Претпоставувам си помлад.
Прв приоритет треба да ти е да направиш да ти е добро да бидеш осамен, т.е сам со себе. Кога ќе бидеш задоволен самиот од себеси, кога ќе се почитуваш себеси, тогаш и други луѓе ќе сакаат да се вклучат во твојот живот. Самоизолацијата е клуч за личен напредок, искористи го моментот.
У врска каде - зависи што тражиш.
Пријатели и друштво можеш да запознаеш на интернет, у клуб, у школо, на рејвови, на одмор, на излети, у невладина, позади зграда уз џок и коњак, буквално секаде. Сега какви ќе бидат тие пријатели и тоа друштво, тоа зависи многу од тоа каде си ги запознал.
После средно или факултет, доаѓаш до реализација дека во животот секогаш ќе имаш енормен број на познаници, но мал број на вистински пријатели. Пажљиво бирај, ставај ги другарите во искушение бидејќи само така ќе успееш да им ги видиш вистинските лица.
За крај, ако си ептен осамен и потребна ти е социјализација, биди иницијаторот.