Лукашенко игра хокеј додека ЕУ му се заканува со санкции
Најинтересен дел од текстот ми е :
„Покрај фотографиите објавени на неговиот сајт стои и информацијата дека тимот на претседателот ја победил екипата од регионот на Минск со резултат 5-2.“
Нормално дека тимот на претседателот ќе победи, на никој не му се оди во логор

.
На 67 години Лукашенко можи само во костозглобна да оди во Струга, нека не го гледа Путин, друго е тој, овај е старо продувано дртало, ќе падни некаде, ќе се сопни на некое кокиче,што ќе прави после Белорусија без таква лепота од водач. А ако, скраја да е, случајно победеше екипата од регионот на Минск, веднаш после натпреварот медиумите наместо екипата од регионот на Минск, ќе требаше да објавуваат: натпреварот беше прекинат при резултат 5-0 за Прецедникот и неговата екипата, додека противниците се погребани во регионот на Минск. Сигурно се прашувате зошто е погребана противничката екипа? Епа драги читатели,гледачи и судоперачи,тимот кој играше против Лукашенко, беше похапсен и стрелан во тил, поради антидржавни дејствија и соработка со странските зли сили, со масонските ложи контролирани од британскиот дворец кои се состануваат секои на 423 дена во Анадол, телата каде се погребани не ни откриваат властите, за да се спречи правење култ на личноста. Еден новинар, дури сакаше да постави прашање дали Лукашенко им дал гол, но и тој се уплаши да не го стрелаат, бидејќи по дифолт првиот гол го дава Лукашенко.