Цени на станови во Скопје? Колку се реални?

  • Креатор на темата Креатор на темата |Volkswagen|
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки совет за локација за стан? Планирам да го издавам па дали месечната кирија зависи од станот и/или локацијата.
Би сакал да купам минимум еднособен кој би бил погоден за брачен пар со мало дете.

Зависи мислам од локацијата и колку соби нудиш.
 
Што прајме сега?
Ќе глумиме лудило?
64b9bb587f28e160138f508e678a68f6.jpg

Sent from my LG-H872 using Tapatalk
 
Нормално, порано тука коштаа 650-700 еуро. Значи цените одат нагоре.
 
Што прајме сега?
Ќе глумиме лудило?
64b9bb587f28e160138f508e678a68f6.jpg

Sent from my LG-H872 using Tapatalk
80-100% заработка, ефтино земјиште, ефтини комуналии, типски проекти...... и Илинден! Ко воли нек изволи. За 150 евра+ имаш и Кисела Вода! Така да цената си е Ок. Плус што вика, цена во градба, ќе платите две години пред уселување, само на макета. Дури се сомневам дека и дупка за подруми има ископано. Сума сумарум со ваши пари ќе гради, на крај ќе ви опне провизија за бизнис планот од 80-100%
Ама да не ви е шубе, си има кој може да одгледува мара, кој да се занимава со градежништво. Ништо не е случајно на овој свет. Купувачот сам, ќе се окози, да си направи живеалиште по таа цена.
 
80-100% заработка, ефтино земјиште, ефтини комуналии, типски проекти...... и Илинден! Ко воли нек изволи. За 150 евра+ имаш и Кисела Вода! Така да цената си е Ок. Плус што вика, цена во градба, ќе платите две години пред уселување, само на макета. Дури се сомневам дека и дупка за подруми има ископано. Сума сумарум со ваши пари ќе гради, на крај ќе ви опне провизија за бизнис планот од 80-100%
Кисела Вода нова градба е 1050-1100, за 900 да најдеш нема шанси.
 
Кисела Вода нова градба е 1050-1100, за 900 да најдеш нема шанси.
Сега да не се убедуваме, пред година, јас достигнав цена од 890 евра м2, на отплата! Зависи од објектот, кој купува и од кого купува!
 
За обични луѓе тешко да се најде испод 1000. Во моментов мислам дека најдобра цена има кај зградите кај фон.
 
Во Илинден во градба 750че, браос :lolzz:

Пред некој ден ми спомнаа во Аеродром (Тобако 2 - поликлиника Јане Сандански) за некои станови им барале по 1400м2 :D

Дигна челикот на светско ниво и лоповиве ги дигнаа цените и на станови што беа изградени уште пред да почне короната.
 
Ништо чудно. Отворете огласи, многу тешко се наоѓа стан на убава локација. Сите што се продаваат се на поткровје. Ја веќе подолг период барам готов стан, и се вртат едно 4-5 исти со нереални цени. Мислам нема врска со челикот туку со побараувачката.
 
Јас пишав за ова пред 3-4 години имаше луѓе кои ми викаа дека цена ќе биде упола од тоа што е сега. Како и обично погодив кога се во прашање вакви работи. :)
 
Во Илинден во градба 750че, браос :lolzz:

Пред некој ден ми спомнаа во Аеродром (Тобако 2 - поликлиника Јане Сандански) за некои станови им барале по 1400м2 :D

Дигна челикот на светско ниво и лоповиве ги дигнаа цените и на станови што беа изградени уште пред да почне короната.
Пред 2 години еден другар уплати за стан во Илинден. 560 евра од м2 во градба.

1400 евра за м2 во Аеродром е лудило, всушност секаде 1400 евра е преголема цена ако освен не е некоја елитна со топ материјали или шо ти знам.
 
Цената на згради што сега се во градба ќе беше оправдано да биде покачена заради цената на материјалите (челикот и транспортот се поскапени драстично). Но, цената на згради што беа веќе изградени е чиста пљачка.

Пред неколку денови ме зачуди цената на стан во Битола, купиле роднини по 970 евра од м2.

Додека има купци нека пумпаат на цените, лично не би платил 1400 евра за м2 во Скопје и да ми се претураат.
 
Пред 2 години еден другар уплати за стан во Илинден. 560 евра од м2 во градба.

1400 евра за м2 во Аеродром е лудило, всушност секаде 1400 евра е преголема цена ако освен не е некоја елитна со топ материјали или шо ти знам.
1250 e во градба во порта супериум(уште се во темели). А ова е меѓу полошите локации во аеродром. Додади тука ако бил уреден, и ако купувачот бил очаен. Мада ко што глеам на огласи, тие што идат на 1300 стојат по неколку месеци.
Инаку во аеродром цената според мене ќе расте и понатака, бидејки нема каде да градат нови згради.
 
добро за цените дека одат нагоре скоро да сме сигурни т.с гледаме, друго нешто ме интересира што се случува со ќириите растат ли и тие или не?

доколку не тогаш можеби е подобро да плаќаш ќирија?

пр. 50*1400=70000 европски, ако ќиријата е 200 евра ќе треба 30 год. да се дојде на 0. и сето ова ако се плаќа во готово (друга е математиката кога ќе се стави и некоја камата на парите ако дремат во банка) за кредит не сакам да правам амортизационен план сигурно ќе се разочарам.

кое е вашето мислење за ова?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom