Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
19 октомври 2021
Мислења
42
Поени од реакции
79
Од тебе трејдеру битолски тешко да се увредам :) Немаш намера да се расправаш ама фрустрациите на нереализирана личност у твои години се појаки од тебе и се јавуваш непрозван.
Neznam na koj mislis, jas sum od drugiot kraj na Makedonija, nemam nikakva vrska so Bitola i ova mi e prvo otvoranje na forumot posle nekolku godini koga ne temata imase sosema normalni clenovi.
Od ova sto go citam zabelezav deka si retko glupavo dete koe e krajno naporno, a nemam nisto licno protiv tebe imas milion temi kade mozes postojano da trubis so vakvi gluposti.
 
Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.684
Поени од реакции
21.160
Едно не ми е јасно, сме дошле многу далеку до што ? До тотален колапс ? Човеков се дрогира ? Збирштина од играчи и тренер без компас спремни за аматерска лига, претпоставувам на тоа мислел.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.360
Поени од реакции
7.558
#OleOut. Не ми е верно како успеа толкав дебил да испадне и да ги води работите како што ги води работите во последниов период, од тактички аспект.

1635107652160.png

Се утепавме од јадење трици за МекФред и средината воопшто, ама ова ни 3 кантевци не го покриваат. Директен кривец е тренерот и никој друг. Како побогу МекФред да покријат толкав простор? Дури и бројчано се инфериорни, 4 на 2ца им играат.
Не ми е прифатливо цела предна 4ка да дремат ко мисири, додека позадината е отворена ко паштета. Не е првпат ова да се случува.

Чим обични форумџии го приметиле, што побогу прават слепците во стручен штаб? Капак на се, и бековите често се надвор од позиција - дали ради покривање на просторов што е прикажан или зошто биле напред и не се вратиле.

Замислава не е возможна за изведување за човек од крв и месо.
 
Последно уредено:
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.370
Поени од реакции
6.969
#OleOut. Не ми е верно како успеа толкав дебил да испадне и да ги води работите како што ги води работите во последниов период, од тактички аспект.

Прегледај го приврзокот 311122

Се утепавме од јадење трици за МекФред и средината воопшто, ама ова ни 3 кантевци не го покриваат. Директен кривец е тренерот и никој друг. Како побогу МекФред да покријат толкав простор? Дури и бројчано се инфериорни, 5 на 2ца им играат.
Не ми е прифатливо цела предна 4ка да дремат ко мисири, додека позадината е отворена ко паштета. Не е првпат ова да се случува.

Чим обични форумџии го приметиле, што побогу прават слепците во стручен штаб? Капак на се, и бековите често се надвор од позиција - дали ради покривање на просторов што е прикажан или зошто биле напред и не се вратиле.

Замислава не е возможна за изведување за човек од крв и месо.
Види го само првиот гол. Бруно и Ронално беа најверојатно, се повлекуваат, Гринвуд решава сам да игра пресинг, отвара простор. Ван Бирсака, со големо закаснување оди да го покрие играчот покрај аут линија, се отвара уште една дупка. Линделоф трга да ја затвори таа дупка. Се на се во три потрега стигнаа во ституација да бидат два на еден пред шеснаесетник. Тотално без компас делуваат на терен. И што е најтрагично, ова се работи кои се повторуваат константно, што значи дека е тренерот, а не до некој кикс на играчот.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
244
Поени од реакции
437
Tuka e najgolemiot negov problem i nesto najmnogu sto mu zameruvam. Ovaa utakmica bese pecena za 3 5 2 ili 3 4 1 2 koja davase rezultati vo minatite sezoni. Od koja pricina uporno odi so glava vo dzid so 4 2 3 1, navistina ne znam.
Според мене 3 5 2 беше идеална формација за овој натпревар, а и за натпреварите кога играме со екипи од калибарот на Ливерпул. Па лани ПСЖ така го победивме во Париз и тоа со доста сигурна и убедлива игра. Би го играл Телес на местото на Рашворд, подобро ќе затвореше по левата страна а и доста можеше да помогне во нападот. Овој глупакот освен со Лидс и Њукасл сите други го прочитаа какао прводеленски буквар.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.190
Поени од реакции
9.195

Телез е тактичко самоубиство Рашфорд бар на 3 напревара 2 гола даде али многу слабо игра на сите 3 секако.
А напреварот со Њукасал го почнавме многу лошо да имаа подобар тактичар и тука че го јадевме последниот добар напревар ни е првиот против Лидс што го фативме набрзина и им учукавме голови после на контри ги цепевме ушасен старт имаме секој друг менаџер ќе се шутнеше.
 
Ne samo so PSZ, isto so Liverpul, Siti, Celzi se igrase taa formacija pred 2 sezoni cinam i davase dosta dobri rezultati. Od koi pricini odat so glava vo dzid sega ne mi e jasno. Duri i proslata sezona se proba so dijamant i tn. Ovaa sezona uporno 4-2-3-1...

Mi dojde edna ideja okolu mozen dobar kandidat dokolku se menuva menager (a sigurno nema da se menuva barem do reprezentativnata pauza sto e za 2 nedeli) koj bi mozel da donesi nesto podobro. Roberto Martinez iako i so nego ke bide tesko, no mislam deka barem ima sansi da bide dostapen za razlika od Flick, Tuhel...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.446
Поени од реакции
65.708
Види го само првиот гол. Бруно и Ронално беа најверојатно, се повлекуваат, Гринвуд решава сам да игра пресинг, отвара простор. Ван Бирсака, со големо закаснување оди да го покрие играчот покрај аут линија, се отвара уште една дупка. Линделоф трга да ја затвори таа дупка. Се на се во три потрега стигнаа во ституација да бидат два на еден пред шеснаесетник. Тотално без компас делуваат на терен. И што е најтрагично, ова се работи кои се повторуваат константно, што значи дека е тренерот, а не до некој кикс на играчот.
Фасцинантната работа е што го криват Шо за тој гол, бил надвор од позиција, а грешката настана далеку претходно, кога Гринвуд и Ван Бисака решија сами да играат пресинг.
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.190
Поени од реакции
9.195
Ne samo so PSZ, isto so Liverpul, Siti, Celzi se igrase taa formacija pred 2 sezoni cinam i davase dosta dobri rezultati. Od koi pricini odat so glava vo dzid sega ne mi e jasno. Duri i proslata sezona se proba so dijamant i tn. Ovaa sezona uporno 4-2-3-1...

Mi dojde edna ideja okolu mozen dobar kandidat dokolku se menuva menager (a sigurno nema da se menuva barem do reprezentativnata pauza sto e za 2 nedeli) koj bi mozel da donesi nesto podobro. Roberto Martinez iako i so nego ke bide tesko, no mislam deka barem ima sansi da bide dostapen za razlika od Flick, Tuhel...
И после Поч не освоил ништо и флоп од менаџер бил ами Мартинез бетер е и од Поч.
И не слободен нема да се отккаже од Белгија.
Автоматски споено мислење:

Фасцинантната работа е што го криват Шо за тој гол, бил надвор од позиција, а грешката настана далеку претходно, кога Гринвуд и Ван Бисака решија сами да играат пресинг.
Нападот исто треба да се стави на кантар со менаџерот очајни беа сите 3ца послебно крилните.
 
Член од
23 август 2015
Мислења
244
Поени од реакции
437
Телез е тактичко самоубиство Рашфорд бар на 3 напревара 2 гола даде али многу слабо игра на сите 3 секако.
А напреварот со Њукасал го почнавме многу лошо да имаа подобар тактичар и тука че го јадевме последниот добар напревар ни е првиот против Лидс што го фативме набрзина и им учукавме голови после на контри ги цепевме ушасен старт имаме секој друг менаџер ќе се шутнеше.
Телес би го играл затоа што може да помогне во дефанзива, и би ја покрил позицијата на Шо кога тој оди на централен бек. Рашворд центар не помина денес. Погледни како го примивме првиот гол против Аталанта и првиот гол што го примивме денес ќе видиш за што ти зборувам. Во формација 3 5 2 доста добро би легнал. Против екипи од калибарот на Ливерпул, Сити, Баерн да играш 4 2 3 1 е тотално самоубиство
 
dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
10.190
Поени од реакции
9.195
Телес би го играл затоа што може да помогне во дефанзива, и би ја покрил позицијата на Шо кога тој оди на централен бек. Рашворд центар не помина денес. Погледни како го примивме првиот гол против Аталанта и првиот гол што го примивме денес ќе видиш за што ти зборувам. Во формација 3 5 2 доста добро би легнал. Против екипи од калибарот на Ливерпул, Сити, Баерн да играш 4 2 3 1 е тотално самоубиство
Како сакаш играј го не помага ништо у дефанзива Телез само се губи и тоа не е на еден меч незнам само како не се сеќаваш.
И не е самоубиство 4231 формација туку имаме токмак од менаџер и мрзи кои мислат дека се во пикот на кариерата и не треба да се замараат со небитни работи како што се пресин и враќање назад да играат одбрана.
За следниот напревар со Спарси би ја седнал на клупа целата напаѓачка постава на чело со Рони и би има дал шанса на Кавани, Санчо и Марсијал/Џеси не дека овие ќе направат нешто повеќе само да им дојде од дупе у глава дека треба да се заангажираат повеќе.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.446
Поени од реакции
65.708
Ај вака, со ладна глава.

Првин, не гледам дека тимов може било како да ја сврти работата во нивна полза и да го задржат тренерот уште неколку кола. Мегваер е пропаднат со самодовербата сезонава, и не е ни 20% од ланскиот играч. И доколку сезонава требаше да биде уште еден исчекор напред, сега ке биде само чиста демонстрација за тоа каков тренер е Оле. Она во кое што се сомневавме до лани, дека има некако напредок, но дека не е тренер кој ке му донесе големи титули на Јунајтед, станува јасно како ден од почетокот на сезонава.

Некои од работиве на терен ми се едноставно шокантни за гледање. Пола тим игра пресинг, нешто што не ни е форте со Роналдо во тимов, другата половина не знае како да се покрие за првите. Го гледав Гринвуд за првиот гол, како иницијален виновник за текот на настаните кои се развија потоа. робертсон успеа да стигне во нашиот шестнаесетник и да се понуди како опција за проигрување на кеита. Гринвуд остана на центар линијата, иако неговиот играч ја почна акцијата за гол. Од друга страна, го гледав Фоден, кој секој играч за кој е задолжен во одбрана, си го брка до крај. Разликата во тренерите ке ја видиш во таквите детали кај младите играчи. Едниот очигледно спремен со прецизни инструкции кога да игра пресинг, и да си го брка играчот до крај, другиот... Фоден го играше против ливерпул на десната страна, зеде MOTM, против Брајтон го играше лево крило и лажна 9-ка, пак МОТМ.

Генерално, фудбалот што го играме е шокантен. Играчиве изгледаат како да се прв пат на терен, а гледаш играчи во други тимови кои вчера направија трансфери, делуваат воиграно на терен. Грешки има во поставеност, пресинг, индивидуални грешки, бранење, формација, систем. Ова е одлика на тренер кој туку што стигнал во нов клуб и ги приспособува играчите на она што има намера да го игра, а не на некој кој 3 години тренира иста група на играчи. Мора промена, онака од корен, затоа што не смрди само во еден сегмент. Нема менталитет, нема борбеност. Знаците уште од почетокот на сезоната беа тука, со очајна игра против слаби противници. Оној меч со Јанг Бојс, каде земавме да се браниме како против прајм Барселона ми беше оној, литмус тест дека тренерот е најголемиот проблем во клубот. Ова денес беше потврда и на оние најтврдокорните што му даваа поддршка на тренерот.

Алармот е што ливерпул денес не беше со најјакиот состав, има фалеа фабињо и алкантара, и успеаа лесно да ни дадат 5 гола, и можеа уште толку. Генерално, не сум за менување тренери во тек на сезона, ама не гледам светло на крајот на тунелот, макар и 5 трансфери направиле во Јануари. Едноставно, премногу работи се погрешни.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.360
Поени од реакции
7.558
Едно само не ми е јасно во целата ситуација, што е со играчите? Како амнезија да добиле и првпат да се на терен, како да не се познаваат меѓу себе. За вториот гол, Шо и Мегваер станаа прајм Фил Џонс и Смолинг. Како да не беа пред 4 месеци у страшна форма на ЕП + цела сезона газење.

Уште не ми е верно со кој памет одлучил да ги комбинира Рашфорд и Гринвуд (што по дефолт ич не трчаат назад) + Роналдо. Убав пример е Фоден, ама па и тој има тренер што 2 години не го мрдна на клупа, го наоштри ко гладно куче, за сега да гризе. Нашиов ко мајка да му е, само му прогледува глупости низ прсти.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.697
Поени од реакции
39.314
Буквално 7000 страни се испишани од кога Фергусон замина во пензија, и ништо не е сменето. Истите постови што се пишуваат денес се пишувале и тогаш, само што играчите се различни. Уште 7000 страни да се испишат нема ништо да се смени. Едноставно клубот е лошо воден веќе 10 години, и не може све преку ноќ да се смени.

Прво нема човек што ќе знае каква филозофија да се постави, нема темели кон кои ќе го градиш тимот. Не знаеме каков фудбал играме ние, а со ова не знаеш ни какви играчи да купиш. Се купува колку да се рече, да се задоволат фановите, или одредени тренери, па се бркаат тие тренери после 2-3 години, а играчите остануваат тука.

Второ се оставаат небитни играчи да дремат со години во клубов, им се продолжуваат договорите наместо да се продадат сместа, им се даваат огромни договори на исто така небитни играчи од кои после не можеме да се ослободиме. Клубов е станат како јакиве државни фирми, ај бе нека те бутнат таму ќе зимаш јака плата нема ништо да работиш. Јас уште се чудам како после толку години никаков успех, уште се конкурентни на пазарот и фрлаат пари за играчи како им дојде.

Реално Оле требаше да лета после поразот во ЛЕ. Тоа е, нема никаков напредок, фала многу за досегашното, пријатно.

Па и да се даде шанса на некаков анонимус, после една сезона ако не иде смени го. Демек ние се утепавме од освојување титули до сеа па ако оваа сезона не освоиме ќе биде трагедија.

И за крај, нема да има никаква промена и да го сменат Оле денес, ако остане истиот начин на функционирање како до сега, ако на Погба побитни му се фризурите него ли следната утакмица, ако Лингард зима 150.000 фунти неделно, ако се купуваат превари од играчи како Фред и Линделоф за 40-50-60М од сомнителни лиги, ако се натегаат за еден трансфер 2 години и слично.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom