Moviespotting 2022

Колку филмови сметате дека може да изгледате во 2022?


  • Вкупно гласачи
    47
  • Гласањето е завршено на .
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
gettyimages-1324516553-2-1639581878.jpg

Среќна 2022, драги филмомани и филмоманки, филмаџии и филмаџики! Ви посакувам многу од она што не може да се купи со пари а ќе измами неброени насмевки на вашите лица. На себеси, повторно: да ве нанесе патот уште повеќе во нашето омилено катче, подфорумот Филм и ТВ: да кликате повеќе таму, да пишувате повеќе таму, да гледате повеќе филмови, да учествувате во FILM CLUB, па така темава да се врати на бројките од пред 4-5 години.

По ДЕВЕТТИ ПАТ, ја отвораме една од вашите најомилени теми: филмскиот „предизвик“ наречен Moviespotting 2022! Тука ќе броиме сè она што сме гледале на филмското платно и на екраните низ 2022.

И нормално, Moviespotting се потпира на бројките, па еве ги бројките уште еднаш, низ една анализа што сме гледале тука, на форумов низ осумте поминати години: до сега, за 8 изминати години броеле повеќе од 160 луѓе и избројале точно 32 278 филма! Ако земеме во просек секој филм да траел по 90 минути, заедно сме потрошиле 5 години, 6 месеци и 12 дена пред филмското платно/ТВ екранот. Сме напишале точно 2 887 мислења! Продолжуваме понатаму, и во 2022. Прво да се потсетиме како требаше, иако сите знаат:

Целта на темава е едноставна: набројување на сите филмови кои ќе ги изгледаме во 2021, секако, со оценување на истите со оценки од 1 до 10. (ЗАБЕЛЕШКА: Филмовите не мора да бидат нови, од 2021, може да се дури и класици). Сфатете ја само како обичен бележник кој ќе ви помогне вам на крајот на 2022 да се вратите наназад, да сумирате и одново оцените што сѐ сте изгледале. Секако - ќе им помогнете и на другите членови на форумов со тоа што суптилно ќе им сугерирате филм кои тие можеби го пропуштиле, а вреди да се изгледа. Оставете ги рецензиите на страна: истите пишувајте ги во Последен гледан филм со кратка рецензија или Предлог за филм со кратка рецензија, а сите коментари за филмовите пишувајте ги во Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија. Значи - се што тука правите е: набројување и оценување. Рецензиите и другите коментари за филмовите можете само да ги линкувате тука.
Еве како изгледа листата на луѓето кои во 2021 изгледале барем 1 филм:

@123456 - 1090
@Vlatko_Gjorce - 900
@bijons - 350
@Gazpapir - 220
@faraon - 219
@Комита Ултрас - 206
@Imperatorot - 159
@Zlatikevichius - 148
@grande-juve - 132
@Tyler Durden - 132
@Джонтра Вохохолта - 131
@SK-92 - 125
@Huddle - 121
@devilko - 114
@Ashburton Grove - 106
@Adidya..Fanox on Faja :D - 102
@Chronysync - 76
@Anon - 69
@reddevil4ever - 66
@клошарињо - 62
@Mark Renton - 60
@Joe Dalton - 60
@Freddy Krueger - 54
@Darling - 54
@Kangchenjunga - 52
@Lester Freamon - 46
@wot - 37
@<<Goku>> - 30
@FilipMKD007 - 21
@volare_g - 14
@K!KI - 13
@батеМаче - 13
@Ska Maniac - 8
@RickyLFC9 - 2
@Ron Burgundy - 2

Или вкупно во 2021 - 4994 spotted филмови што е за дури 450 филма повеќе од 2020, 2473 филма повеќе од 2019 (!!!), или за цели 1991 филма повеќе од 2018, а за 406 повеќе од 2017, или за 96 филмa помалку од рекордот во 2016. Ова зголемување се должи на @123456 и на @Vlatko_Gjorce , најмногу, па и на @bijons , која ни се приклучи минатата 2021. Се надевам во 2022 ќе го престигнеме дури и рекордот од 2016 - 5090 филма. Броеле дури 35 члена, што е за 7 помалце од лани, или 8 повеќе од 2020, 9 повеќе од 2018, 2 помалце од 2017, а 15 помалку од рекордните 50 во 2016. Во 2021 испишавме точно 25 страници (исто колку во 2020, а 14 повеќе од 2019) со 367 мислења (повторно - исто колку во 2020) но што е далеку послабо од 559-те во 2016, но многу подобро од минатите 3 години. Се надевам во 2022 ќе се вратат уште луѓе, како на форумов, така и во подфорумов и темава, и ќе изброиме дупло повеќе!

Moviespotting 2021 ќе остане отворена до 05.01.2022, до тогаш може да update-увате доколку сте испуштиле нешто, а на 06.01 јас ќе пробам да ја дополнам листата тука.

До првите предизвици, и првите постирања тука:

0060aaa3eefab20b77b2bb067638b649.jpg
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.496
Поени од реакции
3.498
Традиционално како и секоја година, првите мои 3 филмови се знае кој се:
1. Lord of the rings: The Fellowship of the Ring (2001) (R) 10
2. Lord of the rings: The Two Rowers (2002) (R) 10
3. Lord of the rings: The Return of the King (2003) (R) 10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.882
Поени од реакции
23.474
Од прилика 120-150 филмови гледам годишно па очекувам и оваа година да биде така :

1) Ljenstina (2018) - 2/5
2) Don't Look Up (2021) - 3.5/5
3) Saving Private Ryan (1998) - 4.5/5
4) Nobody (2021) - 3.5/5
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.569
1. Jack Reacher - 2012- Action/Thriller- 2h 10m - 9/10
2. Home Alone 3 - 1997 ‧ Comedy/Family ‧ 1h 42m 10/10
3. Ex Machina - 2014 ‧ Sci-fi/Thriller ‧ 1h 48m - 8/10
4. Goodbye Soviet Union -Эстонија- 2020 ‧ Drama/Comedy ‧ 1h 26m -8/10
5. Crank, High Voltage - 2009 ‧ Action/Crime ‧ 1h 36m - 9/10
6. Time Toys - 2016 ‧ Family/Sci-fi ‧ 1h 27m - 7/10
7. Step Up 3D - 2010 ‧ Dance/Romance ‧ 1h 47m - 8/10
8. Home Alone 2, Lost in New York- 1992 ‧ Family/Comedy ‧ 2 hours -10/10
9. Men in Black 3 - 2012 ‧ Sci-fi/Action ‧ 1h 46m - 8/10
10. The One - 2001 ‧ Action/Sci-fi ‧ 1h 27m - 8/10
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Moтивиран од 2021 одбрав 150. Иако почнав ко Милан сезонава гарант ќе имам стрмоглав пад во текот на истата и пак ги ставам под знак прашалник и овие 150.
На одмор сум скоро до крајот на месецов, серија сеуште не сум нашол, иам преслободно време па затоа пукам по 2-3 филма на ден.

1. The Hand of God (2021) - 1
Читав доста позитивни критики за овој, викам ајде да почне убаво годинава, италијанска драма, у време на Марадона у Наполи. На крај рак фатив од досада, го искоментирав у темата за Оскарите. Тотално досаден, непотребен и исфорсиран филм. Големиот режисер Сорентино па сам за себе си напраил филм. Ало, кој те праша нешто?

2. A Fish Called Wanda (1998) - 2.5
Според М, некој човек умрел од смеење гледајќи го филмов. Мех, интересен, не баш смешен, онака филм, просек. Тој па земал Оскар за најдобра споредна. Глеав што конкуренција има и не ми се познати другите улоги ниту пак филмовите. Не ми е јасно како се категоризира улогата на Том Круз у Rain Man. Главна или споредна?

3. Freddy Got Fingered (2001) - 1
Овој го добив од Сикрет Санта, ррррррррррретко глуп филм уууууу

4. The Intouchables (2011) - 5 (R)
Реприза по втор или трет пат. Пишав и у главната тема, не постои полабав, попозитивен и посмешнотажен филм од овој.

5. The Assassination of Jesse James by the Coward Robert Ford (2007) - 3.5
Овој не е лош ама многу е спор и досаден и би рекол неинтересен од аспект на тоа што не се занимава со комплетната приказна на Џеси Џејмс туку неговиот крај, неколку месеци пред да му пукнат у глава. Он цел филм го раскажал у насловот уствари.

6. The Legend of 1900 (1998) - 4
Прекрасен филм на Џузепе Торнаторе со музиката на Енио Мориконе. Денес баш го искоментирав у главната тема. Убава приказна, убаво све, по теркот на Синема Парадизо, пријатен и на моменти тажен филм, али јеботе Тим Рот, ја го поштувам ликов стварно ама не ми го ставај у ваков магичен филм со италијански шмек, тука треба некоја класа да ставиш, некој шармантен тип што ќе покаже емоции и којшто ќе не натера да сочувствуваме со него.
Иначе филм за едно бебе што ќе остане баталено на брод што патува Европа-Америка и цел живот ќе го помине живеејќи на бродот, притоа е преталентиран и според сите, најдобриот пијанист на светот.

7. Badlands (1973) - 3
Од овој Теренс Малик умрев од досада на Тин Ред Лајн. Ама викам ај овој ќе го глеам, саат ипол трае, плус интересен ми се виде, нешто со убиец.
Ама досаден у голема мера. Мартин Шин јеботе килер и Сиси Спејсек, оваа има некои симпатични црти, на некоја швеѓанка личи, пегава со плави очи.
Мех, просек филм.

8. Days of Heaven (1978) - 3.5
И овој е малце досаден иако истотака трае саат ипол. Драма со млад Риџард Гир кој глуми лик што е малце темпераментен и често менува работи, како негова придружба е девојка му за која кажува дека му е сестра и едно друго девојче кое што е наратор у филмов. Гир ќе ја натера девојка му да се омажи за богатиот сопственик на фармата каде работат, пошто наслушна дека овој е болен и ќе умре кај и да е, па овие на тој начин да се докопаат до неговото богатство.
Онака филм, не е лош, убав тон му дава музиката на Енио Мориконе.
 
Член од
15 јули 2009
Мислења
3.496
Поени од реакции
3.498
Традиционално како и секоја година, првите мои 3 филмови се знае кој се:
1. Lord of the rings: The Fellowship of the Ring (2001) (R) 10
2. Lord of the rings: The Two Rowers (2002) (R) 10
3. Lord of the rings: The Return of the King (2003) (R) 10
4. Home Alone (1990) 8
5. Home Alone 2:Lost in New York (1992) 7
6. Elf (2003) 7.5
7. Dirty Harry (1971) 7.5
8. A Christmas Story (1983) 8
9. Love, Simon (2018) 8.5
10. Don’t Look Up (2021) 7.5

Одличен старт. Ако продолжам вака за некој ден ќе е и 20ката.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.147
Поени од реакции
16.082
Лани ме мрзеше да бројам, иако последните 4-5 години редовна си бев во темава. Годинава ќе почнам пак, ќе биде добро да стигнам до 100че.


1. Jen Kirkman: I'm gonna die alone (2015) - 7/10
2. The French dispatch (2021) - 6/10 Премногу инфо за тој саат ипол, тежок беше за пратење и мене ми се кулираше, а не да го извадам речникот. Овојпат стварно можам да го наречам претенциозен режисеров, ја претерал со тоа прикаските.
3. Silent night (2021) - 4/10 Глупост со воук примеси.
4. Jennifer's body (2009) - 7/10 Не е толку лош, мене ми беше забавен и покрај хорор елементите.
5. The front page (1974) - 9/10 Одлична комедија. Ова ми е 9-10ти филм со Лемон, чии филмови почнав да ги гледам лани и ми стана можеби омилениот актер. Ја обожавам цела негова појава. :love:
После The apartment кој ми е сеуште број еден, оваа комедија влезе на второ место од неговите филмови и мислам дека е стварно потценета. Препорака ако ви се гледа интелигентна комедија со добри ликови и смешни one liners.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.612
Поени од реакции
37.569
11. The Balkan Line - 2019 ‧ Action/War ‧ 2h 10m - 10/10
12. Christmas Magic - 2011 ‧ Drama/Fantasy ‧ 2 hours - 8/10
13. How the Grinch Stole Christmas - 2000 ‧ Family/Fantasy ‧ 1h 45m -9/10
14. Toma- 2021- Biography/ Drama -2h 20m - 9/10
15. Happy Feet - 2006 ‧ Family/Adventure ‧ 1h 48m - 9/10
16. Snowed-Inn Christmas - 2017- Drama/Romance - 1h 26m - 8/10
17. Evan Almighty - 2007 ‧ Comedy/Family ‧ 1h 36m - 8/10
18. Two Weeks Notice - 2002 ‧ Romance/Comedy ‧ 1h 41m - 9/10
19. Clifford the Big Red Dog - 2021 ‧ Comedy/Family ‧ 1h 37m - 7/10
20. Payback is a Mother - 2018 - Action/Thriller - 1h 28m - 9/10
1. Jack Reacher - 2012- Action/Thriller- 2h 10m - 9/10
2. Home Alone 3 - 1997 ‧ Comedy/Family ‧ 1h 42m 10/10
3. Ex Machina - 2014 ‧ Sci-fi/Thriller ‧ 1h 48m - 8/10
4. Goodbye Soviet Union -Эстонија- 2020 ‧ Drama/Comedy ‧ 1h 26m -8/10
5. Crank, High Voltage - 2009 ‧ Action/Crime ‧ 1h 36m - 9/10
6. Time Toys - 2016 ‧ Family/Sci-fi ‧ 1h 27m - 7/10
7. Step Up 3D - 2010 ‧ Dance/Romance ‧ 1h 47m - 8/10
8. Home Alone 2, Lost in New York- 1992 ‧ Family/Comedy ‧ 2 hours -10/10
9. Men in Black 3 - 2012 ‧ Sci-fi/Action ‧ 1h 46m - 8/10
10. The One - 2001 ‧ Action/Sci-fi ‧ 1h 27m - 8/10

 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.057
Поени од реакции
6.715
Ајде да почнам и јас со време. Месецов се запознав со документарци на арена спорт, па повеќето се и документарци од првиве 15 филма во 2022. Одбрав 300, би рекол на добар пат сум се додека не почнам пак некое аниме да гледам од над 1000 епизоди... среќа веќе малце се такви, дали и постојат неизгледани.

1. This Magic Moment - 6
2. S is for Stanley - 5
3. Antoine Griezmann: The Making of a Legend - 5
4. Questioning Darwin - 2
5. Hail, Ceasar! - 5
6. The Day Sports Stood Still - 5
7. Smrt coveka na balkanu - 8
8. Withnail & I - 8
9. Angry Sky - 6
10. Bad Boys - 8
11. June 17th, 1994 - 8
12. The Platform - 8
13. Straight Outta L.A. - 6
14. Benji - 7
15. Don't Look Up - 5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom