bobipp
Let's cook!
- Член од
- 15 август 2008
- Мислења
- 12.201
- Поени од реакции
- 7.449
Станува збор за најголемото ривалство во историја на човештвото. Некои работи пари не решаваат. Инаку зошто воопшто студена војна? о_О
Документарци, се базираат на документирани работи. Точно, има теории, како на пример, во документарци за Big Bang. Никој не може да знае како настанал универзумот, ама врз основа на научни истражувања, теоријата засега работи. И секој добар документарец, поради објективност, обично барем споменува други теории, повторно базирано на други истражувања.
Да пишуваш теории базирани на ништо е фантазија. Не е ни научна, стануваш Ден Браун, што воопшто не е лошо. Само не треба да се сваќаш сериозно, а уште помалку да наведуваш луѓе дека си во право.
Па кој рече дека наведувам? Јас 2-3 поста погоре кажав какво е моето мислење засега, не реков дека СИГУРНО Е ТАКА. Исто реков дека сакам да изгледам што повеќе документарни и да прочитам што повеќе статии да ги видам сите факти па конечно да оформам лично мислење. Инаку вториот од тој документарните што ги ставив погоре (What happened on the Moon) го има токму она што го сакам јас. Детално изнесување на факти, теории, со конкретни докази и објаснувања од експерти во своите области. Ептен е долг, има два дела од кои првиот трае 2 часа и 11 мин., а вториот час и пол. Кога ќе ги изгледам двата ќе пишам тука што имало поинтересно


:tv: