Новак е окарактеризиран како анти ваксер за дадени се на се 2 изјави за вакцините кои му ги земаат во предвид сега, дадени 2020 кога вакцините беа сеуште во фаза на развивање и не беа готови, всушностт, беа готови 6 месеци после дадената последна изјава која му е земена во предвид и срамно преведена од западните медиумите.
За првата не се мачеа да преведуваат, беше реплика на изјава дадена од Надал, 2020, некаде Февруари или Март, кога тениската сезона беше официјално стопирана. Надал рече ако се враќаме во Септеври и услов е вакцина, значи Септември 2020 кога немаше шанса вакцината да е готова, тогаш истата треба сите да ја земат. На ова Новак кажа дека од тоа што он го знае, тоа е период кога нема шанси некоја вакцина да е готова зашто како што он разбрал, треба една година за да истите се развијат, што е и точно, и ако тогаш излезе нешто он лично не би сакал да го земе зашто нема да е доволно добро испитано. - Ова е антиваксерската изјава број 1 која му ја препишуваат ко да рекол дека земјата е рамна, ја едначат со таков антиваксерски став.
Втората е кога имаше видео конференција со своите тенисерите од Србија, каде нормално говореа на српски, и каде пак се осврнаа на тоа вакцината да е услов да се игра насекаде, на што Новак повторно го повтори истиот став, он конкретно, лично, е против такво нешто во тој даден момент, потенцираше, во моментов сум против таква работа, пак, изјава дадена кога од вакцини немаше никаков абер. - Ова е втората изјава која западот му ја зема во предвид како он е антиваксер, а притоа целата видео конференција си ја преведуваа онака како им одговара за што беа и разобличени од српски новинари откако истите земаа и транскрпипти им посочуваа што точно на српски било кажано vs како они си преведувале, нормално џабе, пошироката јавност го читаше она што некој од Англија го превел, а не она што точно на српски е кажано.
И толку, Новак е окарактеризиран како антиваксер ради ова, и фактот што уште не е вакциниран, иако никаде не пропагирал антиваксерска идеологија, нема никаква објава на социјалните мрежи каде посочува дека вакцините се штетни, и да биде иронијата поголема, Serbia Open во чија организација учествуваше он и неговиот брат, направиле пункт за вакцинација за тенисери и остали со цел да помогнат у битката против короната, прилично нелогично за некој што е хардкор антиваксер.
Новак е избркан поради ова, односно, поради претпоставка дека он како лидер на антиваксерите во светот, јер како таков е претставен во Австралија, ќе поттикне проблем за државата во битката против короната, значи не е избркан ради лажен ковид тест, или мамење при влез во земјата, избркан е врз база на претпоставка која се базира на оние 2 изјави од погоре и неколку статии од странски медиуми кои наводно го потврдувале тоа дека Новак е антиваксер и буди такви ставови кај останатите, дури и дека бил една од главните причини зашто во Србија многу биле невакцинирани, true story, до таму отидоа.
Статиите беа прочитани од неговите адвокати, што е многу битно, оние кои биле земени во предвид од властите во Австралија, и во истите никаде не беше спомнат Новак во таков контекст, нит дека поттикнувал антиваксери, нити пак дека поттикнувал антиваксерски протести во Австралија, туку дека тие што протестирале биле срби и биле таму поради неговата укината виза, што беше апсолутно точно. Ова вчера беше спомнато на судењето, и беше клучно контра Новак. Неговите адвокати рекоа дека играл во многу земји, многу турнири, и во ниту една од нив он не претставувал било каква опасност за истите, нити пак со неговото присуство поттикнал луѓе да не се вакцинираат и слично, нешто што сега се претпоставува дека ќе биде случај во Австралија, па боље е да се избрка и они да се спасат.
Со ваквата одлука и пресуда, базирана на овие работи поради кои е избркан, се потврдуваат неколку работи кои може иднината да ни ги донесе, прво, естаблишментот има право да ти наметне што и како да правиш и ти едноставно нема да имаш право да носиш сопствени одлуки (денес се вакцини, за 10 години богзнае што), второ, ако си власт, можеш било што да препишеш некому врз база на претпоставки и да го затвориш, избркаш, шиканираш и осрамотиш пред цел свет, ко што е случајот со Новак на кој му се препишува претпоставката дека е опасност за Австралија во моментов како држава. Ако ова е свет во кој сакате во иднина да живеете, ок, уживајте и сладете се на ваквата нивна одлука и немојте во иднина да квичите кога естаблишментот ќе ве ебе во здрав мозок, без разлика дали е тоа лично, или некој пример ко Новак, или на државно ниво, зашто Се ќе е според законот и моменталните правила кои важат во овој забеган свет, во спротивно имате право да се плашите каква иднина не очекува чим ваквите одлуки денес се легитимни и што е најтрагично се слават.
over and out од темава, и онака сагата заврши онака како што заврши.