Won't Be Alone онлајн ќе одел со 24 часа можност за гледање на Sundance, колку шо гледам... дај некој нека се регистрира нека го купи и нека ми даде акаунт да го симнам :D
99% има Widevine заштита која релативно лесно ја пробивам, најчесто
1642951749297.png

1642952073150.png
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom