Во зимскиот период и празничниот што претстои, ептен ми прај мерак да гледам ретро Холивуд. Американците како нација (и во живо), се многу слични на нас. Не сакаат елитистичко пување, ројалти и глупости какви што гледам изминативе месеци во една друга земја.
Така да се изразам, ептен се 'народски' народ. Тоа ми дава комфор кога ги гледам, затоа што не сите народи се такви.
River Of No Return (1954) има искреност и спонтаност во дијалозите, не е претенциозен филм кој цели кон масивна гледаност. Една од најубавите улоги на Мерилин во кантри издание. Незнам колку мина овде знаат да свират гитара, ама во сценава се е реално - дури и движењето на жиците од страна на Мерилин, што значи добро се вложила за својот дел.