Ретко а скоро воопшто и да не преигрувам игри по вторпат, но ова е исклучок.
Ма би се враќал секоја година и воопшто не би имал дул моменти. Ова ме храни, во ова уживам.
Баталив Odyssey за трета доза на среќа, бидеќи AC е pain in the fucking ass и ниедна не успевам да ја довршам докрај од што стануваат досадни
Ова не е само игра, ова е филозофија на живот, поим за релаксирање и покрај тоа што 30+ саати цел сетап е на ризик
Истиов период лани имав втор (декстерити) плејтру, ова е трет и за првпат меџик во ДС3.
Уште првиот пат многу ми се допадна како изгледа визуелно (а и како механика) кастингот во тројката за разлика од претходните два дела а поготово од двојката и знаев дека МОРАМ да пробам!
Интересно е што босовите кои лесно сум ги минел во претходните играња како male сега ми задаваат проблем. И обратно, босовите кои знаеја да бидат проблематични toe to toe сега со меџик ги бластам уште на капија
А знам дека како навлегувам подлабоко така билдов ќе ми станува сѐ попроблематичен, поради отпорноста на магии на ултимејт лордовите. Но нема прелоцирање на поени ко киска, одиме докрај со меџик, небитно e времетраење