Која е оваа Данела бе, и кај ги копаат овие ликови? Све што требаше е да го кандидираат Коце повторно и ќе ја прегазеше пијандурата што 4 години ги преседе у кафана. Вака фино глатко ќе си тепа и уште 4 години ќе го слушаме како блада за трамваји, тунели под Кале, зелени кровови и 50ки под ГТЦ.
Ама и друго не можевме да очекуваме од евнух како Мицковски вечен спаринг партнер на Заев и глумец на опозиционер.
Како од каде ги копаат. Образована во Англија, вратена назад директно на менаџерско/функционерско место во организација, секоја година нова измислена титула, проекти и реална работа нула. Втор ден на кандидатура одма слики со Гувернерката Катето како трчаат, обезбедување од Америчка амбасада.
Патем не знам дали знаете али медиумскиот простор за овие избори е поделен на три дела.
- Парламентарни партии со парламентарна група ( 4+ пратеника) = 90% од медииумското време, поделено 50/50 помешу власт и опозиција.
- Парламентарни партии без парламентарна група = 7% од медиумското време , поделено 50/50 помеѓу власт и опозиција. Иако за оваа група се квалифицираат само ДПА и Левица, им ги набутаа и БЕСА/ГРОМ/ЛДП/ДОМ/... и сега 8 партии треба да го делат времето.
- Независни кандидати = 3% од медиумската застапеност. Ова е поделено на 50 + дела ( за секоја независна кандидатура во државата) и дали ќе добијат по еден временски слот од 30 секунди на Собраниски и еден билборд право да имаат.
Данелчето е независен кандидат кој иде со свој број , различен од тој на ДПНЕ. Епа за нејзе правилото не важи, од ДИК одлучиле она да го добие времето на непостоечките кандидати од парламентарните партии со парламентарна група (ДПНЕ, АА) или поточно 45% од медиумската застапеност.
Па така Шилегов и Данелчето ќе имаат по 45% од медиумската застапеност. ЛДП/ДОМ и Левица по некој 3.5%, додека тие останатите независни сите заедно ќе делат 3%.
ДЕМОКРАТСКИ И ФЕР ИЗБОРИ.