Наци државата која бришеше се пред себе пред 70 години сега повторно е на врвот. Тој џин е како мелница, му требаат се повеќе и повеќе луѓе за да врти моторот. За илустрација, МкД и БКинг ти се отскочна даска, а ако имаш две чисти во главата сфаќаш “колку е саат“ учиш јазик и се интегрираш до некои 2к-2.3к месечно со аусбилдунг или некаков тежок, но платен занаат. Балканот увек бил и ќе биде (како што е сега моменталната состојба) расадник на јаничари за нивната армија од економија. За да се смени тоа ви треба некој балкански Ердоган со три пара јајца, а сеа за сеа имаш бледи копии на Бојко насекаде низ територијава.
На пример: си завршил некој факс кај шо у МК имаш 500 евра плата, системот “те ебе“, немаш стамбено прашање, а половната голф 5-ка ти делка од платата секој месец за делови. Да земеш тука кредит со 500 евра ќе ти требаат мин 20 години на тебе и жена ти да средиш едно станче од 5-60 м2. Е сеа, швабо вика, дој кај мене, преквалификувај се, и живеј мирно до пензија (ако ја дочекаш, а ќе ја дочекаш ако си паметен да се средиш у 3-5 години таму, што значи да бегаш од работните места на МкД, БКинг и ДХЛ).
Тука изборот на просечниот македонец му паѓа на: all in за интеграција во германскиот систем и ако имаш две чисти можеш, едноставно е, се претвораш во робот и си го тераш филмот у наредни 5 години (човек на све се навикнува така што ќе се навикнеш и ти) или да идиш таму да се задоволиш со 1300 евра и да викаш “леле колку е чист германскиот воздух, а имаат и возови за транспорт“.
Се е индивидуално, исто ко у МК само што тука нема чист воздух, гори модуларна, струмички магариња водат држава, зимно време покрај дрва се горат гуми, платна и слично, пожари ти спасуваат австријци и словенци, а за земената држава од пред 20 години муабет не ми се прави, пошо она одамна е одземена, не од сеа (читај уназад 5-600 години).
И кога ќе ги сфатите овие работи ќе си речите, место Касандра од пред 25 или турскиве од пред 10, требаше да ни пуштат германски серии со превод (пошо Жугич коа плака у надсинхронизација таша*иве ми се ежат), пошо интеграцијава нема да ја правиме во Шпанија, ни па во Турција....до сеа ќе имавте Б1 мин
П.С Што ве чека на работа (не е страшно) погледнете Galileo на YOUTUBE, имаат “пералница“ за тоа какви им се работните места таму и што се треба да правите... не е страшно за 2к на месец да се работи у фабрика за коли и не е така лошо.