- Член од
- 8 јануари 2013
- Мислења
- 5.128
- Поени од реакции
- 13.239
Имаше луѓе со секаква кондиција кои успеаа да стигнат до 15:00 часот во 2019 година, постари, помлади, поспори, побрзи. Нас ни се расипа автобусот и 2 часа изгубивме ко ништо и пак стигнавме еден саат пред 15 часот, без да брзаме, со спор пејс со муабет. Земи си доста храна ама немој да ти е тешка, гледај ранецот да ти е угоден, вода имаш на почетокот чешма после немаш така да носи си литро шишенце барем за да го полниш, во километража беше бајги околу 21км во двата правци ако добро памтам, ама скоро и да немаше нагорнини освен на почетокот и крајот, друго се беше рамно милина за качување. Пејсажите се феноменални, цвеќиња, полиња, карпи. Во 2018 или 2017 крш знам било времето со град, грмежи, ама ама 2019 беше идеално, пукаше сонце и ептен убаво искуство ми беше, веројатно и оваа година ќе одам.Нареден викенд, недела е традиционалното искачување на Кораб.
Со план и со мисла сум да одам, но би сакал мислење околу нивото на физичка кондиција и спрема која е потребна. Го прашувам бидејќи последниве 2 месеци, а и малку повеќе како главна активност ми е чашката ракија
Колку што прочитав од објавата до 15 часот и врвот се "затвара" за искачување, сите се должни да се вратат назад кон збирно место, на било кое место и да се од планината.
Ова малку ми прави терсен, али мислам дека во секој случај е океј.
Совети околу еnergy boost храна, загревање, некоја активност која би била од корист во следниве неколку дена.
Знам за @Almeida дека може да пише збор два на тематикава, но сигурен сум дека има и други.
Секоја помош е добредојдена.
Јади тестенини за енергија вечерта пред тргање, јади си проверена храна немој експерименти да не те скине стомак нешто мака да си видиш, удобни обувки планинарски кондури ако имаш, височки чорапи драј фит по можност, земи обавезно шушкавец за горе. И тоа е тоа, не е страшно ништо, далеку од некакви екстреми.