Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Зашто не се преоптоварени болниците?
Поздрав живот и вакцинација. Меѓутоа иако сите подржувате присилна вакцинација, не глеам некој посебно да се замара за поздравиот живот. Пример,знаеме дека дебелината е главен коморбидитет кај хоспитализираните.
Можеше да се стави задолжително слабеење, што смее да јадеме и тн, све тоа за да не се оптоварат болниците. Или нешто со воздухов да се напраеше. Сепак година ипол сме у пандемија.
 
Не ти е само репродуктивниот број проблем, туку тоа што опаѓа имунитетот. Треба во исто време да ги вакцинираш сите.
И мислам дека оваа мутација нема да е последна, по логиката на нештата до сеа ќе имаш уште некоја што ќе ти треба 115% вакцинирано население според пресметкава.
Мислам дека редно е да се прифати дека нема колективен имунитет, веројатно јасно им беше тоа у старт само мораше да не дриблаат 2 години. Остана уште 2-3 ца на форумот што го спомињаат и Венко филипче.

И Филипче станува анти ваксер, како @Bafra :D

Тој рече дека податоците покажуваат дека само 2 проценти од хоспитализираните од болеста се деца, а дека најмногу во болниците има пациенти на возраст од над 60 години кои најчесто имаат хронични срцеви или респираторни болести, дијабет или други заболувања кои се ризични од аспект на ковид-19.

На прашањето зошто меѓу починатите има и млади на возраст од дваесет или триесет години, Филипче рече дека младите најчесто на лекар одат кога навистина состојбата се влошила, а дека некои од нив во болница не се придржуваат до советите од лекарите, па посочи и на неодамнешен пример на младо лице кои ја напуштило болницата, за потоа состојбата да се влоши и во многу тешка состојба да биде примено во болница.


 
Ако донесат вирус авганистанциве ќе биде весело.
 
Поздрав живот и вакцинација. Меѓутоа иако сите подржувате присилна вакцинација, не глеам некој посебно да се замара за поздравиот живот. Пример,знаеме дека дебелината е главен коморбидитет кај хоспитализираните.
Можеше да се стави задолжително слабеење, што смее да јадеме и тн, све тоа за да не се оптоварат болниците. Или нешто со воздухов да се напраеше. Сепак година ипол сме у пандемија.
Фала

Може да му предложите на Филипче на вашите антиваксерски протести (може и е веќе предложено) да се забрани секаков вид на разболување, и да се натераат оние со дијабетес, канцер итн.. под итно да оздрават.

Исто така, може ќе го вратите времето па ете загадувањето од претходните 50 години ќе го решите и сите ние нема да бидеме потенцијални живи мртовци.

Може и ќе успеете да најдете нови лекари, или да ги вратите тие од Германија. Можеби.

Само оправдување, класично македонче.
 
Мислам дека имаше пишано дека не се регистрирани коморбилитети кај него.
Автоматски споено мислење:


Парите се во ефтините лекови. Најјаките фирми се тие што примарно прават парацетамоли, витамин ц и слични суплементи. На крајот секогаш и може да му се лупне каква сакаш цифра. Побарувачка има и ќе има колку сакаш.
Морам да те корегирам, извини.
Парите во фармацијата не лежат во ефтините лекови, туку во патентирани лекови со кои имаат монопол на пазарот. Сите познати и големи фармациски дивови се тоа што се, само поради откривањето на некој лек во некој момент, кој се патентира и заштитува за производство од просек 10 години. Во тој пероид само тие имаат право да го произведуваат и пласираат во цел свет со цена која тие сами ја одредуваат и обично е 10 пати поскапа од реалната. Затоа за секој лек имаш генеричко име кое е дадено од прозводителот кој го пронашол, а имаш и двеста варијанти на имиња од другите прозводители на истата хемиска формула. Апиринот е на Бајер и не може никој друг да го произведува под тоа име.
Алкалоид го има кафетин и го продава насекаде под тоа генеричко име, не смее никој друг да произведува и продава кафетин. До ден денес тоа му е главен адут кој го движи напред и го одделува од конкуренцијата.
Големите фармации имаат патентирани лекови за многу потешки болести, како рак, сида, склероза мултиплекс и многу други заболувања, од кои прават огромни пари.
 
Фала

Може да му предложите на Филипче на вашите антиваксерски протести (може и е веќе предложено) да се забрани секаков вид на разболување, и да се натераат оние со дијабетес, канцер итн.. под итно да оздрават.

Исто така, може ќе го вратите времето па ете загадувањето од претходните 50 години ќе го решите и сите ние нема да бидеме потенцијални живи мртовци.

Може и ќе успеете да најдете нови лекари, или да ги вратите тие од Германија. Можеби.

Само оправдување, класично македонче.
За тие со канцер короната е најмал проблем.
Сепак статистиката не лаже, најголем број од починатите ја имаа дебелината како комрбидитет. Они ги полнат болниците повеќе него слабите. За година ипол колку што ги чекавме вакцините, можеле да ослабат. Ако ослабеле, болниците ќе бидат помалце оптоварени, и за разлика од вакцните нема некој посебни нусефекти освен што си гладен.
Значи по методата со вакциниве, може да се почне кој има над 30% боди фет да не може да иде у кафич, кафана и тн. Нема смисла ја слаб и вакциниран да немам кревет зашто некој јадел прекоумерено. Ако се прави тријажа вакциниран/невакциниран треба и на ова да се размисли. Сваќаш колку небулозно звучи да наметнуваш нешто за туѓо здравје?
 
И Филипче станува анти ваксер, како @Bafra :D

Тој рече дека податоците покажуваат дека само 2 проценти од хоспитализираните од болеста се деца, а дека најмногу во болниците има пациенти на возраст од над 60 години кои најчесто имаат хронични срцеви или респираторни болести, дијабет или други заболувања кои се ризични од аспект на ковид-19.

На прашањето зошто меѓу починатите има и млади на возраст од дваесет или триесет години, Филипче рече дека младите најчесто на лекар одат кога навистина состојбата се влошила, а дека некои од нив во болница не се придржуваат до советите од лекарите, па посочи и на неодамнешен пример на младо лице кои ја напуштило болницата, за потоа состојбата да се влоши и во многу тешка состојба да биде примено во болница.




Оти бе ја антиваксер :D ... ја бев исклучиво против мерките. Само зашто кога имавме и имаме по 1000+ позитивни немаше полициски часови од 16ч па до 05, или од петок до понеделник. Ај што не ни опна викенд блокади, па и границите ги остави слободни за влез.

Или нешто со воздухов да се напраеше.

Па направија, им забранија на Дрисла да примаат опасен отпад. Инспекцијата претходно констатирала дека во Дрисла се носел опасен отпад и иако немале соодветна печка за да го топат, го примале и го гореле.

Секако одговорност што со години се горел опасен отпад НЕМА, народ си ќути и си умира. Доколку беше некоја приватна фирма е тогаш друга е прикаската.
 
За тие со канцер короната е најмал проблем.
Сепак статистиката не лаже, најголем број од починатите ја имаа дебелината како комрбидитет. Они ги полнат болниците повеќе него слабите. За година ипол колку што ги чекавме вакцините, можеле да ослабат. Ако ослабеле, болниците ќе бидат помалце оптоварени, и за разлика од вакцните нема некој посебни нусефекти освен што си гладен.
Значи по методата со вакциниве, може да се почне кој има над 30% боди фет да не може да иде у кафич, кафана и тн. Нема смисла ја слаб и вакциниран да немам кревет зашто некој јадел прекоумерено. Ако се прави тријажа вакциниран/невакциниран треба и на ова да се размисли. Сваќаш колку небулозно звучи да наметнуваш нешто за туѓо здравје?
Ќе дадеш нешто бројки за ова, работиш на Инфективна или од памет ќе трескаме работи?
 
Ќе дадеш нешто бројки за ова, работиш на Инфективна или од памет ќе трескаме работи?
Не е проблем, ги немам студиите при рака сеа али памтам што сум прочитал.


Има на повеќе места вакви информации, а и како не си запамтил од секоја конференција на филипче. Значи треба некако да се таргетираат дебеливе, и за нивно добро а и за нас да има кревет.

Едит. Еве ти боље график https://www.dovepress.com/cr_data/article_fulltext/s287000/287779/img/DMSO_A_287779_O_F0001g.jpg
 
Последно уредено:
Е ова е проваксерската наука во моментов. Погледнете колку аргументи има. Очај....
Џое е Ајнштајн за оваа, но и за повеќето "научници".

Dr. Rhonda Patrick, PhD, is an American biochemist who has done extensive research on aging, cancer, and nutrition. Her groundbreaking work includes studies of how vitamin and mineral inadequacies impact metabolism, inflammation, DNA, and aging, and whether supplementation can reverse the damage.

 
Исфорсирано е малку. Уште една причина плус за глобални дискриминации и потенцирање на јазот меѓу сиромашниот народ (читај афричките земји) и богатиот народ.

Вакцинација и само вакцинација ќе ни помогне да ставиме крај на ова лудило, ама мислам дека акцентот треба да се стави на оние кои не примиле ниту една вакцина.
Дуру и да е 50% ефикасноста од вакцината, подобра е од никаква заштита (земете го примерот со вакцината на грип). Вакцините до сега се покажаа дека делуваат и на мутантите, можеби не во тој процент во кој нам ни беа претставени, ама тоа е логично и очекувано, со оглед на тоа што вирусот мутирал (а во таа вакцина се наоѓа токму таа основна варијанта на вирусот).

Кога ќе има доволен број вакцинирани, тогаш може да се разговара за трета доза, дали и колку има потреба од тоа и да се почне пак со одреден редослед (прво ризични категотрии). А зошто да не се размислува и во насока на преадаптирање на таа трета доза после извесно време, за да биде поефикасна за актуелните варијанти.

Треба да се стимулира вакцинација на оние што не се воопшто вакцинирани, но и да се даде простор за вакцинација на афричките земји. Се додека вирусот циркулира, се остава простор за нови мутации.
Се сложувам околу болдот, НО не со овие вакцини со кој и да си вакциниран ти пак можеш да фатиш ковид, да пренесеш ковид итн. плус додади тука и несакани ефекти.

ДА, кога ќе се пронајде вакцина што 99% те заштитува и не ти дозволува да фатиш Ковид, тогаш и само тогаш со масовна вакцинација ќе исчезне вирусот и ќе се вратиме во нормала. Вака само се иде на редовно боцкање од 2,3 па и 4 пати годишно без некоја реална заштита на глобално ниво.

Да, се сложувам дека не е логично да се збори за трета доза кога голем дел не е вакциниран ни со 1ва.

Не сум доволно упатен да зборам за мутации, но се сложувам дека веќе кога се иде со активно вакцинирање мора рамномерно цел свет да се имунизира, барем по некоја логика.


Ме интересира каде го гледаш ти крајот? Како завршува оваа епидемија?
Ако се водам по некоја моја логика, ни 100% вакцинираност во светот нема да направи вирусов да исчезне. Вакцината не ти дава никаква гаранција од заболување или не дај боже фатални последици. Од друга страна па и имунитетот од вакцината колку долго трае? Самата заштита од примената доза има свој рок на траење, на страна нејзината ефикасност.
Дали крајот го гледаме после неколку години, 10тици бранови и конечно измислување на 90%+ ефикасна вакцина која што нема да ти дозволи да се заразиш со Ковид? Или пак крајот го гледаме во глобална имунизација и прераснување на вирусов во секојдневие, поточно еден вид на „сезонски грип“ каде што како и до сега за сезонскиот грип се вакцинира кој сака, по своја воља и тоа е тоа? Пошто де фатко на еден или друг начин сите ќе имаме некој имунитет створено, дали со или без вакцина. Па вакцината ќе се гледа само како подобрување на имунитетот и некоја си дополнителна, превентивна мерка/заштита?

Според мене џабе е форсирање за имунизација со вакцина и сите мерки дадени. Кога само се „санира“ проблемот на многу краток период. Логиката во мерките не можам да ја најдам никаде, особено тие забрани за невакцинираните да идат во молови, по кафичи или останати хепенинзи.
Ако персона Х како вакцинирана може да се зарази и да пренесе на особа Y како вакцинирана единка, тогаш зашто посебните мерки само особите X и Y да можат да пијат кафе или да шетаат во Мол а особата Z како невакцинирана да не може да го прави истото? Кога факт е дека единствената разлика помеѓу особите X, Y и Z е тоа што X и Y имаат дополнителна заштита и при евентуално заразување би требало да поминат полесно од особа Z. Иако тука акцент се става на тоа Би Требало. Секако јасно ни е дека различно си работи вирусот кај секоја единка и различни последици има.

Исто ме интересира и зашто не се работи на големо на пронаоѓање на ЛЕК а не вакцина? Дали би било тоа инекција, дали би биле таблети не е битно.

Како и да е, вакцината е добра за да се заштитиш колку толку од вирусот. Но далеку е од доволна за да те заштити и да те врати во нормала, т.е за да би била некој битен фактор. Самите мерки ми се ептен глупи, особено тука во Македонија. Немам никаков проблем ниту со вакцините, ниту со ваксерите/анти ваксерите, но имам проблем со сите овие поделби и услови што ги поставува државата без никаква логика. :)
 
Дека на Флорида беше поснопица. Еве го сега демократскиот Орегон. Следи Њујорк.
Ах која иронија. Демокративе го бранат Орегон, не било страшно.

 
За 3-та доза вакцини има пријавувања или уште не се знае?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom