Граматички правила и правопис

  • Креатор на темата Креатор на темата Мартин$
  • Време на започнување Време на започнување
Североисточна Македонија и Скопска Црна Гора ја употребуваат формата збора( сто збора да кажеш џабе ти е ;) ), останатиот дел на Источна и Југоисточна веќе имаат друга форма и кај нив е зборове( зборовето не са важни...:D), се’ останато обично за едноцифрените ја користат формата збора, а над 10 е веќе зборови. Арно ама бидејки јазикот е жива материја, под влијание на литературниот јазик и мнозинството, се’ повеќе преовладува формата зборови.

Па добро, еве и во Кочани а и во Штип најчесто се користи "збора" или "дена" наместо "зборови" и "денови".

Ова со "е" на крајот - "зборове" е повеќе карактеристично за Малешевијата и чинам струмичко-радовишкиот дијалект.
 
Стари штипјани(и кочанчани исто, ама со нив сум немал така подолготраен контакт) си ја користеа формата зборове како ништо, затоа и реков жива материја, под влијание на литературниот почна да преовладува формата зборови!
 
Тоа се тие единици кои вообичаено ги гледаме на мапа.

Кај се ставаат запирки у реченицава?
Ја мислам вака:

Тоа се тие единици, кои вообичаено, ги гледаме на мапа.

али ич не сум сигурен
 
Тоа се тие единици кои вообичаено ги гледаме на мапа.

Кај се ставаат запирки у реченицава?
Ја мислам вака:

Тоа се тие единици, кои вообичаено, ги гледаме на мапа.

али ич не сум сигурен
Сосема солидна си е реченицата и без запирки, мислам.
Максимум една запирка, таа првата, оваа втората, никако.
 
Сосема солидна солидна си е реченица и без запирки, мислам.
Максимум една запирка, таа првата, оваа втората, никако.
Па пред да кажам што мислам, ептен бев измеѓу двеве опции. А знаев и дека може да е и без запирки. Ич не бев сигурен.
 
Тоа се тие единици кои вообичаено ги гледаме на мапа.

Кај се ставаат запирки у реченицава?
Ја мислам вака:

Тоа се тие единици, кои вообичаено, ги гледаме на мапа.

али ич не сум сигурен
Мислам дека не треба запирка.
А може и да има само после главниот дел од реченицата.
Би требало двете да се точни. Еве, ако има некој професор по македонски јазик на форумов нека каже. И мене ме интересира.

Кога речениците се во инверзија (прво зависниот па после главниот дел, што е исклучително ретко), тогаш обавезно се пишува запирка. Вака, како што ти е сега, може, но и не мора да има запирка после првиот дел од реченицата.

Мене ме интересира, како се пишува надреден знак над и буквата?
 
Еве, ако има некој професор по македонски јазик на форумов нека каже. И мене ме интересира.

Мене ме интересира, како се пишува надреден знак над и буквата?

Не треба запирка во реченицата на Берик.

Надреден знак над Ѝ се пишува кај кратката заменска форма од НЕЈЗЕ Ѝ за да се разликува од И како сврзник.
 
Не треба запирка во реченицата на Берик.

Надреден знак над Ѝ се пишува кај кратката заменска форма од НЕЈЗЕ Ѝ за да се разликува од И како сврзник.
Абе знам кај се пишува, туку како се пишува електронски. Знам како се пишува за е, за и не знам :ROFLMAO:.
 
Абе знам кај се пишува, туку како се пишува електронски.

Кај мене на лаптоп е под Esc, (~) копчето на тастатура кога пишувам со македонска поддршка.
А од мобилен SwiftKey Keyboard. :D
 
Кај мене на лаптоп е под Esc, (~) копчето на тастатура кога пишувам со македонска поддршка.
А од мобилен SwiftKey Keyboard. :D
На телефонов, кога користам македонска поддршка, нема опција за и со надреден знак. Цел живот го копирам. На лаптоп, треба да проверам под ESC.

Благодарам, во секој случај.
 
Мене ме интересира, како се пишува надреден знак над и буквата?
 
На телефонов, кога користам македонска поддршка, нема опција за и со надреден знак. Цел живот го копирам. На лаптоп, треба да проверам под ESC.

Благодарам, во секој случај.
...има, како нема, ќе ја ,,повикаш" таста со бројки ги има по ред 1234567890+×÷=/_€£¥₩!@#$%^&*()-':;,? после тире, има ' пример како би изгледало ,,мајка и' ,,
 
На телефонов, кога користам македонска поддршка, нема опција за и со надреден знак.
Не ти дава ни кога држиш подолго на буквата "и"?

Кај мене вака дава:

Screenshot_20211017_183239.jpg
 
Не ти дава ни кога држиш подолго на буквата "и"?

Кај мене вака дава:

Прегледај го приврзокот 310207
Не дава, ниту за и, ниту за е. Генерално до сега кога користам е, користам е од англиска поддршка (таму ми дава вака со задржување на е буквата), и кога користам ја копирам или едноставно не ја користам :D .

Со таа swiftkey keyboard вчера пробав, океј беше, само треба да прочепкам некои функции.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom