- Член од
- 9 февруари 2016
- Мислења
- 1.262
- Поени од реакции
- 3.196
Види какво препотентно мислење има дадено членот. Филмови ќе се предложуваат и гледаат како и да е.Јас сум на платен годишен одмор од клубов, не би требало моето мислење да се зима во предвид, ама еве кога веќе ме прозваа ќе кажам што мислам.
Мислам дека клубот е за гледање филмови а не за давање филмови. Мене идејата уште на почетокот во првиот пост кога Злате ја најави многу ми се допадна и му предложив да ја остави и за понатака бидејќи сме тука да гледаме нови и различни филмови и колку повеќе предлози во еден круг толку подобро за сите нас, секој филм плус е добредојден, не сум тука да си ги репризирам моите предлози по 10 пати.
Со оглед на реакцииве, за моја и ваша жал најверојатно тоа нема да се случи и ќе останеме посиромашни за многу филмови, но што е тука. Мене ми е многу жал и за предложувачите кои наидоа на ваква реакција, а и за Злате кој ги бараше и надвор од форумов за да му кажат филм.
Стојам позади зборовите на Гранде дека ако ова ви сметаше требаше да си кажете уште кога беше најавено а не сега да бојкотирате на сета мака на сите инволвирани, барем да не се замараа луѓето да мислат филмови а и Злате да ги собира.
Јас ќе ги изгледам сите предложени филмови и ќе ги рецензирам соодветно најверојатно во моите термини зашто за нивните нема да можам.
Шемата на редоследот се надевам ќе остане како и досега, сепак тоа Злате ќе одлучи оставам на него.
Поздрав и се читаме во месецот на љубовта.
ПС: Го гледав Лаура. Ми се допаѓа жанрот и филмот беше океј, ама многу тапа крај. Нервираше музиката што не прекинува, главата тапан ми стана. 6/10