Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Срање им е попустов на странава на Матица. Прво, класиците се по 120-130 на Академска на саем (кои традиционално имаат 20-30% на сите книги), тука се дупло поскапи! И второ, во книжарницата имаат попуст на сите книги 30%, а на странава не им се сите книги на попуст!

Си го докоплетирав Каризи. Ми останаа само уште Магор, Бегемот и евентуално Полица (имаат класици за 100че обично) да ги посетам...ако ме пуштат на Саем без сертификат.
 
Попрво би ги спалил Ѓурѓа со нивното безочно касапење капитални дела. Овие барем се хаслери што таргетираат клиенти што не гледаат проблем во тоа да се опишуваат себеси како книгохоличари. Мора од нешто да се плаќаат сметки. :ROFLMAO:
 
Ова не само што треба да се избегне, туку да се забрани и спали на клада!
Немој да те прочита некој од овие, ќе ти извади дијагноза дека си тешко наркоманишче и треба да се тегнеш по судови. :icon_lol:
 
Немој да те прочита некој од овие, ќе ти извади дијагноза дека си тешко наркоманишче и треба да се тегнеш по судови. :icon_lol:
Веќе ме исфрлија од групата кога пробав да ги пријавам за вознемирување. Ама дефинитивно ќе заработат граѓанска тужба, тоа што го видов без тужба не смее да помине!
Автоматски споено мислење:

Попрво би ги спалил Ѓурѓа со нивното безочно касапење капитални дела. Овие барем се хаслери што таргетираат клиенти што не гледаат проблем во тоа да се опишуваат себеси како книгохоличари. Мора од нешто да се плаќаат сметки. :ROFLMAO:
Ѓурѓа барем не прават кривични дела. Овие - им посочуваат дека преводите им се лоши, тие место да се поправат, влегуваат во многу поголеми лајна од еден обичен лош превод. Драми беа тоа, што веројатно ќе завршат на суд, друг излез не гледам.
Автоматски споено мислење:

Еве, да видите дел од преводите од таканаречениот издавач (преземени од фејсбук):
FB_IMG_1630702866159.jpgFB_IMG_1630702863560.jpgFB_IMG_1630702861053.jpgFB_IMG_1630702858572.jpgFB_IMG_1630702856007.jpgFB_IMG_1630702853097.jpgFB_IMG_1630702850159.jpgFB_IMG_1630702844360.jpgFB_IMG_1630702847087.jpgFB_IMG_1630702841761.jpgFB_IMG_1630702839149.jpgFB_IMG_1630702836172.jpgFB_IMG_1630702833135.jpgFB_IMG_1630702829906.jpgFB_IMG_1630702825379.jpg
 
Последно уредено:
Не сум знаел за ова, додуша првпат слушам за издавачкава куќа. Таман се помирив со фактот дека некој со сета своја сериозност го користи зборот книгохоличар, сега морав и сликиве да ги посведочам.

На страна правописни грешки, цели страници треба да се потцртаат. Нема ниту една реченица што звучи барем малку природно, човечки.
 
Не сум знаел за ова, додуша првпат слушам за издавачкава куќа. Таман се помирив со фактот дека некој со сета своја сериозност го користи зборот книгохоличар, сега морав и сликиве да ги посведочам.

На страна правописни грешки, цели страници треба да се потцртаат. Нема ниту една реченица што звучи барем малку природно, човечки.
Сликиве се најмал проблем, туку на мислењето каде што беа споделени, се појавија неколку профили (претпоставувам повеќето лажни) на жени кои почнаа да обвинуваат дека „се водела организирана хајка против Книгохоличари - најдобрата издавачка куќа на светот“, па да фрлаат со дрвја и камења, да навредуваат, да колнат, што не. Нормално, админите на групата се што беше недолично, избришаа.

Неколку часа подоцна, на групата Книгохоличари се појавува мислење од еден од тие профилите, од наводна универзитетска професорка по философија, веројатно сопственичка на Книгохоличари, со фотографии од еден од администраторите кој им ги избришал мислењата, и со навреди од типот на тие кои @Saladin ги спомна погоре, дека лицето било наркоман, под тешки дроги, со триста клевети... а подоцна и класично вознемирување на секоја можна фотографија од админот, некои од нив објавени со години претходно. Класичен cyberbullying, демнење и вознемирување, кое админот рече дека ќе го пријави во МВР во сектор за компјутерски криминал и дека ќе поднесе граѓанска тужба за клевета.

За да се тргнат недоличните мислења од групата на Книгохоличари, пробавме да пријавиме на facebook , на што, кога дознаа, веднаш не исфрлија од групата. Да не знаеш дали да плачеш или да се смееш.
 
Имаат црно на бело, нема хајка, башка има и други печатни грешки кои не се подвлечени.

Подобро ќе било да го повлекле изданието, да направат корекции и да го пуштат повторно во тираж. Срамота е да се пушти неквалитетен производ во обрт.

Кога имаше критики кон Култура, поради еден превод (мислам дека беше книга од Нора Робертс, не сум најсигурен), одма го повлекоа изданието, им ги вратија парите на луѓето односно им понудија замена на изданијата. Преводот им беше српско-македонски! Баш и онаа која била преведувач, а членува во групата, тогаш јавно се извини.

Се расправате со теткици. Мене една ми држеше предавање околу она што сум го пишувал, не смеело негативно да се критикуваат издавачите! Благодарност било тоа што преведувале! Логиката на Надин вришти. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom