Здраво, заинтересирана сум за купување на стан во Скопје
барам да е двособен, околу 50 квадрати -+ не менува многу.. за населби Центар, Карпош, Тафталиџе, Капиштец, Козле, Аеродром..греење на парно, и да е вселив за брзо, до кај Јануари,Февруари... секакви информации тука или лична порака би биле добредојдени
да напоменам, побарав скоро секаде, преку Настел, Урбан гарден, Адора, Дабар, Голден арт, Саник, Елена Лука, Би холдинг, Порта, Фине, Капитол инженеринг, Хантерс, Луна, Тим инженеринг.. меѓутоа или воопшто немаа според тоа што барам, или па вселиви беа за година, две, во згради што веќе се градат.. некоја друга препорака, каде да барам? Или доколку знаете приватни лица што продаваат, уште поубаво.
Најдов 2,3 наместени станови во Џевахир, меѓутоа многу поделени мислења слушам за таму.. читав низ форумов, меѓутоа и некој друг доколку има лично искуство или слушнал од друг може да ми каже бидеќи ми е ептен итно и важно..
Фала ви однапред