Ај вака, со ладна глава.
Првин, не гледам дека тимов може било како да ја сврти работата во нивна полза и да го задржат тренерот уште неколку кола. Мегваер е пропаднат со самодовербата сезонава, и не е ни 20% од ланскиот играч. И доколку сезонава требаше да биде уште еден исчекор напред, сега ке биде само чиста демонстрација за тоа каков тренер е Оле. Она во кое што се сомневавме до лани, дека има некако напредок, но дека не е тренер кој ке му донесе големи титули на Јунајтед, станува јасно како ден од почетокот на сезонава.
Некои од работиве на терен ми се едноставно шокантни за гледање. Пола тим игра пресинг, нешто што не ни е форте со Роналдо во тимов, другата половина не знае како да се покрие за првите. Го гледав Гринвуд за првиот гол, како иницијален виновник за текот на настаните кои се развија потоа. робертсон успеа да стигне во нашиот шестнаесетник и да се понуди како опција за проигрување на кеита. Гринвуд остана на центар линијата, иако неговиот играч ја почна акцијата за гол. Од друга страна, го гледав Фоден, кој секој играч за кој е задолжен во одбрана, си го брка до крај. Разликата во тренерите ке ја видиш во таквите детали кај младите играчи. Едниот очигледно спремен со прецизни инструкции кога да игра пресинг, и да си го брка играчот до крај, другиот... Фоден го играше против ливерпул на десната страна, зеде MOTM, против Брајтон го играше лево крило и лажна 9-ка, пак МОТМ.
Генерално, фудбалот што го играме е шокантен. Играчиве изгледаат како да се прв пат на терен, а гледаш играчи во други тимови кои вчера направија трансфери, делуваат воиграно на терен. Грешки има во поставеност, пресинг, индивидуални грешки, бранење, формација, систем. Ова е одлика на тренер кој туку што стигнал во нов клуб и ги приспособува играчите на она што има намера да го игра, а не на некој кој 3 години тренира иста група на играчи. Мора промена, онака од корен, затоа што не смрди само во еден сегмент. Нема менталитет, нема борбеност. Знаците уште од почетокот на сезоната беа тука, со очајна игра против слаби противници. Оној меч со Јанг Бојс, каде земавме да се браниме како против прајм Барселона ми беше оној, литмус тест дека тренерот е најголемиот проблем во клубот. Ова денес беше потврда и на оние најтврдокорните што му даваа поддршка на тренерот.
Алармот е што ливерпул денес не беше со најјакиот состав, има фалеа фабињо и алкантара, и успеаа лесно да ни дадат 5 гола, и можеа уште толку. Генерално, не сум за менување тренери во тек на сезона, ама не гледам светло на крајот на тунелот, макар и 5 трансфери направиле во Јануари. Едноставно, премногу работи се погрешни.