Пак е помало зло од влажниот сон на Перез и компанија.
Со суперлигата тимови како Шериф нема да имаат шанса да го победат Реал на Бернабе.
Затворена лига од типот на американските франшизи е глупост невидена, нема место за такво нешто во фудбалот.
Барса се задужени до гуша и не можат да искочат од калта? Ме боли таквото искрено, нов клуб ќе се издигне на нивно место. Арсенал не може Топ 10 да фати? Е ако де има и други тимови.
Нема потреба од вештачко одржување на одредени клубови на врвот само затоа што имале одреден успех во последните 10-20 па и 30+ години.
Реално и многу НБА екипи би отишле у неповрат да не им е таква лигата со франшизи. Многу нови екипи би влагале, би било исто како во ПЛ на пример. Еден гигант потонува, друг се издига, една екипа си иде од лигата, друга доаѓа итн.
Вака ако НБА екипа нема шанса за прстен, тогаш комотно и да си ги изгуби сите утакмици и да служи како тренинг екипа пак следна година ќе си лапа огромни пари и ќе може да трејда играчи, зима драфтови и да се издигне или во најмала рака да опстојува во НБА и да лапа пари годишно.
Очигледно е дека на големиве клубови тоа им е цел. Небитно од тоа каков тим имаш, како играш и како си на табела пак следна година да си во истото најелитно друштво и да не се плашиш дека нема да фатиш место за ЛШ и со тоа ќе изгубиш некој 100 милиони (карикирам). Или пак дека ако потонеш ко жетон нема да испаднеш од тоа друштво па со „ич пари“ да не можеш заради лоши потези да се вратиш на мапа.
Да, можеби за фановите ќе има на почеток доста поинтересни утакмици, во стилот цело време дерби, ама со тек на време ќе стане како НБА, каде што е уствари исто како и во Европа т.е далеку од тоа дека секоја утакмица е дерби и атрактивна/неизвесна.