Џ
Мислам дека постои апликација (не баш наменета за филмови али може да заврши работа) каде gift wishes(во случајот филмовите) се праќаат до secret santa(во случајот дете мраз) по mail, за да не ти ги праќаат сите предлозите на тебе по порака.Почитувани филмаџии, филмаџики и сите што се чувствуваат така, добредојдовте на првиот Secret Santa на Филм и ТВ. Оваа година одлучивме филмското катче да го зачиниме со малку божиќна магија и да им дадеме филмски твист на престојните празници.
Правилата:
На секој член (Дедо Мраз) што учествува ќе му се додели друг член (Дете Мраз) на кој што ќе треба да му даде некаков персонализиран предлог за филм.
Откако ќе го изгледа филмот, Дете Мраз ќе напише збор-два во темава дали му се допаднал и кои му се впечатоците од предлогот.
Тајмтејбл:
31.12.
Сите заинтересирани членови се пријавуваат во темава до 31ви декември.
01.01.
На 1ви јануари со помош на генератор се избираат дедомразовците и истиот ден се известуваат кој ќе биде нивниот детемраз.
14.01.
Дедомразовците имаат рок до 14ти јануари нивниот предлог-филм да го испратат во мојот инбокс, кој потоа експресно ќе биде препратен кај соодветниот детемраз, доколку сакате може да оставите и некој коментар/порака до вашето детемраз зошто баш тој филм сте го избрале.
*тој што ќе треба мене да ми предложи филм, за да не дознаам кој е (уствари можам да дознаам по пат на елиминација, али ај), нека го прати во пп кај @Corvus , а после она ќе ми го каже само насловот
31.01.
На 31ви јануари сите треба да го имаат изгледано филмот и да имаат напишано впечатоци за предлогот во темава. Откривањето на дедомразот е по лично убедување, и никој предложувач нема да биде откриен доколку самиот не одлучи да го направи тоа.
Големо ФАЛА на @Corvus за помошта
Пријавувањето започнува ВЕДНАШ!
Да ама прво треба да се знае кој на кого, значи лотаријата, за да знае што филм да избере, а после филмовите(поклоните) да се дадат.. со ова мислам нема така да искочи, али не ме фаќај за збор.. плус ко шо видов сепак бара мејлМислам дека постои апликација (не баш наменета за филмови али може да заврши работа) каде gift wishes(во случајот филмовите) се праќаат до secret santa(во случајот дете мраз) по mail, за да не ти ги праќаат сите предлозите на тебе по порака.
Ради тебе иначе ми текна ова.. вчера те побарав на летербокс и некој друг ми излезе што имаше листа направено: сикрет санта... И после на Миле му текнаИ ја ке играм
Па да, ама тогаш нема да биде secret Плус го добиваш на mail името на дете мраз и му го пишуваш филмот.Да ама прво треба да се знае кој на кого, значи лотаријата, за да знае што филм да избере, а после филмовите(поклоните) да се дадат.. со ова мислам нема така да искочи, али не ме фаќај за збор.. плус ко шо видов сепак бара мејл
Сите опции ги разгледавме, и скоро за сите се бараше мејл. Нешто коешто не сакавме да го наметнуваме на членовите како услов за учество.Па да, ама тогаш нема да биде secret Плус го добиваш на mail името на дете мраз и му го пишуваш филмот.
Нема врска. Ова е исто ко Сикрет Санта у реален живот. Ти се паѓа рандомец, му купуваш чаша иако тој дома има милион чаши. Сигурно нема да му купиш Ферари, пошто нели нема.@grande-juve , требаше услов може Letterboxd да имаат пријавените. Ќе ни се падне некој што прв пат го гледаме, од кај ќе знаеме дали го гледал филмот или не.