Тоа е сето во ред, дека не треба да се очекуваат чуда од телефонов не е 1000 и кусур евра али сепак е средна класа телефон и би требало да си се задоволителни камерите, батерија итд, мене ме плаши тоа што се зборува за телефонов и општо за шаоми телефоните посебно за софтверот као има доста багови, сецкања, па тоа со рекламите шлаг на цела торта, генерално само заради тоа си поставувам прашања овде, апсолутно за ништо друго.. не сакам да ги фрлам 300евра и да ми сецка телефонот..
Пример сега имам Samsung J6 2018 и си е сосема океј телефончето софтверот му е супер не е супер брз, нема супер камери, ама има добра батерија на пример после 2 ипол години користење маста му ја извадив јас не очекував дека оваа класа на телефон можи да ти го овозможи баш ова да држи батерија 5-6 on screen некогаш 2 дена опуштено го користам а сум захтевен корисник можам да речам, сум немал никакви багови до сеа.. Сакам да го земам редмиво од причина што ме бендиса дизајнот онака доста, не ме привлече тоа 108MP камера итд него ете си има баш добар изглед телефонот, би го зел Samsung A52 али едноставно телефонот ми има многу лош дизајн ( ова е лично мое мислење, ако вас ви се бендисува телефонов, супер) и воедно сакам да сменам нешто, не е интересно од One UI пак на исто, како шо се дешава на iOS свака му част на iPhone кориснициве.. xd