FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
индиска музика, кокаин, бела гака ,црвена чорапа и тоа дреч до потколеници натната :D
најдобар момент беше од 25мин до 26мин кога момакот им вртеше на девојките на телефон.
1/5
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.389
Chungking Express не е филм кај што акцентот е ставен на приказната, на заплетите и сл. туку на карактерите: нивните чувства и емоции, нивното понашање, навики, желби. Имаш две технички недопирливи ситуации на кои заедничкото им е heartbreak, меланхолијата, тагата и осаменоста. Не знам.. мене ми беше нов и убав овој начин на следење на повеќе карактери отколку осредоточување на еден или двајца на кој сме навикнати кај повеќето филмови. Повеќето филмови на Карвај се токму вакви, со тоа што се менуваат ситуациите во кои се наоѓаат ликовите.
А од аспект на технична гледна точка, филмов е преубав со својата стилизираност. Кога би ме прашале мене, не би ми биле потребни нити диалози, би ги гледала само неговите снимки со песни во позадина.


Глеј го ова, мене ми беше интересно.

Хејтер:D
Ништо од ова не видов. Т.е видов ама не беше убаво раскажано. Т.е беше убаво раскажано ама на глуп начин, на некој кинески комичен начин.
А и ако почнеме да ги анализираме сите 3 ипол карактери... :D

Oд техничкиот аспект Ентер д Воид е свемирски брод за овој.

Тарантино патем, ми е омилен режисер ама никогаш се неам согласено со него за било што. Нека не замара и да пафта со рацете.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.240
Поени од реакции
3.137
Chungking Express

Го имав филмов во watchlist одамна, ама никако да го гледам. Кога почна и кога видов сцени со 12fps мислев дека ќе биде ептен тиња, сепак потоа ми привлече внимание и си реков може ќе биде добро филмче, ама после некое време ми стана досаден и воопшто не ме интересираше што ќе се случува.

5/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Chungking Express

Ах, погрешив.
Не ми лежат бе вакви филмови, не ми лежат.
Within 20 minutes ме потсети на убер преценетиот In the Mood For Love и ми се јави другар и му кажав шо глеам и на шо ме потсети, он не го гледал но изгледа знаеше дека е од истиот режисер...
Неќу вакви глупи романтики. Лефтерни, поетични, лабави. Демек треба да се палам на лефтерноста, и колку е едноставен филмот, и колку ни покажува некој реален живот, и така ноќе нешто квартови Кина, мали ресторанчиња, светлечки реклами... да не праиме муабет и дека пробуваше да ми протне некој ноар вајб...
на ова може @wot да се пали дур ја гледа чачкалицава азијатка како си денса во некое мизерно ресторанче си пее California Dreaming (патем можеа уште 17 пати да ја пуштат во филмот, не е проблем) и вика „ја слушам гласно музика затоа што иначе ќе треба да мислам“ сфаќаш она е лефтерна го живее животот нема што да мисли ме капираш брат.

Ма ајде ти се молам
5.5/10

1633904420944.png
знаев бе знаев хахаа
 
Последно уредено:

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Chungking Express (1994)

Филмот е лиричен и на него треба да се гледа како на поезија. Како да се искуси страдањето по раскинување на долга врска и да се влезе во чевлите на младиот полицаец кој трчаше за да нема течност во телото што би останала за солзите, или оној што ги тешеше предметите во собата кои тагуваа по неговата бивша, или да се биде ладнокрвен како жената што носеше дождовен мантил и очила за сонце оти никогаш не знаеме кога ќе биде сончево, а кога ќе врне. А како инфантилно се однесуваш инфериорно, како ликот на Faye, кога се заљубуваш и глумиш дека не ти е гајле за личноста.

И како ситните навики кои те исполнувале претходно ги задржуваш оти те потсеќаат на саканата личност.

Имам еден другар што викаше дека никогаш не сака да го напушти Скопје поради спомените, кога се движи во секој агол од градот му навираат сеќавања. Кога чекал автобус со рандом личност и какви разговори правел со неа, поради клупата на која ја доживеал првата заљубеност, поради топлата шолја чај што ја испил во чаршија и како кога се движи на тие локации прават да се чувствува дека тука припаѓа и дека Скопје е негов идентитет и дека никаде на друго место во светот нема да ги гледа тие духови од минатото кои го прават тоа што е. Ликот е поет и тогаш тоа ми изгледаше малку претерано, но мислам дека со овој филм успеав малку да го дофатам тоа што го зборуваше.

Режисерот ја доловил меланхолијата правејќи омаж од ликови и моменти и како сакаше да нѐ натера да ги цениме истите токму поради нивната минливост.

Обично сакам филмови со убава нарација во која всушност нешто треба да се случи, но иако овде не се случи ништо особено мене ми легна саат, два по гледањето кога остана само чувството. А чувството и искуството на крајот од едно уметничко дело се тоа што е најважно за мене, всушност и затоа читам книги и гледам филмови.

Ова испадна долго. Нека биде 8/10 од мене.
 
Последно уредено:

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Chungking Express (1994)

Ех, и јас би сакал овака поетично да го доживеев филмот, но за жал кај мене не пробуди такви чувства, за жал не побуди никакви додека го гледав, бев како рамна линија цело време, помалку збунет од што да очекувам.

Светот полн со неонски бои, камера која сецка и блур на позадината, константни движења ми даваа некое ретро чувство од тој период, и иако ми се допаѓаше визуелно, не успеа да ми побуди нешто подлабоко.
Некој беше го споредил со In The Mood for Love, но јас не гледам никакви сличности меѓу нив. Таму беше акцентот ставен на приказната, на тензијата и страста меѓу карактерите, камерата најчесто покажуваше симетрија, жарки црвени бои и ја доловуваа ситуацијата во која се наоѓаа актерите. Овде, од гледање на филмов, иако требаше да ми развие чувство на меланхолија, тага и носталгија можеби, мене ми предизвика збунетост и некое недефинирано константно движење и барање на промена.
Музиката беше одлична, иако премногу репетитивна.
Како што веќе кажаа, изгледа ова е филм кој и јас не го разбрав, но далеку дека беше нешто лошо да се гледа.

6
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
CHUNGKING EXPRESS

Прекрасен филм! Еден од најубавите во новата ера на Клубов. По атмосферата многу ме потсети на „Норвешка шума“ и „Јужно од границата, западно од сонцето“ од Харуки Мураками. Па дури и некои елементи беа идентични: присуството на луди жени во кои се вљубуваат скршени, навидум трајно оштетени момци, многу меланхолија, dream-scapes-ите, лајт-мотивот е песна од Западот (тука „California Dreaming“, а во „Норвешка шума“ - „Norwegian Wood“ од Битлси), итн. По фиксирањето на главниот лик за предметите кои раскажуваат цели приказни, пак, ме потсети на „Музеј на невиноста“ од Орхан Памук. Преубави беа сцените во кои полицаецот разговараше со плишаните играчки, со облеката која ја носеше девојка му, па дури и со крпчињата кои „плачеа“ зашто ја нема. Поубав приказ на една меланхолична душа не верувам дека некој би можел да претстави. Ова беше еден лирски филм, од оние кои не раскажуваат, но прикажуваат: состојби, емоции, времиња, мигови, сеќавања... Уживав во секоја секунда! Дури, по крајот, враќав некои од сцените за да ги почувствувам истите убавини повторно. Ми фалеше можеби момент да ме натера да сочувствувам повеќе со некои од ликовите, затоа се двоумев дали да му дадам 9 или 10, но иако не ми беше баш чиста десетка, овде му ја давам највисоката оценка, зашто навистина убаво се чувствував додека го гледав. Фала ти @__Vita____ за предлогот! Реков 10/10.

Јас повеќе ја сакам оваа верзија:

а веројатно сите тука повеќе се сеќаваат на оваа:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Должам анализа:

THE DARK VALLEY го гледаа сите 15 активни членови на клубот и му дадоа средна оценка 6,4. И не беше така тешко ова!

За CHUNGKING EXPRESS остануваат уште 2 дена и малку. Потсетување за @Комита Ултрас , @moongoses , @Violetova , @Shawn Spencer , @Corvus и @grande-juve да го глеаат, кој не го гледал, и да истипкаат нешто во темава за тоа колку (не) им се допаднал.

Потсетување и за @__Vita____ и @Афродита да пишат оценки. :P
@Джонтра Вохохолта
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Е да, уште ова заборавив да го додадам горе... Мене страшно ме потсети на 2046. Боите, движењето на камерата, испреплетени и нејасни приказни, збунувачко - хаотично чувство... Само што таму дејствието на приказните беше сместено во иднината, овде, во сегашноста.
На кој му се допадна овој, нека му даде шанса и на тој.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Chungking Express

Ова е еден од оние арт филмови кои не се гледаат за да се разберат, туку да се почуствуваат. Или ќе се поврзеш со филмот и ќе ти биде неповторлив доживљај, или нема и ќе си останеш со прашалниците над глава, hit or miss. За мене овој филм беше дефинитивно miss, филм кој што на времето ќе беше познат како „не е за секого“, и навистина не е, ама тоа не го прави филмот лош или глуп или штодае. Структурата не ми се допадна - премалку имаше од првата приказна со детективот и со плавушата, а на сметка на тоа премногу од вторава со полицаецот и стујардесата, оттука може да извлечеме заклучок дека главниот лик во филмов беше тој газдата на сендвичарата зашто него го имаше во двеве приказни.

Кога се работи за содржината на филмов, тука најмногу се разделуваме со „hit“ групата, тоа што нив им е кјут, aww, смешно, интересно во филмот мене ми правеше супер кринџ и непријатно. Азијатве секогаш за вакви работи ми одат overboard, едноставно со нив мора се да е екстра, не може ништо да е на некое нормално ниво. Ако некој се осеќа осамено после раскинување мора да збори со предмети, ако некоја некого свиѓа мора да му провалува у стан и да му брише прашина низ дома, ако некој чека цел месец бившата да му се јави ќе изеде 30 конзерви ананас во една ноќ, и така натаму...

Не би сакала да ја дисекцирам секоја сцена, ама таа што најмногу ме запрепасти беше кога Фаје (така се изговара? Не знам.) најде долго црно влакно од коса на креветот негов.... и се скина од смеење. what? Нели го свиѓаше оваа, зошто се радува дека овој се гледа со друга? Дека продолжил после бившата? Дека ќе може сега да ја сака? Не знам. Девојката прелета цел океан за да избега од него, не знам што да кажам. Каква е оваа романса каде што девојкава конечно договара дејт со него, and takes his love for granted кога решава да го остави да ја чека цела година без никакво објаснување? Па не заслужи да ја чека тбх, Фаје е негативец во приказнава не сфаќам што е тоа што се романтизира? Тоа што е интроверт, смотана со 0 social skills и му буричка по станот, и за 1 година како стујардеса се препородува во нова личност која што нема никаков resemblance со личноста во која што овој се заљуби?

Инаку омилен лик од филмов ми беше плавушата, штета што сегментот со неа беше ептен краток и не ја гледавме повеќе, ептен бедес и беше ликот, би гледала цел филм со нејзините патешествија, дилање дроги, пукање у луѓе итн, можам да ја замислам у некој Blade Runner сетинг, топ филм би бил.
Газдата на сендвичарата ми беше позитивен лик, интересни ми беа сцените со него и во двата сегмента.
Имаше по некоја смешка тука и таму, мислам дека не потфрли од тој аспект, за филм кој се занимава со раскинување и хартбрејк доста позитивен филинг имаше филмов и тоа ми се допадна, ама како што кажав, приказната и ликовите ми беа ептен оверборд и не можев да се поврзам воопшто.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Не би сакала да ја дисекцирам секоја сцена, ама таа што најмногу ме запрепасти беше кога Фаје (така се изговара? Не знам.) најде долго црно влакно од коса на креветот негов.... и се скина од смеење. what? Нели го свиѓаше оваа, зошто се радува дека овој се гледа со друга? Дека продолжил после бившата? Дека ќе може сега да ја сака? Не знам.
Јас тоа не го сфатив така, туку дека бараше негово влакно, баш дека го сака.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Chungking express <3

Филмов го гледав почеток на мај негде и одма ме освои со својата поетичност. Репликите се out of this world. Ретко се гледа филм кај што нема да прочиташ пцовка и ќе нема мадерфакери, ихос де путас, путанас и така натаму, овде нема.

Две реални приказни споени во една сага за невозвратена љубов, за раскинување и љубовни таги. Прикажано без патетики ко евтините американски ром-комедии. Реални ситуации, реални размислувања, доста реален филм.

Единствена работа што ме нервираше беа првите две-три минути со растрчаниот камерман со што и камерата се мрдаше лево-десно и ме болат очи од таа сцена.

Сè друго си беше на место, и приказна и реплики и глума и музика и неонски светла и тоа што гледав како ликот на четири јазици ја прашува типката дали сака ананас, како претходно изеде 30 конзерви, и тоа како другиот полицаец си правеше муабет со предметите дома, и тоа како цурана си денсаше на California dreaming. :love:

Дел од поезијава што ја гледавме:

„Пасвордот е: Те сакам 10.000 години.“

„Сите сме имале скршено срце некогаш. Кога ќе ми се случи мене, одам да трчам. Со трчањето телото губи вода и не ми доаѓаат толку солзи за плачење.“

„Раскинавме на први април, па тоа го сфатив ко шега. Подготвен сум да се шегувам со неа цел месец. Секој ден купувам конзерва ананас со рок на траење до 1 мај, бидејќи Меј обожава ананас, а јас сум роден на 1 мај. Си велам, ако Меј не се врати до денот кога ќе имам купено 30 конзерви, ќе истече и нашата љубов.“ :love:

„Кога сè почна да има рок на траење? Конзервите риба се расипуваат, сосот за месо се расипува, дури и пластичните фолии имаат рок на траење. Почнувам да се прашувам: постои ли нешто на светот што е вечно?“ :love:

„Луѓето велат кучето е најдобриот пријател на човекот. Ако е така, зошто тогаш моето не ја дели тагата со мене?“ :love:

„Има една песна 'Љубовта умира в зори'. Така се чувствувам сега. Како да ја заборавам Меј? Си велам дека ќе се заљубам во првата жена што ќе влезе во барот.“ И влегува типката и овој ја прашува на четири јазици Дали сака ананас, еј. Кој пик ап лајн, цар! <3

„На 1 мај 1994 една жена ми честита роденден. Сега никогаш нема да ја заборавам. Ако сеќавањата некогаш се пакуваат во конзерви, се надевам никогаш нема да се расипат. Ако мора да бидат на некој рафт, се надевам ќе траат 10.000 години.“ :love:

„Откога си замина таа, сè во станот е тажно. Морам да ги утешам сите (предмети) пред да си легнам.“ :love:

За оцена мислам доволно говори и сличево кај што гордо го носи второто место на омилени филмови на мојот профил. Ако не е јасно од слика 10000/10. :love:

1634332348300.png

PS. и песничево одеше у позадина едно два-три пати и е супер за чилање.
It's not every day we're gonna be the same way
There must be a change somehow
There are bad times and good times, too
So have a little faith in what you do
 
Последно уредено:
Член од
23 јули 2019
Мислења
406
Поени од реакции
2.760
Chungking Express (1994)

Првиот филм што го гледав од Карвај беше In the Mood for Love и тотално се заљубив, па си реков дека сакам да изгледам повеќе негови филмови. И така следниот беше Chungking Express, and man, I fell in love even more! Едноставно ја обожувам естетиката во неговите филмови: неонските светла, контрастот помеѓу боите, “искреноста“ на камерата во сцените кога ликовите се бркаа по полните улици на Хонг Конг, па заедно со нив, ти се тресе и твојата глава. Во однос на камерата, In the Mood for Love е различен, посмирен и со симетрични кадри во кои најчесто Карвај своите ликови ги поставува во фиктивни затворени квадрати со цел да посочи на нивната оддалеченост, отуѓеност... Идентично, но на тотално различен начин, во Chungking Express имаме отворен простор во кои ликовите се поставени меѓу голем број луѓе, но се повторно меѓусебно оддалечени, отуѓени и сами, што ако ме прашате мене, многу помоќно ја доловува таа реалност. Што се однесува до репетитивните песни, не мислам дека беа пуштани по 100 пати бидејќи режисерот немал други идеи, напротив, зарем не поминува недела а да не слушнете една иста песна по 5, 10, 15 пати? Зарем не наоѓаме некоја утеха или комфорт во повторувањето (на песна..навика.. посета на место.. филм..). Во In the Mood for Love е иста ситуација - цело време повторување на една прекрасна мелодија која даваше посебна длабочина на сцените (не сакам да испадне дека правам споредба со двата филмови, ама не можев да не го спомнам).
Во филмов се' имаше смисла. Дури и конзервите. Да, јас тие ги сфатив како алузија на љубовната врска или, цитирајќи го полицаецот 223: „You realize what goes into making a can of pineapple?! ... And you just throw it away! How do you think the pineapple feels?“. Толку многу вложување, градење, за на крајот да сфатиш дека и врската не е отпорна на рокот на истекување. Исто така ми се врежа в глава и репликата на заводливата “плавуша“ во мантилот: „Actually, really knowing someone doesn't mean anything. People change.“ Зарем не беше така со првата девојка на Полицаецот 663? Препуштена на навиката на “the chef's salad“, одеднаш добива fish and chips, ја пробива мембраната на навиката а со тоа и ја прекинува врската која веќе одамна преминала во навика.
А кога ќе се прекине таква врска, зарем не ни годи некој да го „исчисти„ нашиот стан во главата? Макар и да не го чисти со цел да биде негов наемник. Понекогаш е потребно да се сменат навиките, искинатата крпа или чаршавот со флеки. Понекогаш ние немаме сила за тоа, или не сме свесни за тие работи што треба да се сменат. Понекогаш тоа го прави некој друг, намерно или наивно. Фаје го правеше токму тоа. Но таа немаше на ум засекогаш да остане таму. Дури ни последната сцена, кога му издаваше „билет“ на дечкото не беше ситуација што гарантира среќен крај, напротив, само укажуваше на идејата дека ние луѓето сме како возови кои се во постојано движење. Некои знаат која е нивната цел, а некои не. Некои се сретнуваат на исти постојки, се задржуваат и потоа заминуваат, некои остануваат засекогаш на постојката, а некои не се ни среќаваат. Убавината во овој филм, а и општо во животот, е токму во тие несреќавања, во тие разминувања, во среќавањето на тие празни погледи на улица кои можеби некаде, некогаш, биле поблиски.

Chungking Express всушност требало да биде филм со три приказни, но снимањето на третата приказна многу се одолговлекувало, па Карвај се одлучил да оди само со овие две. Доколку сакате да ја погледнете и третата приказна, ако ја немате веќе гледано, гледајте го филмот Fallen Angels (1995).

10/10

Дали сака ананас, еј. Кој пик ап лајн, цар! <3
Нели! I would so fall on that.. :love:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom