Пријателе,ова е форум,исто како во античките времиња,собиралиште на луѓе со различни идеологии,сфаќања и мислења,само што тука е во дигитална форма(само технологиите се менуваат,луѓето не).Ако јас не сакам да се замарам,немаше ниту да направам профил на овој форум,едноставно ќе си кулирав со страници како оваа>>>
http://blejac.com/ Еве,замисли ситуација,кога никој од нас не се замара на овој форум,си разговараме за времето,за овогодишните цени на сладоледот

и за сериите на ТВ како" Лисјата кога паѓаат" :tv:
Па ние не сме пензионери со по 65-70 години,НИЕ сме движечката сила во едно општество.Самиот факт што во нашата држава можеш да си отвориш сам еден обичен профил овде на Кајгана и да дискутираш по овој форум,те ставаат во повисока категорија.Па скоро сите луѓе од мојот комшилук мислат дека кога ќе им кажам да го помрдне маусот нагоре,тие го подигаат во вис:pos2:
Така,немој да ме сфатиш погрешно,затоа се форумите,размена на мислења па ако сакаш и едно добро и здраво препукување помеѓу себе,поздрав!
Зборам за нас... Не треба толку да се замараме
--- надополнето ---
1. Жици не се гледаат на оригиналните снимки. Ако не веруваш, слободно прегледај ги. А и никој не е доволно глуп да ги остави таму ако снимаат такво нешто.
2. Џипчето било паковано, а потоа распаковано во ракетата. Бидејќи не е потребна некоја голема цврстина на возилото заради малата гравитација, тоа е сосем можно.
3. Сликите се автоматски направени од оставени камери, или од камери управувани од Земјата.
Точно дека главната цел била победа на идеологијата, имено, со лансирањето на Спутник, во Америка настанува голема паника, така да речам, кога тогаш се мислело дека Русите ќе владеат со светот со тој подвиг. Тоа (вселенските достигнувања) предизвикувале восхит и почит насекаде во светот, па она битното било која идеологија ќе победи.
Ако САД го лажирале слетувањето на Месечината. што е тоа што ги спречува и Русите да го сторат истото?
Ок,сега слушни ме мене:
1.Е пријателче тука сам се заеба.Си слушнал за изразот "movie mistakes" т.е. филмски грешки? Има цели интернет страни за тоа.Прогуглај малце ,ќе видиш.Какви величини од режисери,продуценти,екипи,студија работат на тие филмови а сепак им се протнува по некоја банална грешка.Плус,тогаш во 60-тите мислиш имале таква дигитална технологија и програми за обработка на слики и филмови како денес?Не.
2.За ова прашање може да си во право,ама одма ќе те негира една цела заедница во која членуваат и машински инженери со Нобелова награда.Џипчето било прво пакувано,па распакувано внатре во ракетата? :pos2:Абе ти како да зборуваш за џипче составено од Лего-коцки,оние од пазар со кои си играат малите дечиња.Знаеш ли ти колку е тесно внатре во модулот?Да сакаш не можеш да си го дофатиш к...т за да си го почешаш,а не пак џип да склопуваш и расклопуваш.
3.Леле,мајко,ова ти е за во некое шоу,со даљинско од земјата ја мрдаат камерата :helou:.Не зезај,барем на мене тоа ми изгледа неверојатно денес а камоли за технологијата од 60-тите години на минатиот век.Па,зборуваме за настан од пред 40 години.
See you,:smir:
--- надополнето ---
Замисли за момент дека ова што го пишуваш е вистина.
Аполо Мисијата на НАСА вработуваше илјадници луѓе кои работеа во стотици тимови на катаљон комплексни задачи кои бараат неверојатна прецизност во координација и постојани пресметки врз основа на податоци добивани во вистинско време.
НЕВОЗМОЖНО е:
1. Сите овие вработени да се дел од заверата.
2. Никој од овие вработени да не забележи дека игра у филм.
А Кјубрик отсекогаш беше полуфрик.
Бујрум и интересен осврт на неговиот личен животи верувања.
Е сега замисли се ти пријателе:
Во 2001 година,Џорџ Буш,Кондолиза Рајс и пола Бела куќа заедно со ТВ куќи и величини како CNN,CBS,Fox news,Reuters,BBC итн. кои вработуваат иљадници репортери,новинари,стручњаци од разни профили ТРУБЕА ли цело време дека во Ирак има "оружје за масовно уништување"? Го пронајдоа тоа оружје?
Најдоа буриња со хемиски отрови кои може да го збришат пола Париз за 15 мин.? НЕ.
ЗНАЧИ ВОЗМОЖНО е:
1. Сите овие вработени да се дел од заверата.
2. Никој од овие вработени да не забележи дека игра у однапред разработено сценарио,пред се поради истиот страв што го има учител кај нас што нема добиено решение за трајно вработување и му виси работата секој момент,а посебно после избори.
А Кјубрик отсекогаш беше полуфрик.
>>> Сите генијалци се такви,не се вклопуваат во масата,тука се слагам со тебе.
Цели машинерии се тоа за перење мозоци,пријателе мој,не биди наивен.Комбинирано со страв од губење на работата(ако дигнеш глава),работата оди како подмачкана.Проверено во пракса од антички времиња до денес.Поздрав:smir: