А што дојде тука да оправаш криви дрини? Ти здосади крадење радија и шверцање удирани коли?
Ова е јавен форум, јас не сум должен на никој да објаснувам зошто сум тука. На темава дадов мислење различно од инфантилизмот кој преовладува овде и ја покажав мојата перспектива и како изгледа ова од малку подалеку, од географско, културно и пред се од духовно растојание. Радија, удирани коли и бајати „антибугаризми“ не ме интересираат.
Северна Македонија беше и сеуште е праведно понижена. Да, постои такво нешто како историја и историски факти. Да, секоја нација се обидува да си ја избели својата историја со мали манипулации со наративот, но многу малку правеле вакви перверзии со историјата како академска дисциплина и чесен обид да се истражи минатото какви што се правеле во С.М. Тоа веќе одамна преминало во грев. Кон Бог и човештвото. А за секој грев има последици.
Сите ние бевме индоктринирани со таквата „историја“ како мали но некои никогаш не ја надраснаа, „историја“ која беше напишана во време кога С.М. беше дел од СФРЈ и тогаш немаше дипломатски последици. Епа сега има. Истата е некомпатибилна со светската а особено со историјата на некои соседни држави. Тука е конфликтот и дилемата:
„Историјата“ и „идентитетот“ или дипломатијата и светот?
С.М. не може да си дозволи отровните пропаганди од минатото да ја водат денешната политика. Што видовме за тие 30 години „независност“ и трули идеологии со изминат рок?
Стагнација и пропаѓање. Крадење и корупција. Ненадминлива клетост. Масовно иселеништво.
Најмизерната држава во Европа. Најзагадениот воздух во Европа. Најевтината држава во Европа, односно држава со најнисок стандард на живот. Во топ 5 најбедни држави во Европа, БДП по жител на ниво на Албанија и околу пола од тоа на Бугарија. Во топ 5 најниски просечни плати во Европа. Во топ 5 најкорумпирани држави во Европа. Во топ 5 највисока смртност од Ковид. А ќе заборавев замалку, најлошото здравство и најлошото образование во Европа.
Доста со тоа суперлативите. Дрината ви е ептен крива и јас и да сакам не можам да ја оправам. Вие можете да плукате по бугарчињава овде до смрт ама тоа нема да го смени фактот дека државчулево ви смрди и сега е време да наведнете глава, да засукате ракави и да зачистите малку. Тогаш можеби ќе имате причина за некаква гордост. Сега заслужувате само понижување. Толку од мене на темава.