Z
zmej gorjanin
Гостин
Да тргнеме историја на страна. Во време на шиптаpизација на Македонија се појавува ликов и збори за правата на Бугарите во Македонија и како се тие угнетени. Ако се земе дека овој, Ѓорѓи Трендафилов и уште пар ликови кои со плукање на државава сакаат да извлечат некоја паричка од Бугарија, кога на државава и е најтешко што мислиш ти какви намери има Бугарија спрема Македонија? Искрени, братски намери? Значи не зборуваме за историја и што рекол Гоце или сестра му на Гоце кај отишла кога Србите дошла тука. Туку збориме за сегашнава/денешнава ситуација.Па тоа е проблемот. Нема никој кој што во моментов е на функција или бил во претходните власти што за време на службата бил Бугарин. Еден нема кажано јас сум Бугарин.Сите што ги сметате за Бугари цело време повторуваат како се Македонци.
Можеби е лесно на некои бивши функционери откако се оставарени финансиски и кариерно да се кажат дека се Бугари кога не зависи веќе од никого, но тоа не важи за 99% од народот.Ама и тие се ретки, дури Љубчо сеуште тврди и се деклраира етнички и национално како Македонец,а не Бугарин.
Македонија рака на срце е толерантна држава, но дека Бугарин може да е слободен да си биде свој како Србин, Албанец, Влав, Хрват, Бошњак, Турчин е апсолутна невистина. Сега дека Бугари тука на улица ги тепаат, дека се убиваат, затвараат и такви глупости нема такво нешто, но има стигматизација и индивидуални случаи на дискриминација и незгодни ситуации во секојдневието. Другите го гледаат тоа и си ќутат....Македонци се, Бугари само за пред некој близок. Можам стотици такви случаи да набројувам.
На крајот од краиштата ете овие сите глупости овде напишани, пропаганда, па платеници и сл. се исто така дел од проблемот. Во Македонија ниту еден нема платен да иде по телевизии да кука за дискриминација, да пишува по форуми. Ниту пак има еден Бугарин за пари. Никој не примил пари од Софија да провоцира тука, а сепак на секого се става мета како е платеник, пропагандист и слични пиздарии. Е сега како да нема диксриминација и стигматизација кога 90% од народот верува дека ако си Бугарин и јавно го кажеш тоа некој те завел за пари, дека ја мразиш државата, сакаш да ја нема или дека ги тераш Македонците да не бидат Македонци?