Политиките на Бугарија кон Македонија

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.425
Не се согласувам.
Турција беше поразена во моментот кога главнината на турската војска како и најголем дел од турското население се префрлиле во Тракија. Од тој момент па натаму одбраната беше сконцентрирана само таму каде живееше турско население. Турците не пиеле нафта истотака. Знаеле дека набрзо ќе бидат удрени во срцето, Анадолија и Истанбул. Дури и да не тргнале Бугарите кон Одрин Турците не би се вратиле на Балканот.
Едноставно Бугарите имаа погрешна стратегија од старт. Доколку не беа до толку наивни сигурно ќе знаеја дека тие се следни на удар и од таа гледна точка најдобро за нив би било сојуз со Турците. Мислам дека на ним им било понудено такво нешто но Бугарите одбиле ако не грешам?
Тракија апсолутно не бил најважниот фронт. Таму апсолутно мнозинство биле Турците и Грците. Едноставно Бугарите испаднаа наивни а откога ја завршија главната работа им го спопикаа од позади.
Најголемиот проблем на сојузниците во првата Балканска војна бил што Австроунгарија ја создава Албанската држава на територија која требало да и припадне на Србија. Тогаш Србија не се повлекува од Вардарска Македонија, која требало да биде поделена помеѓу Србија и Бугарија во дијагонала на потезот Крива Паланка - Охрид. Тоа е уствари и причината зошто Бугарија ја почнува втората Балканска војна. Иако ја дуплира територијата со првата Балканска војна, ја добива целосна источна Егејска Македонија (вклучително Халкидики) и поголемиот дел од Одринско (на 10 Километри е од Истанбул).

Според мене, најголемата грешка на Бугарија е што тргнала на Охрид, наместо на Истанбул. Немало да ги изгуби териториите од Романија, Србија, Грција и Турција, ем многу е веројатно дека ќе го завземела Истанбул. Таа грешка светот го кошта геноцид во Одринско и врз Ерменско и Арамејското православно население во Мала Азија и Кавказот или неколку милиони жртви.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Искрено жал ми е колку сме оддалечени со бугарите за разлика од со србите на пример.
Може паѓам на гз од смеа кога ги слушам како зборат ама пак се разбираме без поголеми проблеми.
Трагично е два културолошки и јазично слични, да не кажам исти народи да имаат скоро непостоечка комуникација и омразата да е поголема од пријателството.

Србите, хрватите и босанците буквално се колеа пред 20 години па пак денес имаат стопати подобар меѓусебен однос отколку ние и бугарите.

Со албанците вековно делиме територија ама никогаш не сме имале добар соживот и според мене тоа највеќе се должи на јазичната бариера иако нормално различната религија и злосторствата на арнаутите си играат улога. Ама многу е полесно да имаш разбирачка со некого кога говорите исто/слично, посебно кога делите држава како ние денес.

Затоа споров со бугариве ми е многу глуп. Ај со грците не се разбираш па пцуј се кур те боли и така нема да живееш со нив, ама ова е идиотско кога знаеш колку блиски можеме да бидеме.

Иначе не верувам дека бугариве ќе направат некакви отстапки, цел терет ќе падне на наш грб и тоа само ќе вроди нова омраза и нетолеранција што само ќе го влоши веќе нарушениот однос.
А златна шанса имаа да ги затоплат односите сега и да не придобијат, али очигледно нив не ги интересира тоа, побитно е мускули да покажат им ебам тоа татарските горили.
Е како не?
Ние со бугарите освен политичка тензија и пцуење скоро и да немаме никаква друга допирна точка во останатите сфери од животот. Џабе имаме исти обичаи, јазик и религија (иако се они по друг календар) кога во денешно време народите се зближуваат преку музика, филм, спорт, да бидам и модерен - преку инфлуенсери (одвратен збор).
Имам роднини по истокот и често одам натака па можам да кажам дека покрај нашата музика втора најслушана е дефинтинво српската/екс-ју кај сите генерации. Децата кога седат на интернет гледаат или наши или српски јутубери, никако бугарски. Да напоменам, голем дел од овие луѓе имаат бугарски пасоши. Ако оние што се изјасниле за бугари немаат допирна точка со настаните во Бугарија тогаш што останува за останатите...

Србите, хрватите и босанците и покрај свежите рани од 90тите се даааалеку пред нас во овие сфери.
Босанците доминираат на музичките талент шоуа во Србија, српски филмови и серии како "Сенки нaд Балканот" се емитуват низ цела екс-Ју вклучувајќи ја и Хрватска од лани, хрватски музичари (Цетински, Грашо, Бадриќ, Севе, Розга...) без проблеми пунат сали во Белград исто како и Мерлин, Џиновиќ, Јоксимовиќ, Саша Матиќ, Аца Лукас, итн. по Загреб/Сарајево.

Добар дел од србите навиваа за Хрватска против Франција на СП 2018, Џоковиќ и јавно ги поддржа. Новак организираше турнири низ Хрватска лани, а хрватските коментатори губат глас кога освојува слемови.

Да не набројувам уште ми ја сфаќаш поентата. Ние немаме ни 1% ваков однос со бугарите.
Прво, на индивидуално ниво не верувам дека има некаков проблем. Кога сум надвор од Европа, сите Балканци ги чуствувам како свои - Бугарите повеќе од просек, поради сличен јазик и слична култура/менталитет. Иако, имам забележано дека се генерално порезервирани од народите од бивша Југославија.
Проблемот на колективно ниво е нешто друго. Перцепцијата во Македонија е дека Бугарија има арогантен и патерналистички став , каде воколку не се прифаќаат нивните наративи (кои ги земаат како апсолутни вистини), ќе блокираат каде може. Тоа само предизвикува огромна одбојна енергија.
Србите имаат прифатено што ние мислеме за себеси, се имаат откажано од територија и сите претензији и тоа всушност ја зајакна нивната позиција. Воколку Бугарите би направиле нешто слично, не да го прифата нашиот наратив, туку едноставо да се дозволи паралелни интерпретации , веројано би имале посилна позиција од Србија заради посличен јазик и култура.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Не се согласувам.
Турција беше поразена во моментот кога главнината на турската војска како и најголем дел од турското население се префрлиле во Тракија. Од тој момент па натаму одбраната беше сконцентрирана само таму каде живееше турско население. Турците не пиеле нафта истотака. Знаеле дека набрзо ќе бидат удрени во срцето, Анадолија и Истанбул. Дури и да не тргнале Бугарите кон Одрин Турците не би се вратиле на Балканот.
Едноставно Бугарите имаа погрешна стратегија од старт. Доколку не беа до толку наивни сигурно ќе знаеја дека тие се следни на удар и од таа гледна точка најдобро за нив би било сојуз со Турците. Мислам дека на ним им било понудено такво нешто но Бугарите одбиле ако не грешам?
Тракија апсолутно не бил најважниот фронт. Таму апсолутно мнозинство биле Турците и Грците. Едноставно Бугарите испаднаа наивни а откога ја завршија главната работа им го спопикаа од позади.
Грешка си, Турција е поразена во Тракија.

Македонија, Албанија тоа се споредни фронтови и не ја загрозуваат Империјата како што ја загрозува Бугарија што доаѓа на артилериски домет на Истанбул. Да продолжела војната ќе стигнеа и грчки и српски засилувања и Истанбул ќе падне бидејќи речиси сами Бугарите стигаат длабоко во Турција. Во превод грчката морнарица и бугарската армија во Тракија ја поразуваат Турција.

Замисли да не е удрено на Тракија, Турција е слободна најбројните војски да не мора да и го бранат главниот град, патото до Пловид им е отворен, а можат и да праќаат засилувања во Македонија и да го бранат Солун. Албанија пример и делови од западна Македонија скоро до самиот крај успеваат да издржат, а Бугарската војска секако не би стигнала до таму да може да направи разлика, додека Турција е сеуште жива кај Одрин.
 
Член од
29 декември 2007
Мислења
582
Поени од реакции
1.363
Што би било кога би било. Исто да не паднеше римската империја немаше да постои ова тема. И уште милион други сценариа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Ноле е по мајка Хрват. :D

Инаку апсолутно точно, но еден момент е заборавен. Тие народи во целина живеаа заедно сума сумарум 100 години во иста држава, а кога ќе се земе во обзир и Австро-Унгарија тогаш имаме вековно живеење под иста капа. Башка урбанизацијата после ВСВ која што во цела Европа го детерминираше денешниот вкус на сите за музика, филм итн.

Бугарија никогаш нема да може да го исполни тоа во Македонија.
А бе демек пола хрват ама на моменти е поголем националист од Шешељ, поготово како на Дејвис куп сега :icon_mrgr:

Иначе не го заборавам тој момент нормално, затоа и ставам акцент на меѓусебните војни пред 20-тина години што во теорија би требало да ја анулира до некаде 100-годишната живеачка ама ете не е така.
Може требаше 10-15 години да поминат за да им закрепнат колку-толку раните, ама последнава декада ги имаат ненормално подобрено односите.

Бугарите имаа неколку шанси после нашата независност да не придобијат, посебно кога ЉуБчо војводата беше на власт.
Сум го слушал Љубчо по емисии каде што јавно си кажува дека ги советувал бугарите да инвестираат во ТВ и медиуми тука, да навлезат со нивна музика и филмови, нивни пејачи да прават концерти во Скопје да му се спротистават на српскиот свет ама овие дибидус телиња.
Ене тек сега им текна да се емитува БГ телевизија кај нас ама касно е, плус на таа телевизија отворено не вреѓаат. Каква реакција очекуваат?

Читам и слушам нивни мислења за тоа зошто сме имале лош однос и во 99% од коментарите можеш да прочиташ - "сурбска пропаганда и Тито им перат мозок да не мразат македонците".
Кога ќе им спомнеш дека до пред ветото никој никогаш ни 2% не се замарал со нив тука они мислат дека лажеш и дека во МК 24/7 се збори негативно за нив.
Еве ти си бугарофил ама пошто живееш тука знаеш дека не лажам со претходнава реченица.

Едит:
Прво, на индивидуално ниво не верувам дека има некаков проблем. Кога сум надвор од Европа, сите Балканци ги чуствувам како свои - Бугарите повеќе од просек, поради сличен јазик и слична култура/менталитет. Иако, имам забележано дека се генерално порезервирани од народите од бивша Југославија.
Проблемот на колективно ниво е нешто друго. Перцепцијата во Македонија е дека Бугарија има арогантен и патерналистички став , каде воколку не се прифаќаат нивните наративи (кои ги земаат како апсолутни вистини), ќе блокираат каде може. Тоа само предизвикува огромна одбојна енергија.
Србите имаат прифатено што ние мислеме за себеси, се имаат откажано од територија и сите претензији и тоа всушност ја зајакна нивната позиција. Воколку Бугарите би направиле нешто слично, не да го прифата нашиот наратив, туку едноставо да се дозволи паралелни интерпретации , веројано би имале посилна позиција од Србија заради посличен јазик и култура.
Тоа и ми е муабетот. Надвор од нашите држави или на седенки тука си живееме одлично, затоа и спомнав дека никогаш не сум имал проблеми со нив во живо и ми е криво што не сме поблиски како народ.
Не верувам дека и во ваква ситуација дружбите ќе пропаднат ама овој нивни колективен политички, медиумски, па и интернет (лол) шовинизам дефинитивно остава црна дамка на нашиот однос.

Убав ти е примерот со Србија и колку лесно всушност можат да не придобијат ако се потрудат бугарите. Може грешам ама имам впечаток дека на нив не им е дојдено до зближување и повеќе ги интересира да покажат мускули.
Всушност се надевам дека не грешам бидејќи ако планираат да се зближиме со тоа што ќе ни ја избришат историјата и ќе не натераат да се пишеме бугари со сила тогаш се дефинитивно ментало заостанти.
 
Последно уредено:

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.833
Поени од реакции
6.392
Иначе не го заборавам тој момент нормално, затоа и ставам акцент на меѓусебните војни пред 20-тина години што во теорија би требало да ја анулира до некаде 100-годишната живеачка ама ете не е така.
Може требаше 10-15 години да поминат за да им закрепнат колку-толку раните, ама последнава декада ги имаат ненормално подобрено односите.
Втората светска војна беше 100 пати поголема кланица, па најдоа начин да живеат 45 години мирно. Војна е војна, но време лечи рани. Посебно кога нема јазична барира и многу заеднички работи во однос на менталитет, вкус за музика, филм, заеднички референци итн.

Бугарите имаа неколку шанси после нашата независност да не придобијат, посебно кога ЉуБчо војводата беше на власт.
Сум го слушал Љубчо по емисии каде што јавно си кажува дека ги советувал бугарите да инвестираат во ТВ и медиуми тука, да навлезат со нивна музика и филмови, нивни пејачи да прават концерти во Скопје да му се спротистават на српскиот свет ама овие дибидус телиња.
Ене тек сега им текна да се емитува БГ телевизија кај нас ама касно е, плус на таа телевизија отворено не вреѓаат. Каква реакција очекуваат?
Што се однесува до зближување не сум оптимист. 90ти Бугарија е хаос невиден, не може себе да се среди, а не пак нешто да проба во Македонија. Тогаш башка тука УДБА беше многу силна, уште Бугари и бугарофили следеа и по станици влечкаа, а не пак нешто друго.
Во времето на Љубчо се нормализираа работите, па тенковите и добар дел од оружјето дојде тогаш од Бугарија, а еден краток перид тука Планета, Азис, Гергана и такви се слушаа. Грујо некаде после 2008 со антиквизацијата не изолира скроз пак и сега дојдовме кај што дојдовме.

Мислам дека денес Бугарите и Македонците веќе се многу различни, а не ми делува дека Бугарија има некаква шанса културно да парира на српско-хрватскиот свет ниту пак заинтересираност. Порано имаше кај Бугарите некоја романтична наивност, сега и таму има отворено непријателство, а тука само си дојде тоа на некое ниво од порано.

Затоа и реков дека од бугарска гледна точка ветото ми има смисла. „Нема да се сакаме, нема ни да бидеме еден народ, а штом е така ние си земаме историјата" и реално повеќе од тоа не гледам да можат да направат.

Читам и слушам нивни мислења за тоа зошто сме имале лош однос и во 99% од коментарите можеш да прочиташ - "сурбска пропаганда и Тито им перат мозок да не мразат македонците".
Кога ќе им спомнеш дека до пред ветото никој никогаш ни 2% не се замарал со нив тука они мислат дека лажеш и дека во МК 24/7 се збори негативно за нив.
Еве ти си бугарофил ама пошто живееш тука знаеш дека не лажам со претходнава реченица.
За танго треба двајца. Еве и до пред ветото еднаш во живот немав добар збор чуено тука за Бугарија или за Бугарите. Напротив, каде и да сум одел се најлошо.....па и самиот не знам зошто, но мразев Бугари до кај средно некаде. Ете 2004та колку што ми беше криво што Хрватска испадна, толку ми беше утеха што Србија не се пласираше и што Бугарите ги изгубија сите утакмици. Болна работа, а сега кога гледам назад си викам каков дебил сум бил, но јас бев продукт на околината.

Е сега факт е дека некаде до пред ветото нависитна веќе имаше релаксирана атмосфера, но тоа генерално било исклучок од правилото. Дека Македонците биле опседнати 24/7 нормално дека не, но се што било од Бугарије генерално било дочекувано на нож.
Од школо до околината, не е тоа отворена омраза, но потсвесно целата околина и образовен систем и медиуми имаат низ годините создавано многу лоша слика кон Бугарите.

p.s Ете и да додадам уште една работа. Од бугарските тупаци на фејзбук и други социјални мрежи ретко кои се понапорни. Евентуално caps lock 2 червени бригадата кај нас, но навистина се доста тешки и разбирам зошто и како дигаат живци.
 
Последно уредено:
Член од
12 јуни 2018
Мислења
515
Поени од реакции
569
а еден краток перид тука Планета, Азис, Гергана и такви се слушаа. .
Бугарите имаат што да понудат на музички план, не се дудуци до толку. Такви како Азис, Гергана се слушале овде оти тоа сака да слуша сељачаната овде. Најново со градинката и турбо-фолкот :facepalm:
Бугарите имаат далеку поквалитетна музика од тоа. Пример кога бев студент доста популарни беа поп бендот Каризма и хип хоп групата Апсурт. После тоа се појавија плејада на други хип хоп групи и соло изведувачи како Криско и др.
Исто и кога станува збор за филмската индустрија. Пот прикритие беше хит овде...

Но далеку најубедливо нешто кое се случило за зближување на Македонци и Бугари беше масовното одење на студии во Бугарија на Македонци. Знам дека кулминација беше некаде 2005 со рекорден број на студенти. Не сум сигурен зошто така нагло Македонците прекинаа да студираат во Бугарија...
 
Мислам дека Грујо нагло го зголеми бројот на места на факултети кај нас, плус стана ако не се лажам ја симна цената и зголеми места во државна квота. Малтене 90+% од средношколците запишаа факултет.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.901
Поени од реакции
36.961
Бугарите имаат што да понудат на музички план, не се дудуци до толку. Такви како Азис, Гергана се слушале овде оти тоа сака да слуша сељачаната овде. Најново со градинката и турбо-фолкот :facepalm:
Бугарите имаат далеку поквалитетна музика од тоа. Пример кога бев студент доста популарни беа поп бендот Каризма и хип хоп групата Апсурт. После тоа се појавија плејада на други хип хоп групи и соло изведувачи како Криско и др.
Исто и кога станува збор за филмската индустрија. Пот прикритие беше хит овде...

Но далеку најубедливо нешто кое се случило за зближување на Македонци и Бугари беше масовното одење на студии во Бугарија на Македонци. Знам дека кулминација беше некаде 2005 со рекорден број на студенти. Не сум сигурен зошто така нагло Македонците прекинаа да студираат во Бугарија...
Прво тие што студираа таму немаа некој посебен ќар од таа диплома. Не ти вреди нешто посебно повеќе од македонската во Европа или во Македонија. Во 2009 година се укинува визниот режим и имаше други олеснувања за студирање за Европа.

Од мое време, отприлика тие години, познавам многу повеќе луѓе кои студираа во Љубљана, Словенија него ли Бугарија. Тогаш кога ги гледав програмите за студии они имаа олеснувања и привилегии за студирање на нивните Универзитети за екс-ју земји.
 
Член од
18 јуни 2021
Мислења
285
Поени од реакции
618
Една од најголемите причини за оделечувањето на Македонците и Бугарите ја гледам во Бугарија, имено после втората светска војна комунистичките власти во Бугарија практично ги растураат сите организации на Македонските Бугари и после конфликтот на Тито со Сталин почнуваат да го затишуваат силниот регионален идентитет на Македонските бугари со што скоро комплетно се губи бугаро-македонскиот идентитет и практично внатрешно се асимилираат македонските бугари.

После падот на комунизмот ново-ре-формираните организации на македонските бугари се инфилтрираат од некои матни структури до степен што од мое гледиште пример Бугарската ВМРО е генеричка Бугарска партија која не држи никаков историски контекст.

Доколку би се задржал силниот регионален идентитет на Македонските Бугари во Бугарија тогаш сметам дека понатурлано и полесно ќе беше приближувањето со македонците од македонија после излезот од југославија.

Немаме друга работа па ќе слушаме бугарска музика или ќе гледаме бугарски филмови и да ни паднат ушите и очите од глата.
Така е, со ѕвездата од Вергина на профил гарант стриктно Грчко бузуки слушаш како верен филхелен и грчки патриот.
 
пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.536
Поени од реакции
9.430
Е сега факт е дека некаде до пред ветото нависитна веќе имаше релаксирана атмосфера, но тоа генерално било исклучок од правилото. Дека Македонците биле опседнати 24/7 нормално дека не, но се што било од Бугарије генерално било дочекувано на нож.
Од школо до околината, не е тоа отворена омраза, но потсвесно целата околина и образовен систем и медиуми имаат низ годините создавано многу лоша слика кон Бугарите.

p.s Ете и да додадам уште една работа. Од бугарските тупаци на фејзбук и други социјални мрежи ретко кои се понапорни. Евентуално caps lock 2 червени бригадата кај нас, но навистина се доста тешки и разбирам зошто и како дигаат живци.
Колку што било од школо , околина и слично толку беше и од нив самите, самите си правеа многу работи да бидат одбивни.
Јас кога бев млад, т.е првата работа ми беше рецепционист во еден помал хотел покрај плаживе во Охрид. Ова ти е некаде 93-94 година, доаѓа група бугари, мислам средношколска екскурзија, имаше едно моме почна да се мота тука околу мене на рецпција, и така вртиме некој муабет. И оп доаѓа еден кретен, водач на групата и и вика на момичево "Сега ќе одиме во град, најзачуваниот бугарски град во мкд". Јас сум сигурен дека момичево тоа го имаше миљион пат слушнато предходно во бугарија, меѓутоа муабетот беше наменет за мене, не за неа. Кажа што кажа и го гледам под око ме гледа како ќе реагирам. Се направив дека не го слушнав и го баталив, не реагирав. Она што сакам да кажам, која е потребата од тоа, да не речам дошла девојкава сака да се ебе со мене, овој ми сере нешто што не е за серење, абе мисли си што сакаш и бркај одморот, оди види си колку е охрид бугарски или шпански, што бараш рачки беспотребно. За крај јас наместо убо да си поминам со бугаркава и да имам добри спомени од средба со една бугарка, идиотов ме изнервира да имам лоши спомени од една средба со еден бугар.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.788
Поени од реакции
5.063
Колку што било од школо , околина и слично толку беше и од нив самите, самите си го правеа, многу работи да бидат одбивни.
Јас кога бев млад, т.е првата работа ми беше рецепционист во еден помал хотел покрај плаживе во Охрид. Ова ти е некаде 93-94 година, доаѓа група бугари, мислам средношколска екскурзија, имаше едно моме почна да се мота тука околу мене на рецпција, и така вртиме некој муабет. И оп доаѓа еден кретен, водач на групата и и вика на момичево "Сега ќе одиме во град, најзачуваниот бугарски град во мкд". Јас сум сигурен дека момичево тоа го имаше миљион пат слушнато предходно во бугарија, меѓутоа муабетот наменет за мене, не за неа. Кажа што кажа и го гледам под око ме гледа како ќе реагирам. Се направив дека не го слушнав и го баталив, не реагирав. Она што сакам да кажам, која е потребата од тоа, да не речам дошла девојкава сака да се ебе со мене, овој ми сере нешто што не е за серење, абе мисли си што сакаш и бркај одморот, оди види си колку е охрид бугарски или шпански, што бараш рачки беспотребно. За крај јас наместо убо да си поминам со бугаркава и да имам добри спомени од средба со една бугарка, идиотов ме изнервира да имам лоши спомени од една средба со еден бугар.
Бугарите се сељаци и ефтини националшовинисти. Просечниот Бугар е ист како Србин од некоја паланка од Шумадија.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.769
Поени од реакции
8.540
Доколку би се задржал силниот регионален идентитет на Македонските Бугари во Бугарија тогаш сметам дека понатурлано и полесно ќе беше приближувањето со македонците од македонија после излезот од југославија.
Сакам да верувам дека шифт копчето или капс лок ненамерно си го испуштил во жар на пишување!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom