Врв на лицемерието, на целата таа прогресивна маска е фактот што никој, освен од вмровските ботови и анти-сдс настроените луѓе, особено не разните феминистичките струи и движења во државава и главниот град, никој не го поздрави фактот што Скопје ќе има градоначалник - жена.
Имаше и те како реакции и влажнења за Камала Харис и редица други женски протагонисти на таа либерална шема од страна на истите тие себе-прокламирани феминистки кои ќутат на фактот што после 70 години Скопје ќе има жена за градоначалник. После Вера Ацева која што била на таа позиција само 1 година, далечната 1948, декада кога јас сум бил длабоко во мадињата на дедо ми.
Без разлика дали е марионета, кмет, бугарка, пиун, контроверзна, со дамки во кариера, поддржана од вмро… Фактот што е жена на топ 5 функции во државава треба да иницира непристрасен и објективен поздрав од страна на “независните прогресивни струи” без оглед на политичка проминиенција. Но, тоа изостана овојпат. Ќе чекаме некоја жена негде на друго место да успее, за да се пофалиме дека сменпрогресивни и да јаваме на “Women are changing the world“ слогани. Пошто секако нели, не си доволно радикално прогресивен ако поддржиш екс-режимски кандидат, ама со Камала Харис качуваш големи радикално-прогресивни левели. На исто ниво како да си ја офарбаш зелена косата. хаха.
Или пак еве, Брнабиќ… Ау недај боже тие радикални србенди да се поддржат… никако. А жената прва премиерка лезбејка, Србија е најпозитивен пример од балканот па и Европа на родова застапеност во политиката. Ама они се радикални крволочни орки нели.
Дотолку повеќе што навистина жално беше да се слушаат такви навреди и погрдни зборови упатени кон жената од политички противнички. Без оглед каква е.
Иако, реално мандатите на Теута Арифи се анти кампања и мочање на целата таа прогресивна фела, со што се докажа и ќе се докаже дека и ние мажите и жените сме еднакви……. во некомпетентноста и неспособноста.
Не ми смета дека се толку слепи газолижачи сите тие Сорос и “wannabe“ прогресивци. Искрено многу повеќе ми смета лицемерието позади нивните ставови и самото нивно битисување како индивидуи. едно големо хк, пу.