- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.591
Па добро, еве и во Кочани а и во Штип најчесто се користи "збора" или "дена" наместо "зборови" и "денови".Североисточна Македонија и Скопска Црна Гора ја употребуваат формата збора( сто збора да кажеш џабе ти е ), останатиот дел на Источна и Југоисточна веќе имаат друга форма и кај нив е зборове( зборовето не са важни...), се’ останато обично за едноцифрените ја користат формата збора, а над 10 е веќе зборови. Арно ама бидејки јазикот е жива материја, под влијание на литературниот јазик и мнозинството, се’ повеќе преовладува формата зборови.
Ова со "е" на крајот - "зборове" е повеќе карактеристично за Малешевијата и чинам струмичко-радовишкиот дијалект.