Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Препорака сите што го читате Мураками, земете му ја Безбојниот Цукуру по мене најдобрата негова. Исто ја има и Никогаш не оставај ме од Ишигуро, во оригинална paperback корица.
 
Ако прочитам пола од овие до следниот саем ќе купам дупло на него.

@џимеј за малце ќе те заборавев. Да не ми направеше Игор муабет ќе си отидев. [emoji854]
b6cf22fc58f1c2825e020e0450604b14.jpg


Sent from my SM-G780F using Tapatalk
 
Убави попусти има за Black Friday. (y)
- Матица има 200 книги на 199 ден;
-Арс Ламина го има Маркес на 50% попуст;
- Академска има 30% на сѐ.
 
Убави попусти има за Black Friday. (y)
- Матица има 200 книги на 199 ден;
-Арс Ламина го има Маркес на 50% попуст;
- Академска има 30% на сѐ.
Има некоја листа на насловите од Матица? И до кога траат да не знаеш?
 
Има на страната. Само 40тина книги се нивни, другото е на англиски кое може да се најде поевтино во Академска.
Им застанал мозокот со цените на англиски. 400 денари редовна цена на Тројцата мускетари, а во Академска беше 170 мислам. :LOL:
 
Јас да ви кажам за 140-тина денари шо ми фати око од академска, па макар и никогаш не би ги прочитал на англиски, ќе бидам ќеф да ги имам дома :D

(војна и мир)

Дикенс

(Илијада и Одисеја)

(Моби Дик)

(Ѕвонарот...Иго)

(Дикенс)

И малку хорор. Имам две од овие вакви книги, за тепање време на вечер ми се скроз симпатични.

И секако ремек делото Браќа Карамазови.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom