Kajgana Shop (shop.kajgana.com)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
@MARCELLO , купи ли нешто? Милион идеи даде, голем дел од нив ги ставија во понудата:

Фалат работи како книги, весници, списанија, винил плочи, музички цда пред се од македонски бендови, пејачи и пејачки, постери, музички инструменти. Исто така не би било лошо да има да се купи храна и пијалоци.
Друго како што пишав во горниот пост вчера убаво е да се понуди и книги, весници, списанија, стрипови, постери, винил плочи, музички цда, софтвер, игри за PC, PS, XBOX.. За колекционери акциони фигури, дусери, мајци со убав добар дизајн, друштвени игри, чаши за кафе/чај..

Кога ги спомнав дуксерите, мајците, на форумов сигурен сум има добри дизајнери кој можат да направат добар дизајн во Фотошоп. Исто така за постери тука на форумов има луѓе кој се занимаваат со фотографија.
Туку од храна и пијалоци би било добро да има ахохол, Кока кола, Пепси, Швепс, кафе капсули од Нескафе, Неспресо, Старбакс, кафе мелено, кафе во зрно, чоколада Милка, Дорина, Нестле,Тоблероне, Фереро Роше, чоколадни намази како од Нутела, од Милка, Сникерс, Боунти, Марс..
Добро ајде во право си до некаде за чоколади ама чоколадни намази и преливи нема во сите маркети такви некој ексклузивни.
Oк ако не е изводливо храна и пијалоци тогаш нека се држат до поквалитетни IT уреди, техника за дома... Пишав вчера и пак ќе пишам да не биде тоа чкљ квалитет како што имаат куп онлајн продавници или на тезги што се продава пример евтин квалитет копија JBL блутут звучници.
Исто би било убаво да се понуди Philips телевизори а и Philips Hue лед осветлувањата.
Да се понудат Google Chromecast, Аmazon Fire stick, Nvidia shield tv и Apple tv.
Би било добро да се направи да може сам да си креираш дизајн на маските и банданите.

Прикачуваш слика и да ти даде како би изгледало.
Стварно сега сум сериозен во предлогов да се почне продавање лиценци за софтвер/PC програми.
Eако нека има од се по нешто, како викаат од игла до локомотива :icon_lol:
Направете соработка со Бункер стрип книжарата они немаат сајт за онлај продажба.

И се надевам ќе има апликација за телефони и таблети па кога има некој нови работи да стигаат нотификации.
Кога сме кај велосипедите понудете и баланс велосипеди за деца. Тие се доста добри за деца.
Нема ли екстерни хард дискови?
Ќе има ли воопшто облека? Имаме таленти во државава, луѓе што знаат, учеле графички дизајн Фотошоп, знаат да цртаат па можат да прават маички, дуксерки, тренерки, капи.

Исто така имаме и луѓе што изработуваат рачни накити, цртаат на на чинии, чаши..
Сега кога кесиве се 15 денари треба платнени торби да има во понуда.

Пола од ова веќе го има. Дај сега да видиме колку промет си направил. :P
 
@MARCELLO уствари само сака да знае „ДО КОЛКУ САААТ РАБОТИТЕ“, ама па и тука сме го зезнале - работиме 24/7.
И уште не купи ништо :D
 
Јас само да дадам предлози да има повеќе понуда за луѓето што сакаат да купат :D

Летово решен да купам Xiaomi Amplifier Pro од Kajgana ама поскап беше за разлика од други места. И секако дека поевтино си го купив да се заштеди нешто.
 
Јас само да дадам предлози да има повеќе понуда за луѓето што сакаат да купат :D

Летово решен да купам Xiaomi Amplifier Pro од Kajgana ама поскап беше за разлика од други места. И секако дека поевтино си го купив да се заштеди нешто.
Аууу која антиреклама чедо :eek: и одма биџонс ти улета со клизечи и тоа со две нозе. :pos:
 
Јас само да дадам предлози да има повеќе понуда за луѓето што сакаат да купат :D

Летово решен да купам Xiaomi Amplifier Pro од Kajgana ама поскап беше за разлика од други места. И секако дека поевтино си го купив да се заштеди нешто.
Најголемиот дел од производите се поевтини од останатите продавници, односно, никогаш немаме повисока цена од продажната цена на нашите добавувачи. Ако земеме предвид дека за повеќе од 2/3 од производите испораката е бесплатна, за голем дел од нив сме и поевтини од самите добавувачи. Да, засилувачот за сигнал беше поевтин од таму каде што си го купил, затоа што станува збор за различни добавувачи, кои имаат различен увоз и со тоа добиваат различни цени (големопродажни и малопродажни). Во суштина, малопродажната цена на тој производ беше дури и пониска од набавната цена која ја има нашиот добавувач. Зошто била таква цената? Можда чистеле залиха, можеби се обврзани да ги продадат до одреден датум... Стварно не знам. Така да, си направил добра одлука ако си го купил од таму. Ти објаснувам детално, затоа што сакам да разбереш дека секогаш сме на страна на купувачите, меѓутоа во случајов - навистина немаше никаква логика да биде пониска цената :)

Ти благодариме за предлозите, продолжи да ги испраќаш во темава :)
 
...според маката на членот @Ellen88 да си ја добие правдината, еве една идеја со што ќе бидете единствени, давање совети (помош) чија услуга ќе се наплати, а ваше е да најдете правник, економист, архитект, професор (зависи од побараната помош) да направите план што како да се истапи и реши проблемот, не да бидете посредници и да насочите каде да се обрати членот, туку вие да се обратите во овој случај во нејзино име и да го решите проблемот, дополнително имате портал каде можете ваквите случаеви да ги опишете!
... еве на пример, вие колку сте таму во дирекција се ангажирате со телефони, со посети на вашите пријатели и го решите проблемот на членката што е бремена и немоќна, а сигурна сум дека би платила разумна сума на пари да некој и' го реши проблемот! :)
 
Платнена торба со извезени име на некој ник...пр.Бијонс, Шутрак, Кадаиф... Име по нарачка :pos:...баш ќе биде добро.
Џабе, ни капсули за Долче густо во платнена торба со неговото име извезено нема да порача :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom