Види, гледам каде оди ова. Еве ти после ова биди последен, кажи си го зборот и да завршуваме. Кажано е доволно, богами ти и повеќе одошто треба и повеќе одошто јас можев на таа сметка да кажам. Фала ти.
Коментарите дека Алонсо лажирал повреда беа на други социјални мрежи, не овде.
Непријатно ти било да оправдаш ситуација како вчерашната?
Сериозно, читаш што пишуваш? Еден пост со друг ти нема допирна точка, како друг човек да го напишал.
Тебе од некаква релевантност на темава те делеше ,,да, не е во ред и фер голот на Марсијал, судијата/играчите/тренерот/било кој, мораа да ја запрат играта". Толку.
Не морало тогаш да го осудиш, еве, сега. А ти не само што не го направи тоа, ти се обидуваш да ги претставиш двете ситуации како различни. Имаш право, различни се. Таа од Алонсо е полоша во тој поглед.
Откако Алонсо е на земја, Манчестер има повеќе од 10 допири со топка, акцијата трае повеќе од 20 секунди и никој нема абер да престане. Судијата може и те како да свирне, има одлично видно поле.
Марсијал дава гол, регуларен, никому ништо. Ниту Манчестер покажачле знаци на фер-плеј (јас не ни барам, туку ти просипаше идеалистички срања вчера, па по таа логика), ниту пак (ова подвлечено),
таквите како тебе кои вчераа го осудуваа Смит Роу и голот го окарактеризираа како нефер-плеј, тогаш реагираа. Ниту сега, да е поапсурдно.
Од друга страна, акцијата на Арсенал вчера се одвиваше пребрзо, еден-два допири, шут и гол. Скоро и да немаше простор за фер-плеј, скоро и да Смит Роу немаше идеја дека Де Геа е на земја. Шутна инстинктивно, фудбалски и тоа е тоа.
Уште еднаш, болдирано повторно, бидејќи ти од пост во пост потонуваш подлабоко:
Не можеш да го осудиш Смит Роу, Арсенал, за нефер-игра вчера, а во исто време да немаш проблем со голот на Марсијал пред четири години и да го оправдуваш. Затоа што ќе испаднеш лицемерен, како што и всушност си.
Имај убав викенд. Само не претерувај со џин-тониците ептен.