Foundation

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.882
Поени од реакции
30.801
Каква вест начекав денес, скокав од радост. :vozbud:

Базирана на книгите Фондација на Исак Асимов се најавува серија.
Едни од моите омилени книги и баш ме интересира како ќе излезе сето ова и се надевам искрено нема да разочараат.

Z

zmej gorjanin

Гостин
Книгите од кои беше инспирирана Star Wars.

Имаше критики серијава ради менувањето на половите и расите на некои од ликовите во книгите.
 
Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.753
Поени од реакции
1.022
Каква вест начекав денес, скокав од радост. :vozbud:

Базирана на книгите Фондација на Исак Асимов се најавува серија.
Едни од моите омилени книги и баш ме интересира како ќе излезе сето ова и се надевам искрено нема да разочараат.

Ова е одлична вест ( и мене ми се едни од омилените СФ романи Фондациите ) , само незнам колку добро можи сето тоа да се претстави на ТВ . Има некои работи таму кои незнам како би се прикажале ( едно е да го читаш нештото а сосема друго да го гледаш снимено истото нешто ). Башка што сега со ова политичкава коретност и засиленово ЛГБТ лоби на филм и ТВ , се плашам дека се ќе испревртат (полови , раси итн. ) . А и овај трејлеров некако ми е чуден и во него гледам работи што немаат врска со содржината на серијалот .
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.882
Поени од реакции
30.801
Ќе има доволно материјал за дискусија секако.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
Уште лани беше најавена, сега излезе нов трејлер со датум на премиера.

Досега сите обиди да се екранизира некое дело од Асимов завршиле со потпросечни остварувања. Оваа серија можеби и ќе биде добра, но заедничко со книгите ќе бидат само насловот и имињата на ликовите.
Башка што сега со ова политичкава коретност и засиленово ЛГБТ лоби на филм и ТВ , се плашам дека се ќе испревртат (полови , раси итн. )
Гал Дорник, Салвор Хардин и Ето Демерзел се жени, Дорс не се појавува, а има некои браќа што ги нема во книгите.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Уште лани беше најавена, сега излезе нов трејлер со датум на премиера.

Досега сите обиди да се екранизира некое дело од Асимов завршиле со потпросечни остварувања. Оваа серија можеби и ќе биде добра, но заедничко со книгите ќе бидат само насловот и имињата на ликовите.
Гал Дорник, Салвор Хардин и Ето Демерзел се жени, Дорс не се појавува, а има некои браќа што ги нема во книгите.
Во самите книги, 90% од ликовите се мажи, sausage party ќе биде за денешни стандарди. На првиот трејлер ги исклучија коментарите од што ја сереа многу. :)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564
Во самите книги, 90% од ликовите се мажи, sausage party ќе биде за денешни стандарди. На првиот трејлер ги исклучија коментарите од што ја сереа многу. :)
Немам ништо против да сменат пол на некој од ликовите, па и афинитет ако е толку зорт. Не е тоа суштинско за ликовите.

Но, ова е Салвор Хардин, со пушка на грб. Тоа е суштествено спротивно од ликот на Хардин во книгите. Затоа велам, базирано на она што е досега презентирано, ова е нова серија која само има ист наслов како серијалот на Асимов.

Ова е мислам

1625068245737.png
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.749
Поени од реакции
2.564

Ptolomej

Дрвен адвокат
Член од
7 август 2005
Мислења
1.753
Поени од реакции
1.022
Уште лани беше најавена, сега излезе нов трејлер со датум на премиера.

Досега сите обиди да се екранизира некое дело од Асимов завршиле со потпросечни остварувања. Оваа серија можеби и ќе биде добра, но заедничко со книгите ќе бидат само насловот и имињата на ликовите.
Гал Дорник, Салвор Хардин и Ето Демерзел се жени, Дорс не се појавува, а има некои браќа што ги нема во книгите.
Значи каша-попара направиле. А што се однесува до ликот на Хардин , типот не е никаков војник или слично за да биде со пушка на рамо ( башка што е идиотски да биде жена во серијава ) .
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Какво совршенство од sci-fi. Врв во секој смисол: приказна, дијалози, глума, cgi, филмски продукциски сет, костимографија, кинематографија, се е врв. Имам чувство дека вакво високо ниво на шоу не сум гледал од Game of Thrones. Знам дека е доста серено пошто не е копија на книгите на Асимов, јас ги немам прочитано (срам да ми е). И според реакциите, нема никаква врска со дејствието од книгите, освен имињата на ликовите, но за секој неутрален sci-fi љубител кој мака мачи да најде нешто квалитетно да изгледа, ова е оргазмично да се гледа. Сега за сега, после само две епизоди, би го ставил во група со Raised by Wolves и The Mandalorian, кои ми се омилени. Особено топла препорака за сите Star Wars фанови, ова ви е Star Wars за возрасни.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Петтата епизода беше :vozbud::vozbud: Какви кадри, какви прекрасни бои, какви пејзажи, какво живописно небо.:oleee:

Ентериерот во вселенските летала исто, се делува како да дошло од иднината на човекот, не како бедна импровизација од гаџети кои и денес ги имаме.
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.672
Поени од реакции
34.139
Шеста гледавте?
Yes. Kako da smenile stil vo 6 ili mene taka mi se cini? Mnogu poveke me potsekjase na film.

5ta mi bese malku dosadna ama ako gledame od podalecna perspektiva i treba vakvi epizodi za character development ili po moderno "filer epizodi".

Predviduvanjata na Harry i prikaznata okolu Gaal ne mi se tolku interesni kolku spravuvanjeto okolu toa na brother dawn/day/dusk.

Da moze ja bi ja binge-al.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom