Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.223
- Поени од реакции
- 34.514
Здраво,Една добронамерна препорака.
Сменете го доставувачот што ви е низ Охрид.
Комода нарачана на 24.04, известен дека ќе ја испорачате на 04.5 и дека ќе стигне на 06.05, сеуште ја чекам да ја донесат.
Имав во нарачката оставено два броја, ако не сум достапен на едниот да бараат на другиот.
Знам дека си стоите на зборот и таа е на време испорачана пошо на 07.05 (Сабота) ми звонаа од каргото да одам сам да ја земам (ја збирало во кола) ако сакам, тие за викенд работеле со скратено работно време.
Му кажав да ме бараат од понеделник затоа што не сум во можност сам да ја земам.
Им нагласив ако идаат пред 14:00 да бараат на другиот број, тие ми рекоа дека ќе дојделе пред ручек и ми рекоа да има некој дома, дома имаше број имаа, тие никаде.
Кога се вратив од работа после 14:00 ги барав ми рекоа дека сум им рекол да дојдат после ручек, еве ако незнам што зборувам така нека е, ако можеле ќе дојделе после ручек, нормално не дојдоа.
Вторникот ви пишав вас, и валда после реакција и коректен однос од вас ме побараа вчера, 15 до 14ч, им кажав дека дома има човек и да звонат на бројот што е оставен, ми рече дека немал друг број, и дека веќе заминал од реонот, исто ми кажа дека ќе ме побара истиот ден да се договориме како ќе правиме, не ме побара.
Еве денеска 12.05 сеуште ги нема да звонат и да ја донесат, ако чекаат да дојде Сабота и пак да ме бараат сам да ја земам, не ја земам.
А уште колку ќе чекам незнам, и дали ќе можам следната недела исто вака незнам, веќе една недела седам растурен додека дојдат.
И да нагласам дека имам добро искуство со вас и тие што ви ги средуваат нарачките преку Фејсбук, пак би нарачал, не е до вас проблемот и тоа е јасно.
Здраво, за кој тротинет конкретно прашуваш? Имаме од повеќе производители, меѓу кои Xiaomi, CityBlitz и Navee. За сите има гаранција и сервис. Имаме неколку модели што се до 120кг, а еден кој е до 125 кг.@Acid
Питања за тротинетите ...
Моќност на мотор,дали е 350?!
Второ,сервис во Македонија дали има обезбеден за нив?
Трето,шо производство на потекло се,земја?!
Четврто,дали може преку 120кг да издржат,да влечат?!
Фала
Прости,за city сакав ...Здраво, за кој тротинет конкретно прашуваш? Имаме од повеќе производители, меѓу кои Xiaomi, CityBlitz и Navee. За сите има гаранција и сервис. Имаме неколку модели што се до 120кг, а еден кој е до 125 кг.
CITY BLITZ BEAST е вистински ѕвер во понудата, со мотор со максимална моќност од 700 вати, автономија од 40 километри, носивост до 125 килограми, двојна амортизерска вилушка напред и голем капацитет на батеријата од 12.800 mAh. Со него ќе бидете сигурни дека секое растојание во големиот град ќе го поминете без потреба да ја дополнувате батеријата додека сте во движење.
Сите модели може да ги разгледаш тука:
Ќе се пожалиш кај директорот и ќе стигне.Здраво,
Во моментов ја користиме услугата на Пост Експрес, која за сега се има покажано како една од најдобрите служби заедно со Ин Пошта (имаме сменето повеќе од 6-7 пошти). И навистина се коректи и брзи, но во Охрид / Струга само оваа недела имаме 3-4 забелешки од страна на купувачи поврзани со доцнење на испораката или ситуација во која доставувачот ги повикуваме примателите сами да ја подигнат пратката од база (иако, нели, доставата е платена за до адреса). По секоја забелешка, веднаш реагираме до поштата, а кога проблемите се повторуваат во одреден регион - очигледно дека е редно време тие да најдат нов партнер кој ќе ги пренесува пратките локалнo
Уште еднаш, прими извинување за доцнењето, кое навистина не е директно поврзано со нас (ние ја имаме испратено пратката уште на 05.05. Повторно им се јавивме и добивме уверување дека ќе те побараат телефонски и ќе биде доставена. Да може нешто да промениме за да ја подобриме доставата - веднаш би промениле. Но верувај, по сите испробани пошти, ова е најдоброто со кое располага Македонија во моментов. И навистина се во ред, иако, се случува некогаш некој индивидуалец (од куририте) да направи некој кикс.