Планинарење

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
А да знаеш каков ебиветер е првиот човек на Хајкинг?Бетер од хирургот.Дај му една овца 100 ќе изгуби.2017 година планинар уредно му плати за тура на Кораб и требаше да го земе во Ѓорче.Човекот си остана да чека еден од двата автобуси кои веќе заминаа за Тетово.Кога му се јавил,овој како изгубен му рекол пошто го заборавил да се снајде за превоз со кола.Откако немало кола да го земе човекот се вратил дома и инсистирал веднаш на враќање парите да му ги врати за турата.Од срам изгубениов не излегол да му ги даде туку симнал друг човек од автобусот.А што е најинтересно претседателот во кола бил со уште две познати негови помошнички и замисли сите тројца заборавиле дека во Ѓорче треба да земат човек кој уредно си платил претходниот ден.
Имаше хајкинг поголеми бисери. Ги имаме коментирано наназад. Типчето што заглави на Стефани и го вадеше цела бригада спасувачи од провалиите им е врвот...ама ај, не се они темата.
Ова што кажува @Menethil е некаде на пола на вистината - некаде, некому, во караниците на фејсбук (кои се уште од летоска) му се испушти и спомна дека угостител стои позади целава прича, што има луѓе што ќе го протолкуваат како "еве тренд ќе стане, цвикери, шема, кафе", а не како "човеков барем со џогер ќе го помине подот да не дишеме ѓубре горе"....тоа е нашиов менталитет.
Домот ниту Бистра го има изградено, ниту е нивни. Имаат на своја страна ликови за кои "нема тема од која немаат познавање и нема тема за која немаат став", имаат по 100.000 фолоуери и ги потепаа луѓево со антикампања.
Водно има многу проблеми, ама многу, многу. Водно има ѓубре, ја има онаа кулана баталена, баталосана, шумата е нападната од гасеници, патеките се тотално небезбедни, летаат точаци меѓу пешаци, со гасоводот што никогаш не проработе ја испоуништија шумата, нови куќи и згради само се качуваат повисоко и повисоко...искрено, мене домот ми се одмили после изградбата на жичарата и сега таков хајп, трескање од земја. Порано одеа 100, 200 луѓе на врв за викенд. Домот имаше и смисла. Сега кога ќе ги видам во кожњаци, фармерки, штикли со нескафињата у рака....врска нема.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.306
Поени од реакции
4.567
Настрана од ова, видов на фб некој се жалеше, 100 пати споделен не ни памтам кој беше, бил на Килиманџаро и не добил помош ни од институција ни од компанија ни од матичен планинарски клуб. Ја не знам шо се замислуваат, не е дека рекорд некој постави ниту па те натера некој на сред пандемија да леташ до Африка, ај сите да донираме да се шетаат и да донесат јужноафрички сој
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Настрана од ова, видов на фб некој се жалеше, 100 пати споделен не ни памтам кој беше, бил на Килиманџаро и не добил помош ни од институција ни од компанија ни од матичен планинарски клуб. Ја не знам шо се замислуваат, не е дека рекорд некој постави ниту па те натера некој на сред пандемија да леташ до Африка, ај сите да донираме да се шетаат и да донесат јужноафрички сој
Да не е оваа шо лажираше Матерхорн соло? Нели она се спремаше со бивак на Шара?
...и што е Килиманџаро? Туризам? Да ми плати пливачка федерација бањање на Занзибар....глупости...
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.306
Поени од реакции
4.567
Да не е оваа шо лажираше Матерхорн соло? Нели она се спремаше со бивак на Шара?
...и што е Килиманџаро? Туризам? Да ми плати пливачка федерација бањање на Занзибар....глупости...
Стоицев
Читам со инвалидитет бил човекот, но помош за ова и да се лутиш и пишуваш статуси, не држи.
 
Член од
17 март 2014
Мислења
321
Поени од реакции
478
Кој е претседател на H2O,од кога е во Макпетрол бидејки и јас бев во Макпетрол пред да се ребрендира друштвото и каде беше пред да дојде во Макпетрол заедно со уште 5,6 души дали знаеш?
ОК, гледам самиот си одговори (не бев на нет ова време).

Преоѓање од клуб во клуб имало секогаш и секаде, па и во Макпетрол, не само од Хајкинг, туку и од други клубови (знам барем за тројца-четворица кои во Макпетрол дошле од други клубови). Макпетрол тогаш нудеше доста поволности.
Сепак да се каже дека некој дошле од Хајкинг и го пререгистрирале Макпетрол во Х2О е малку претерување.

На крај на краиштата, никој не потпишува за клуб и за тоа добива некој бонус, знам дека кога луѓето доаѓаа во Макпетрол добиваа некоја опрема на трајно користење (ситници да речам, гуртни, помошни јажиња и слично) и добро беа од почеток брендирани (јакни, маици и слично). Плус клубската опрема им е порпилично голема, така да за потреби на акции можат да се послужат со истата, плус клубот редовно организира обуки како за членовите, така и за останати заинтересирани (годинава прв пат пробаа да наплатат за зимската обука).

Не ги бранам, секој клуб си има предности и мани, па дури и за хејтаниот Хајкинг не може да не се каже дека имаат и дробри страни (и одличен маркетинг), затоа и постојат повеќе клубови и можност да се бира помеѓу нив. :)
Автоматски споено мислење:

Стоицев
Читам со инвалидитет бил човекот, но помош за ова и да се лутиш и пишуваш статуси, не држи.
Многу се жалат, проблем е што скоро никој од нив и не побарал помош од ФПСМ, а тоа се работи пред акцијата.
Инаку, лично и не сум да се дава помош секого, ФПСМ треба да плати акција доколку таа ја организира на државно ниво. Не може било кој да му текне некаде да оди и да бара помош од организацијата која воопшто пред тоа не ја прашал или контактирал за таа акција.
Автоматски споено мислење:

@Trpe Grozni мислам дека последните години Макпетрол спонзорираше една акција накај Куманово-Крива Паланка „по патот на гасоводот“ и тоа симболично, превоз, така нешто. Не знам од каде ти е тоа дека имале најмногу пари. Макпетрол организираше тури на Алпите, ама тоа секој си го плаќаше од сопствен џеб. Клубска опрема како јажиња, гпс-ови, станици купуваа од членарина. Тоа е до луѓето и домаќинлукот како се води.
Добиваа горишно пари на основ на поднесена програма за тековни акции и потребна опрема.
Проблем настана кога на спонзорот му беа поднесени докази дека програмата не се почитува и тоа од членови на клубот.
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Стоицев
Читам со инвалидитет бил човекот, но помош за ова и да се лутиш и пишуваш статуси, не држи.
Мене со тој лик не ми е многу јасно. Има некој многу, многу висок процент на слепило, а се качува на алпинистички врвови. Нешто јас не разбирам...

Ај не за него, еве за други што баш сега им е дојдено до шетање по аеродроми, авиони (освен луѓе ептен од зорт, шо одат на лекување исл.) - одат во Танзанија, држава која што е отворена само затоа што претседателот не признаваше дека постои корона (и почина пред некој ден). Во вакво вонредно време, кога не знаеме што не чека утре од аспект на егзистенција, да одам да барам пари од спонзори за „врвни планинарски подвизи“.....мислам, ало? Пријатели што многу добро си работеа, седат дома ради коронава, не работат, а овие бараат донации...без проблем ќе кажам дека е дегутантно, без осет и ич не ми е гајле дали е со инвалидитет или не е.
Автоматски споено мислење:

Добиваа горишно пари на основ на поднесена програма за тековни акции и потребна опрема.
Проблем настана кога на спонзорот му беа поднесени докази дека програмата не се почитува и тоа од членови на клубот.
Темава не е за политика и бизнис, па само кратко ќе ти одговорам. Макпетрол компанијата тера у многу, многу лоши води. Имаше пред нова година еден добро покриен политички настан, во кој на ѓутуре им беа исплатени преку 30 милиони евра за изведени работи на гасоводот....раководството е...подобро да не коментирам. Со други зборови, ги заболе многу за клубот....жалосно е што имаше огромна традиција и многу квалитетни луѓе од планинарски аспект. Етички и спортски прав пример за државава. Со свои пропусти секако, меѓутоа „Швајцарија“ за хајкинг и слични фушери.
 
Член од
24 август 2011
Мислења
105
Поени од реакции
35
Колку што знам. Домот федерација го давала под концесија. Али бистра не го одржувала и се отворило тендер за нов концрсионер. Во кој х2о дале најдобра понуда екс макпетрол друштво. Али бистра не сакала да го отстапи и се тоа оти што домот т.е. бистра зима мрсниии пари од антените. Околу 30000евра .

И сега пласираат невистини по медиуми.
Се е за пари лапање
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
4.964
Поени од реакции
5.822
Некој има порачувано од https://extrem.mk/?
Имаш телефон на сајтот и прашај кој е сопственик по име и презиме.Планинарска опрема во Велес пред да се појави оваа страна неколку години носеше Емил Смилев братот на познатиот Игор Смилев од еколошкото друштво Green Power.Ако истиве луѓе се сопственици тогаш слободно порачувај во спротивно не би ризикувал туку би отишол до Велес диектно кај нив.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Да се сјебе и тој малку ентузијазам што инцидентно се појавува и има потенцијал да воспостави некаков ред во ова подрачје. Не се работи само за планинари, туку и за луѓе што живеат во села, кои може да бидат завеани, зафатени од пожарна стихија, лизгање на земјиште...тоа е таа краткогледост и гној поради кој луѓе вадат карти во еден правец од оваа жабокречина.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/planinskata-spasitelna-sluzhba-e-potrebna-no-ne-najdovme-nachin-da-ja-finansirame-veli-gradskata-vlast-vo-ohrid/
 
A

Ali Pasha

Гостин
Да се сјебе и тој малку ентузијазам што инцидентно се појавува и има потенцијал да воспостави некаков ред во ова подрачје. Не се работи само за планинари, туку и за луѓе што живеат во села, кои може да бидат завеани, зафатени од пожарна стихија, лизгање на земјиште...тоа е таа краткогледост и гној поради кој луѓе вадат карти во еден правец од оваа жабокречина.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/planinskata-spasitelna-sluzhba-e-potrebna-no-ne-najdovme-nachin-da-ja-finansirame-veli-gradskata-vlast-vo-ohrid/
Стварно срамно од локалните власти, а многу добра екипа се Антонио и дружината, воглавном со донации, направија многу модерна спасителна служба што ги надминува очекувањата.
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
380
Поени од реакции
486
Оваа година повторно ќе се одржува забава на Бегово Поле од страна на планинарскиот дом Караџица, во план е тура од преслап или рибник до домот потоа до бегово поле организирано со превоз и водичи, подетални информации би требало да има на фб страната.

Датум 26 Јуни сабота.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.128
Поени од реакции
13.239
Реакција на албанците од село Бозовце во врска со паркираните автомобили на планинарите од I Love Hiking додека кампувале на Долна Лешница:https://www.facebook.com/media/set/?set=a.3010575969161749&type=3
Ова може да се анализира од 2 страни.

Прво многу е рендом и неосновано бунењево дека планинарското друштво во објавите не пишале благодарност до луѓето што ги изградиле дрвените мостови. Кога правиш работа како дрвен мост, ја правиш од душа, да може секој да има пријатно поминување на реката независно дали е Македонец, Албанец или Германец, не го правиш за да очекуваш благодарност ниту па твое име да се спомнува некаде, не е ова тендер. Исто е и со луѓето што ги направиле тие дрвените пополнети мостови на почеток на Водно, за да нема одрони и нерамен пат после секое врнење дожд, туку да е патот прав и угоден за сите, ретко кој ги знае тие луѓе, а го направиле за доброто на сите, не за благодарност во постови од некој.

Од друга страна, друштвово е профитерски настроено и гледа без никакви издатоци да помине секоја тура. Тури што им биле 300 денари кога оделе 20 луѓе на нив, сега се 600 денари кога одат 100 луѓе на нив, не може да се прави само профит и да очекуваш дека никогаш нема да има издатоци што не се трошокот за возач, автобус. Не е коректно ако паркирале на приватни земјишта без дозвола од сопственициве (ако навистина таков бил случајот), треба да им се побара дозвола на луѓето и да се плати за истата. На никој нема да му е сеедно да гледа како некој си прави пари со носење планинари и паркирање неовластено на твои места и овој процес да траел континуирано.
 
Член од
20 јануари 2021
Мислења
406
Поени од реакции
4.470
Нареден викенд, недела е традиционалното искачување на Кораб.
Со план и со мисла сум да одам, но би сакал мислење околу нивото на физичка кондиција и спрема која е потребна. Го прашувам бидејќи последниве 2 месеци, а и малку повеќе како главна активност ми е чашката ракија :toe:
Колку што прочитав од објавата до 15 часот и врвот се "затвара" за искачување, сите се должни да се вратат назад кон збирно место, на било кое место и да се од планината.
Ова малку ми прави терсен, али мислам дека во секој случај е океј.
Совети околу еnergy boost храна, загревање, некоја активност која би била од корист во следниве неколку дена.
Знам за @Almeida дека може да пише збор два на тематикава, но сигурен сум дека има и други.
Секоја помош е добредојдена.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom