Ако е така како што јавуваат медиумите, и изборот е меѓу Тотенхем, Барселона и Интер, јас не би бил 100% сигурен дека нема шанси да оди во Интер само пошто се ривали.
Барса мислам дека нема шанси, не гледам зошто било кој докажан фудбалер со помалку од 30 години би отишол таму, а не сум ни убеден дека би отишол да плука крв под Конте во ПЛ, каде покрај другото е и прашање како и за колку време ќе се адаптира.
Од друга страна, во Интер ќе остане во истата лига, ќе игра во тим кој е компетитивен за титули, под атрактивен тренер кој дава слобода во игра, и ќе биде една од најголемите ѕвезди во тимот.
Јас искрено мислам дека на Интер пред сè му е потребен таргетмен моментално, кој ќе капитализира на 83638те прилики за гол кои ги создаваат, ама сè ми се чини дека ако има барем минимална шанса, Марота нема да одолее и ќе направи сè да го прибери Дибала.