Зависи на кој начин го интерпретираш тоа што го има пишано авторот на тој пост.
Првенствено тоа што типот го пиша е вистина, постојат голем број на друштва од различни големини кои што се базираат само на една работа, на дрога. Постојат типки кои што ќе се ебат со тебе за пола грам, постојат типки кои што ќе седат у врска со џанак само за да пафкаат за џабе, постојат типци кои што ќе ти глумат другари само за ги финансираш и да им моташ џоинти, итн.
Неговиот пост е саркастичен, но сепак е пост кој што ја покажува суровата реалност на денешницата, каде што луѓе глумат другари и партнери само поради личен интерес.
И за крај, Кајгана како форум има сигурно десетици илјади ако не и повеќе регистрирани членови со право на постирање. Не секој совет, став, мислење или било што прочитано тука треба да се прифати од читателот. Секој има право да си го искаже сопственото мислење, какво и да е тоа.