За првиот дел и судот. Ако немал комплетна и легитимна документација (министерот сега потврди дека документацијата му била добра), судот немаше да му даде слободен влез во истиот момент. Да пресудата гласи дека цариниците наваравиле грешка, али без комплетна и легитимна документација, судот ќе ја вратеше само постапката од почеток, со овозможени права кои му беа предходно ускратени. Нема логика во тоа што го зборите. Тоа ти е исто ко суд да ослободи некој убиец, иако има сите докази, само затоа што обвинитеслтвото направило некој технички пропуст при постапката. Може да го вратат сурењето на почеток, не и да донесат ослободителна пресуда. Примеров е банален, али поентата е таа. Тоа ни у нашава воукојебина не се дешава.
Јас па мислам дека тестот му е валиден и бил позитивен ама и дека не се замарал и си бркал работа. Да, може да е толкав деген. Можно е и да е тестот фалц. Бил во контакт со заразени на утакмицата со Барса, па му се погодила прилика да може да добие медицинско изземање по основ на прележан Ковид. Затоа и покасно поднесува апликација. Поверна ми е првата опција. Која и да е од двете опции, секако многу кретенски потег, а богами и казнив.
Околку доказите за кршење на изолација и грешно пополнување апликација. Не знам колку би било релевантно на суд како доказ кршењето на изолација, со оглед што се работи за настан во друга земја, тотално неповрзан со Австралија. За тоа што лажно пополнил апликација дека не престојувал во друга земја (на тоа мислиш најверојатно), и јас мислев дека тоа им е чиста ситуација по која би имале основ за укинување на визата ама најверојатно тоа нив и не им претставува голем проблем. Го прочитав текстот и од пред некоја страна и основ за тоа што му е укината визата е тоа што се плашеле да не се развие анти вакцинациска атмосвера во Австралија, затоа што е влијателна личност.