Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
али како погодил двајца бе? или било позади некој ѕид па не можел да види кај пука, али двајца да скинеш? Ај сфаќам некого да погоди али не е еден човек у ситуацијава.
Веројатно снимале, пукал кон камерата, двајцата биле зад камерата.
 
Го гледав Dune, сега. Пред многу години и оној на Линч, повеќе пати, како и англиската мини серија, а и книгите тогаш ги прочитав. Филмов повеќе се држи до нив, отколку верзијата на Линч (кој е и постилски направен), а помалку од мини серијата.
Ми се допадна, но не пробива некакви плафони. Компетентно направен филм, со сите технички задачи правилно извршени, добар кастинг и се друго, али ништо посебно натпросечно. Не верувам дека некој нешто многу ќе се потресува и ќе го чека продолжетокот. Ги исполнува стандардите, али не иде многу над.
Иделошки, веројатно, морало да биде загаден, што не му помага ич.
 
Последно уредено:
Алек Болдвин ги упуцал сценографот и режисерот со пиштол кој бил наменет за снимањето (prop gun) :shook:
Одма ме потсети на трагичното заминување на Брендан Ли. :( Секој сет во кој е инволвирано оружје е надгледуван од оружар и заедно со проп мастерот се грижат за овие работи и којзнае кои се шансите за вакво нешто да се случи, верувам дека до крај ќе се истражува ова. Огромна трагедија.
 
Еве добра нишка во која е објаснето која е улогата на актерот кога се работи за користење оружје на сет:

 
Еве тука може да се сложиме, не викам не.

Иначе само што си дојдов од премиера на Dune.
Визуелни ефекти, музика, камера, приказната... перфекција. @123456 одма да објасниш што е со 2ката :D

Во трејлерот имаше повеке акција, мислев ке има доста дрмање а испадна чиста драма, ако тоа му било планот на Денис тоа е друга работа.
 
Еве добра нишка во која е објаснето која е улогата на актерот кога се работи за користење оружје на сет:


девастирана за болдвин, а за утепаниве никој не е, они се колатерална штета.
 
Еве добра нишка во која е објаснето која е улогата на актерот кога се работи за користење оружје на сет:

Одлична нишка. Ние снимавме пред две години филм во кој армијата соработуваше со нас и имавме куп оружје за некои сцени, но во професионални услови ништо не може да се случи. Иако сме папокот на светот сепак се придржуваме по стандарди. Макар и да е за еден кадар во кој треба да се прикаже пиштол или слично мора да викнеш оружар (кај нас тоа го прави еден ветеран кој доаѓа со екипа во зависност од тоа колку оружја се во прашање). Се ова се спрема во претпродукција - цела екипа добива план на снимање и знае кои реквизити ќе се користат каде и кога, и во деновите кога е инволвирано оружје не се почнува со проби и снимање додека не одобри оружарот. Сега цел фокус е на Болдвин и читам некои веќе почнале да му копаат ствари од минатото.
 
Сега цел фокус е на Болдвин и читам некои веќе почнале да му копаат ствари од минатото.
Жално е тоа, затоа и го напуштив Твитер, ми се згади од вакви работи. Сега отворам само кога има некоја вест што ме интересира, избегнувам да читам коментари.

Алек Болдвин веројатно никому на светов не му е омилен лик, ама тоа не е причина да го прогласат за убиец. Од тоа што прочитав од луѓе кои разбираат, вината најверојатно лежи во лицата кои се задолжени за оружјето. Освен ако истрагата не покаже дека направил нешто на своја рака без одобрение, глупаво е да се напаѓа човекот.
 
Само Incendies и Prisoners вредат од Вилнев.
Prisoners е одличен, Incendies е неверојатен, ме извади од памет филмот на времето. Blade Runner ти е многу кул филм, еден од ретките римејк филмови кои ме немаат разочарано.
 
Не си ги претставувај сопствените ставови ко универзално прифатен став од секого, само тие вределе и толку, едноставно така мора да е. За вкусови не се дискутира, ама дека само тие вредат од него маломорген, тоа што не ти се допаднал некој филм или не си бил способен да го сфатиш, или не си се замарал да го сфатиш зашто темата ти била досадна, под дифолт не го прави тој филм лош, нити пак дека едноставно не вредел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom