Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 30.255
- Поени од реакции
- 67.120
Жално е тоа, затоа и го напуштив Твитер, ми се згади од вакви работи. Сега отворам само кога има некоја вест што ме интересира, избегнувам да читам коментари.Сега цел фокус е на Болдвин и читам некои веќе почнале да му копаат ствари од минатото.
Алек Болдвин веројатно никому на светов не му е омилен лик, ама тоа не е причина да го прогласат за убиец. Од тоа што прочитав од луѓе кои разбираат, вината најверојатно лежи во лицата кои се задолжени за оружјето. Освен ако истрагата не покаже дека направил нешто на своја рака без одобрение, глупаво е да се напаѓа човекот.



Секој сет во кој е инволвирано оружје е надгледуван од оружар и заедно со проп мастерот се грижат за овие работи и којзнае кои се шансите за вакво нешто да се случи, верувам дека до крај ќе се истражува ова. Огромна трагедија.
