Многу сум паметен кога ќе гледам филм каде всушност сакам да видам нешто а не само пушти рандом, влези му со погрешни очекувања и дојди тука лај, чалами се и карај се како ментален некој.
Не дека за некои не си стојам на зборот за кецовите што им ги имам залепено, каде стварно неам видено ништо што ми се свиѓа, нит идеја нит реализација и сум умрел од досада безпотребно.
Ок. Што сакам да кажам.
За Меланхолија дојдов. Ова у мои стандарди е чист кец од филм, без премца што би рекле србите. Ова од 10 пати, 8 ми е кец, еднаш 7 и најверојатно при репризирање ќе иде на 9ка. Ама сеа 8.
Поштувам идејата, све беше супер, подобар досаден филм неам глеано.
Сакам вакви спори драми, реков дека ми одговараат овие скандинавски влечења и баш се изненадив коа случајно проверив и видов дека над саат време прошло а не сум се ни поместил.
Одличен приказ на `Кирстен Данст` (оваа секад ми била ретардирана кога и да сум ја глеал у некои безвезни филмови што моментално не ми текнуваат) - али тука беше на ниво, топ. Ова у наводници ради приказната, за да не откријам спојлер. Нема спојлер ама добро. Тие што го глеале знаат за што зборам.
Кај `сестрата` , не ми легна мене тој сај-фај момент, иако идејата е таман, тоа што сака да каже авторот. Тоа што јас не сакам сај-фај е друг муабет.
Може ќе погрешам ама филмов ми личи на некој Аронофски обид, или Аронофски е Ларс фон Триер обид.
Добар е филмов. Има потенцијал за ривоч. А можда и нема.
Што викаат, можеби нема да го репризираш ама доволно ти е што си го глеал барем еднаш.