Не се правам интересен. Ме интересира како изгледа признавање на еден етнос или јазик од страна на некоја друга држава? Се повторува тоа како мантра, но освен примери на индивидуални изјави и стереотипите што просечниот Бугарин ги има за Македонија/Македонците не може да даде пример.
Една работа е оспорувањето на историскиот пат и наратив, а сосем друга непризнавање на постоењето на такво нешто. Постоењето на македонска држава, нација, етнос, црква, па и јазик не е спорно за самата држава Бугарија.