Фан Клуб: Ливерпул

  • Креатор на темата Креатор на темата Ливерпул
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе ни биде нов капитен после продавањето на Хендерсон?


  • Вкупно гласачи
    100
И Џо Гомез и Матип се враќаат после повредите а Филипс одлично ја искористи шансата што му беше дадена во финишот на предходната сезона.Ќе биде интересно да се види како ќе се одвива стабилизирањето на одбраната во Ливерпул.
Јас би сакал да се проба формација со 3 штопери позади, Трент и Робертсон се многу добри напред и сигурен сум дека ќе бидат уште поопасни како крилни бекови.
 

Џерод БоУен едно од имињата поврзани летово, личи на тип на играч кој би можел да има успех под Клоп, барем по покажаното минатата сезона во Вест Хем. Дали ќе биди донесен тој, или било кој друг нов играч, се уште зависи од продавање на играчи најпрво.
 
абе ако не донесат нешо асално во средина со квалитет за стартни 11 отидовме и оваа сезона жив просек... и каков црн боуен... може за некој куп утакмица или за со небитни тимоој за последни 20 минута. Боуен им бил желбата. ок важи.
 
Стандардно тивко кај нас, ама да го одбележиме почетокот на сезоната.

Гостување кај Норич и очекувана победа, радува тоа што игравме добар фудбал, очигледно е дека физичката подготовка годинава е на добро ниво. Цимикас ме изненади пријатно, се надевам дека Робо нема предолго да отсуствува, ама сепак имаме достојна замена.

Конечно се врати и Ван Дајк, нешто шо го чекавме долго време, мислам дека уште некој период Матип ќе му биди друштво во одбраната, а едвај чекам да го видам Конате и како ќе делува заедно со Вирџил.

Во тимот не се инвестираше, барем не како шо инвестираат другите, ама сепак имаше добри чекори, ако се земи предвид дека клучни играчи добиваат нови долгорочни договори. Отсекогаш сме знаеле да извлечиме максимум со то шо го имаме, јас го делам мислењето дека стварно имаме добар тим, па можи да се речи и дека не беа потребни не знам колку засилувања. Конате е доволен да покрие назад, средината е добро пополнета, а во нападот имаме четворица кои безразлика кој е на теренот, функционираат одлично.

Чекам пак да го видам Тиаго на средина и како сето тоа ќе изгледа.
 
Нема повреди сеуште, затоа изгледа моќно. Затоа и нема потреба од нови трансфери.
 
Нема повреди сеуште, затоа изгледа моќно. Затоа и нема потреба од нови трансфери.
Робо.

Инаку добар старт, очекувам добра сезона и борба за титула.
Во таа борба Тиаго конечно треба да покаже нешто. Асистенции, посед, па и голови. До сега, од она што имаше можност да игра, мислам дека е малку.
Фабињо, Хендо и Тиаго би требало да се прв избор, ќе видиме дали ќе има и каков придонес..
Тимот е шампионски, делуваат гладно, господ да чува од повреди и вар да не ни вади душа за нокт или слично
 
Арни сме ко за тим без повреди, што мислите?
 
Со договорот на Робертсон, ја иаме закључено одбраната за долги години.

Трент - 2025
Ван Дајк - 2025
Конате - 2026
Робертсон - 2026
Фабињо - 2026
Алисон - 2027

Се осеќам сигурно и мирно као бебе, да се живи и здрави сите само.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom