Јас колку што знам нашиве биле заинтересирани, ама не и он, ваљда е договорен со некоја посилна европска екипа. Едно време се шпекулираше дека потпишува за Киелце, не знам што стана со тоа.
Од двомечов со Загреб, јасно е дека го имаме кренато нивото на игра во одбрана. Црнчугиве (пред се' Тото) ни се погодија за игра во одбрана, така што во овој дел од теренот, веројатно сме далеку посилни од лани кога само Калараш се мачеше. Веројатно тука доаѓа до израз и ефектот на Вујо.
Е нападот реално е голем проблем. Бајаги се мачиме и повторно доаѓа до израз немањето на среден бек - креативец. Имаме добра внатрешна линија, а нема кој да ја разигра. Гаџа се труди колку може и умее, веројатно вади максимум од себе. Гурбиндо досега е тотално разочарување, а и Кудуз игра променливо, иако на првиот натпревар се размава добри голчиња со шут од зглоб. Не е пробивен и му треба некој да му изгради позиција за шут. Во еден од последните напади имаше шанса да се пробие и да шутне, он тргна, па се премисли и направи чекори.