Мал мозочен како последица на вчерашниот резултат
Благодарение на коментаров ова ми е последен пост на темава. Постои редит и има други места на кои може да се дискутира фудбал, форумов генерално и онака е у умирање.
Спомнав еднаш нешто за татко ми тука, али нејќев да навлагам поише пошто се лични ствари. Али пошто на идиоти ко тебе очигледно не им иде памет, ќе си пишам.
Дур глеав да се тргнам малце од домашните проблеми, и да дискутирам фудбал поопуштено тука, на многу постови и коментари добивав реплика од она потчовечконо суштество Стелт за „мозочен удар“. Пробав да го игнорирам, прво онака да ги рипнам репликите, па после и со ставањето на членот на игнор, пошто татко ми имаше три последователни мозочни удари добиено баш у тие 2-3 години, и последниот го дотепа и го стаи у гроб.
Дур ова се дешаваше, ги добивав гореспоменатите коментари, плус триста гнасни муабети на лично ниво за кои што не сакав никад да реагирам агресивно. Што отсекад ми беше фасцинантно. Ја јесда знам да провоцирам, али никад не сум се довел у позиција на тоа што некој ќе искоментира за Ливерпул, јас да му вратам на тоа со лични навреди. И отсекад ми било смешно како е можно да си толку прост, да не знаеш на провокација со фудбал да вратиш со друга провокација на фудбал, туку се спушташ на ниво на членот на лично ниво да го вреѓаш. Со години добивам вакви реплики на речиси све што ќе пишам, јас за фудбал - они за мене, јас за фудбал - они за мене, и све така. Дури и онака на посериозни дискусии и коа сум си произнел најобично мислење генерално за фудбал, без никаква провокација, ми било враќано со навреди. Фасцинантно, стварно. Као, контроверзно ти е мислењето и сеа ќе те вреѓаме тебе пошто нема како поинаку да реплицираме.
Нејсе, пишав еднаш коментар, али изглеа не ви влезе у
мозок, такада све што преостанува е да ве баталам, чим ви се смешни мозочни удари и да вреѓате луѓе со кои што повеќето тука се имате и упознаено и сте глумеле пријателски настроени на тие средби. Поише ми е криво искрено што баш ваквиве што ги запознав се истите на кои овие ствари им се смешни. Па и да не сум ги запознал, 10 години сме тука и секојдневно пишуваме, сум се стекнал со некаква почит и сооднос со луѓево овдека. Затоа и го пишувам ова, иначе можев само зз да напраам. Океј, тоа, и да не има муабети дека ме снемало, исто као што ме снема баш коа пробував да ги решам домашните проблеми, и после коа се средија малку стварите и коа се вратив, за ова ми беше замерувано и на секој пост за тоа добивав реплики што ме потсеќаа на минати трауми и реални проблеми од кои пробував очајно да избегам. Фала ви многу за тоа дечки, стварно сте прави мужишта.
Така што, чим уште траат коментариве и се лајкани, исмевани, и истиот однос преовладува, доста ми беше искрено.
Поздрав и секое добро, се надевам ќе се оправите некад.