Исфорсирано е малку. Уште една причина плус за глобални дискриминации и потенцирање на јазот меѓу сиромашниот народ (читај афричките земји) и богатиот народ.
Вакцинација и само вакцинација ќе ни помогне да ставиме крај на ова лудило, ама мислам дека акцентот треба да се стави на оние кои не примиле ниту една вакцина.
Дуру и да е 50% ефикасноста од вакцината, подобра е од никаква заштита (земете го примерот со вакцината на грип). Вакцините до сега се покажаа дека делуваат и на мутантите, можеби не во тој процент во кој нам ни беа претставени, ама тоа е логично и очекувано, со оглед на тоа што вирусот мутирал (а во таа вакцина се наоѓа токму таа основна варијанта на вирусот).
Кога ќе има доволен број вакцинирани, тогаш може да се разговара за трета доза, дали и колку има потреба од тоа и да се почне пак со одреден редослед (прво ризични категотрии). А зошто да не се размислува и во насока на преадаптирање на таа трета доза после извесно време, за да биде поефикасна за актуелните варијанти.
Треба да се стимулира вакцинација на оние што не се воопшто вакцинирани, но и да се даде простор за вакцинација на афричките земји. Се додека вирусот циркулира, се остава простор за нови мутации.
Се сложувам околу болдот, НО не со овие вакцини со кој и да си вакциниран ти пак можеш да фатиш ковид, да пренесеш ковид итн. плус додади тука и несакани ефекти.
ДА, кога ќе се пронајде вакцина што 99% те заштитува и не ти дозволува да фатиш Ковид, тогаш и само тогаш со масовна вакцинација ќе исчезне вирусот и ќе се вратиме во нормала. Вака само се иде на редовно боцкање од 2,3 па и 4 пати годишно без некоја реална заштита на глобално ниво.
Да, се сложувам дека не е логично да се збори за трета доза кога голем дел не е вакциниран ни со 1ва.
Не сум доволно упатен да зборам за мутации, но се сложувам дека веќе кога се иде со активно вакцинирање мора рамномерно цел свет да се имунизира, барем по некоја логика.
Ме интересира каде го гледаш ти крајот? Како завршува оваа епидемија?
Ако се водам по некоја моја логика, ни 100% вакцинираност во светот нема да направи вирусов да исчезне. Вакцината не ти дава никаква гаранција од заболување или не дај боже фатални последици. Од друга страна па и имунитетот од вакцината колку долго трае? Самата заштита од примената доза има свој рок на траење, на страна нејзината ефикасност.
Дали крајот го гледаме после неколку години, 10тици бранови и конечно измислување на 90%+ ефикасна вакцина која што нема да ти дозволи да се заразиш со Ковид? Или пак крајот го гледаме во глобална имунизација и прераснување на вирусов во секојдневие, поточно еден вид на „сезонски грип“ каде што како и до сега за сезонскиот грип се вакцинира кој сака, по своја воља и тоа е тоа? Пошто де фатко на еден или друг начин сите ќе имаме некој имунитет створено, дали со или без вакцина. Па вакцината ќе се гледа само како подобрување на имунитетот и некоја си дополнителна, превентивна мерка/заштита?
Според мене џабе е форсирање за имунизација со вакцина и сите мерки дадени. Кога само се „санира“ проблемот на многу краток период. Логиката во мерките не можам да ја најдам никаде, особено тие забрани за невакцинираните да идат во молови, по кафичи или останати хепенинзи.
Ако персона Х како вакцинирана може да се зарази и да пренесе на особа Y како вакцинирана единка, тогаш зашто посебните мерки само особите X и Y да можат да пијат кафе или да шетаат во Мол а особата Z како невакцинирана да не може да го прави истото? Кога факт е дека единствената разлика помеѓу особите X, Y и Z е тоа што X и Y имаат дополнителна заштита и при евентуално заразување би требало да поминат полесно од особа Z. Иако тука акцент се става на тоа Би Требало. Секако јасно ни е дека различно си работи вирусот кај секоја единка и различни последици има.
Исто ме интересира и зашто не се работи на големо на пронаоѓање на ЛЕК а не вакцина? Дали би било тоа инекција, дали би биле таблети не е битно.
Како и да е, вакцината е добра за да се заштитиш колку толку од вирусот. Но далеку е од доволна за да те заштити и да те врати во нормала, т.е за да би била некој битен фактор. Самите мерки ми се ептен глупи, особено тука во Македонија. Немам никаков проблем ниту со вакцините, ниту со ваксерите/анти ваксерите, но имам проблем со сите овие поделби и услови што ги поставува државата без никаква логика.
