Петокот бев на роденден на девојче, чија мајка е роднина на мои роднини(јбг јас не ги сметам за роднини ама имаме некоја квази блискост на хартија

).
Малце backstory: Родителите на мајката(баба и дедо на девојчето) се стари комуњари од златниот период на Бранко, кога таткото,кој инаку многу влијателен доктор, директор и професор на медицинскиот факултет во Скопје(со сите салтанати, како што е редот),беше своевремено и пратеник. Бабата исто така со новиот мандат на сдс заплива во директорските води. Од сигурни извори се знае дека и ќерката(инаку исто асистентка на медицински) и нејзиниот сопруг(човек кој нема ни средно завршено, паразит алкохоличар) откако се дојдени сдс на властсекој месец примаат пари од најразлични државни институции(зетот е на платен список во МВР и зема некаде 700, 800 евра, а ќерката на платен список на лекарска комора и слични организации),како додаток на баснословните плати што ги земаат. А од стариве секој зема по неколку илјади евра месечно легални(потенцирам ЛЕГАЛНИ) пари. А нивната империја е продолжение на она што претходната генерација(прабаби и прадедовци) правеле во Југославија. Само да се знае дека поседуваат неколку куќи низ Скопје, а за станови не се знае.

Докторот многу пати се има провлечено за лекарски грешки(некои фатални) низ државниот правен систем, а бабата за време на своето директорисување се знае дека добро искешира за овие 4,5 години. Исто така се јавно декларирани гркомани(ако не грешам докторот е Влав , а зетот еден од оние self-hating Егејци), со огромна омраза кон се македонско, кои беа едни од главните агитатори во Скопје при референдумот во 2018 година, кога убедуваа луѓе да излегуваат за подобра иднина на новите генерации.Никогаш не сум бил политички активен, не сум ниту член ниту агитатор на ниедна партија па можеби затоа не можам да го разберам тој штабски менталитет.
На роденден на своја ќерка и внука, гореспоменатите индивидуи се понашаа како да се наоѓаат на погреб. Такво мртвило владеееше во куќата, невозможно е да се долови со зборови, треба да се биде присутен да се сфати за што зборувам. Како да беше поставен сив screen filter, како во Sin City. И секако едно добри 50% од траењето на прославата зборуваа за политика. Од авион се гледаше дека гадно им гори по нозе. Час кисело се насмевнуваат кон славеничката и некој од гостите, час одат во друга просторија да дискутираат за пораките кои им стигнуваа на телефоните. Сметајте дека ова се случуваше во петокот, кога ВМРО објави дека имале ново мнозинство. Врвот се достигна кога на сред прослава го уклучија телевизорот, за да го гледаат meltdown-от на балванот Борјан на Тв21.
