Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Дали има случај во земјава на лице без комордибитети под 40 години невакциниран да умре од Ковид?
Да, 38 годишен не беше вакциниран(но имаше валиден сертифакт за неколку стотина евра од источниот сосед).
Исто така пред да дојдат вакцините како пост ковид почина еден исто така 37-38 години.
Сега немаа комордибитети или може не им биле откриени. И двајцата имаа минимум еден месец и повеќе мачење откако им почнаа симптомите.
 
Член од
19 јуни 2018
Мислења
82
Поени од реакции
77
Почеток на крајот бабуши. Тоа е тоа. Предвидувам на пролет да е расчистено срањево, бар кај нас.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.391
Поени од реакции
18.299
До пред една недела имаше 66.857 позитивни, до оваа недела 69.242. Разлика 2.385.
До пред една недела имаше 21.806 позитивни вакцинирани, до оваа недела 22.996. Разлика 1.190.
По недели:
40: 37%
41: 41.3%,
42: 43.4%,
43: 41.9%
44: 45.3%
45: 45.1%
46-47: 41.8%

48-50: 44.83%
51: 48.15%
Во 52 недела 49.9% од сите позитивни биле вакцинирани.


До пред една недела имаше 2.362 починати, до оваа недела 2.447. Разлика 85.
До пред една недела имаше 512 починати целосно вакцинирани, до оваа недела 534. Разлика 22.
По недели:
40: 27.8%
41: 24.7%
42: 21.8%,
43: 25.5%
44: 31.25%
45: 42%

46-47: 30,8%
48-50: 23,42%
51: 33,33%
Во 52 недела 25,88% од сите починати биле вакцинирани.



Бројот на позитивни е за 43,2% поголем од претходната недела. Омикрон шиба турбо, затоа што има зголемување на реинфекциите за 3 пати т.е. 133 реинфекции.

Бројот на починати е зголемен за 35.7% во однос на минатата недела.

Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 249 лица (20,2% помалку во споредба со претходна недела), а од нив 151 се на кислородна поддршка (17,9% помалку во споредба со претходна недела) и 9 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (50,0% повеќе во споредба со претходна недела).

 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.499
Поени од реакции
22.139
Ova e mnogu neocekuvan razvoj mislev zavrsi coronava tamam pred nova godina.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.391
Поени од реакции
18.299
сега антиваксачите ќе дојдат да кажат дека се тоа е нормално и се иде според планот.
Па нормално дека ќе бидат тие бројки. Ви кажав веќе.

До 15 јануари 80% ќе биди Омикрон, со дупло поголема заразност, а тоа значи Ro = 6, затоа што Делта во летото имаше Ro = 3

Ќе рушиме рекорди во број на позитивни, ако се прават доволно тестови.

Ако оди како во Јужна Африка и Британија, а треба да биди така, ќе имаме многу малце бројки во болница.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Со 7-8к тестови на ден тешко тоа ама верувам дека приватните ќе дадат напор да направат што е можно повеќе. Биотек, Авицена и Жан Митрев веќе сигурно отвараат градежни фирми затоа што незнам друго кај би ги инвестирале парите што ги намлатија и што ќе ги намлатат од овој голем бран.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom